Лазаров е најдобар стрелец во историјата на СП но со најлош процент на шут во историјата нa светските првенства нешто како Sakil O'Nil
Господ здравје да му даде на тој што те банираше, кој ќе ги слушаше овие глупости за време на првенството кога бевме и троа нервозни.
Сега пошто сме сите ОК можеш да везеш, ама да ти кажам дека додека те немаше ние овде со нашето скромни познавања увидовме дека:
1. Лазаров имаше одличен процент на реализација на почетокот.
2. Тоа го увидоа противниците и ја сменија играта против него.
3. Тоа и понатаму не му пречеше за да им ги полни мрежите.
Во втората фаза, процентот на реализација опадна од 2 причини:
1. Останатите играчи беа нерешителни во ударите на гол, не го користеа просторот кој им го отвараше со тоа што навлекуваше по двајца на себе, па Кире мораше да упатува удари од тешки и неизградени позиции. Некој мора да ја преземе одговорноста кога не оди а затоа тука е капитенот.
2. Во втората фаза играше по 60 минути, и одбрана и напад, со што доаѓа до замор, паѓа концентрацијата итн...итн...
Кој се занимава со спорт знае како одат овие работи.
Уште еднаш, голема благодарност до админите и добредојде назад! :smir: