СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не се залетувајте да не бидете разочарани после.

Нашите едвај се движат веќе. Неколку играчи не играат поради повреда, неколку влечат повреди, неколку немаат скоро ич играно на првенството, а неколку не заслужуваат да играат. Се на се, верувам дека и тие едвај чекаат да се вратат дома. На вака уморна и истрошена репрезентација не би се кладел, иако ја сакам од срце и секогаш потајно се надевам на успех.

Но не е се само до нашата репрезентација. Ги гледав и Корејците малку. Ме воодушевија на отворањето кога Хрватска им се извлече. Единствени се што им дадоа отпор на Хрватите, изгубија со гол разлика. Потоа ја исфрлија големата Шпанија која дојде со амбиции за медал. Имаат многу брзи и технички спремни играчи. Постигнуваат атрактивни голови, често изведуваат цепелини и акции сработени на тренинг. Имаат одлична контра, што е многу лошо затоа што многу топки продаваме во напад. Незнам како стојат моментално со повреди и со замор, или колку играчи им се подготвени за борба. Но со нив ќе биде многу тешко.

Уште еднаш, се надевам на успех, ама само заради тоа што игра нашата репрезентација, т.е. пристрасен сум. Објективно, во вакви услови, ќе бидам изненаден и многу среќен ако победиме.
 
Овој мислам дека има дадено 84 а кире има 75 некаде.(мислам)

86 има дадено Кореецот, а Кире има 77.
Значи, 9 за да го израмни рекордот, а 10 за да го надмини.
 
Барем и ние во нешто ќе бидеме познати дека најдобар стрелац бил македонец.:vozbud::vozbud:
 
Овој мислам дека има дадено 84 а кире има 75 некаде.(мислам)
Јас не мислам, тој има дадено 86, а Кире досега има дадено 77. Ама сигурно постгнува неколку голови повеќе од 10, јас типувам на 13 :)

Барем и ние во нешто ќе бидеме познати дека најдобар стрелац бил македонец.:vozbud::vozbud:
Нема да биде прв пат.
Кастратовиќ беше на СП 1997 :)
 
Па да, со девет се изедначува, ама јас мислам дека ќе даде многу повеќе од 9. Ќе постигне нешто што нема да можат да го стигнат ни во наредните 50 години.
Интересно е што треба да ги даде точно против Кореја и да сруши рекорд кој што покрај тоа што е сопственост на играчот, е сопственост и на Кореја.
Сакам да кажам то жутите ќе го чуваат на мртво само и само да не им даде 9 гола.
 
Не се залетувајте да не бидете разочарани после.

Нашите едвај се движат веќе. Неколку играчи не играат поради повреда, неколку влечат повреди, неколку немаат скоро ич играно на првенството, а неколку не заслужуваат да играат. Се на се, верувам дека и тие едвај чекаат да се вратат дома. На вака уморна и истрошена репрезентација не би се кладел, иако ја сакам од срце и секогаш потајно се надевам на успех.

Но не е се само до нашата репрезентација. Ги гледав и Корејците малку. Ме воодушевија на отворањето кога Хрватска им се извлече. Единствени се што им дадоа отпор на Хрватите, изгубија со гол разлика. Потоа ја исфрлија големата Шпанија која дојде со амбиции за медал. Имаат многу брзи и технички спремни играчи. Постигнуваат атрактивни голови, често изведуваат цепелини и акции сработени на тренинг. Имаат одлична контра, што е многу лошо затоа што многу топки продаваме во напад. Незнам како стојат моментално со повреди и со замор, или колку играчи им се подготвени за борба. Но со нив ќе биде многу тешко.

Уште еднаш, се надевам на успех, ама само заради тоа што игра нашата репрезентација, т.е. пристрасен сум. Објективно, во вакви услови, ќе бидам изненаден и многу среќен ако победиме.
Токму тоа и јас сакав да им го кажам да не се разочарат пак, бевме убедени и со Србија дека ќе победиме па видовте што се деси.
Моментално не сме у форма имаме доста повредени играчи заморот си го прави своето и во серија сме 3 изгубени по ред а Корејците не се толку слаби како што ги правиме :).
Инаку Кире ако го чуват добро ќе даде најмногу 6-7 гола ако му се даде малку слобода ќе ги растури и ќе го сруши рекордот:)
 
Интересно е што треба да ги даде точно против Кореја и да сруши рекорд кој што покрај тоа што е сопственост на играчот, е сопственост и на Кореја.
Сакам да кажам то жутите ќе го чуваат на мртво само и само да не им даде 9 гола.

Ќе ни направат 5 пенали ако ги даде тие уште 5 од игра и еве.:wink:
 
Аман бе луѓе нели ги читате постовите претходни или само на последната страница читате, Колку та колку гола имал Кире, уште колку му требале. :tapp:
Па досадни сте со виа прашања, вратете неколку страни назад и за се има одговор. Човек и да сака да слушне некоја друга информација, нема да може од вас:pos2: Малку бидете по снаодливи.
 
туууууууу..не отидоа германците ,јас после македонија бев за нив...!!!
 
Аман бе луѓе нели ги читате постовите претходни или само на последната страница читате, Колку та колку гола имал Кире, уште колку му требале. :tapp:
Па досадни сте со виа прашања, вратете неколку страни назад и за се има одговор. Човек и да сака да слушне некоја друга информација, нема да може од вас:pos2: Малку бидете по снаодливи.

Welcome to kajgana. :D

Честитки за победата на Хрватите.
Хрватска je првак свијета...
 
Ќе ни направат 5 пенали ако ги даде тие уште 5 од игра и еве.:wink:
Со најдобра одбрана ќе можат да го задржат на најмалце 9 голови.
Ама мислам дека Кире овојпат нема така лесно да се предаде, ќе ги збрише на Корејците и самиот знае колкав успех ќе постигне ако го собори рекордот стар 14 години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom