- Член од
- 12 јуни 2008
- Мислења
- 170
- Поени од реакции
- 3
СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИК ШТО ГО ЗБОРУВААТ НАЈМАЛКУ 20 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ
- Македонското Собрание во рамките на 16-тата седница со Бадентерово мнозинство, односно 75 гласа „за“ од вкупниот број пратеници и 24 гласа „за“ од заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија го донесе Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните во Македонија и во единиците на локалната самоуправа.
Со вој Закон, предложен да се донесе по итна постапка од пратениците од редовите на ДУИ, се регулира употребата на албанскиот јазик.
Со 77 гласа „за“ и 23 гласа „за“ од заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, Собранието го донесе и Законот за изменување на Законот за територијална организација на локалната самоуправа на Република Македонија.
Со измените општините Другово, Зајас и Вранештица, кои според постојниот закон годинава требаше да се приклучат кон општина Кичево, ќе останат самостојно да функицонираат до 2012 година по што ќе и се приклучат на општина Кичево.
Поради немање доволен број пратеници за гласање за Предлогот за донесување по итна постапка на законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, за чие носење е потребно двотретинско и Бадентерово мнозинство претседателот на Собранието Трајко Велјановски ја прекина 16-тата седница и за денеска во 18:30 часот го закажа прдолжението на 14-тата седница.
http://sitel.com.mk/?ItemID=53870BEAC18FE24AAD787D53796DE7E8
Ajde airlia neka e