СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Jas nemozam da begam majkami e profersorka ce ikazat ce me ubie ama umrev da go gledam natprevarot...so da praam.!!!!!!!!!!!!!!!!!!>?>??????????:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Jas nemozam da begam majkami e profersorka ce ikazat ce me ubie ama umrev da go gledam natprevarot...so da praam.!!!!!!!!!!!!!!!!!!>?>??????????:vozbud::vozbud::vozbud:

Бегај.Ќе ја трпиш мајка ти, ќе повика.А пошто е во школо, ќе ти среди со неоправданите:)
 
Мора да победиме денес !!!

Среќа што изгубивме од Тунис , ни дојде памет за другите натпревари. Ако поминеме понатаму и така немаше да ни биде во корист победата од Тунис зошто нема да ни се сметаат тие бодови.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!:oeoeoe:

ОФ топик

Златен Е.Т.У.Ц !!!

Кога имаше натпревар репрезентација без разлика ракомет или фудбал мораа да не ослободат од часови барем ние што не бевме многу по учењето . Ако не сакаа си бегавме нормално и скоро никогаш не ни пишивуваа неоправдани.
 
Jas nemozam da begam majkami e profersorka ce ikazat ce me ubie ama umrev da go gledam natprevarot...so da praam.!!!!!!!!!!!!!!!!!!>?>??????????:vozbud::vozbud::vozbud:
Ако ти е прв или меѓу првите изостаноци лесно ќе поминеш:)
Кажи само дека Македонија игра на СВЕТСКО после 10години и сакаш да ги гледаш! Ќе вика Професорката твоја некои 10мин ама ќе те сфати и ќе попушти:vozbud:
п.с.:salut:
 
штета денес сум ноќна смена и ќе можам да го гледам само првотот полувреме пошто ми е далеку работата но сепак ќе слушам на радио,а за утакмицата па ја би рекол нерешено ја типувам а нашите нека ме изненадат па нека победат :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
jas deneska samo ova ke go napisam...sto bi rekla hrvatskata rakometna himna!:)

NEKA PATI KOME SMETA....DOBICEMO PRVAK SVETA!!!!

Napred Makedonija....
 
Вечер или ќе има кршење и нервози или потење и копкање до бескрај.Ако има бим уште пубаво на плоштад само второ и ќе го глеам.Се надевам се охрабрија нашиве после завчерашната победа над светскиот вицепрвак и уште да го тепаме светскиот ќе бидат најголеми фраери нашиве на цело светско и ем ќе бидат барани од многу европски клубови.Значи вечер верувам дека ќе тепаме имаме желба и мотив уште и среќа да маме и судиите да се наклонети барем денес на нас и да проработи Кире Лазаров како со Полска зошто не би ги тепале.
Ќе видиме не можам да дочекам да почне.
 
кажете ве молам кој организира најефтин превоз во еден праве о вараждин , само превоз ....
 
Ете дојде денот да играме и со германија, ариевска нација која се бори до последна секунда и и затоа ќе биде многу тешко на денешниов натпревар. Имаат многу јак напаѓач хајнце кој е висок и шутира од далеку а исто така имаат и висок пикер кој дава голови од 6 метри. А де не ги заборавиме и голманите кои се по два метра високи.
 
Што е работава со мојсовски?
воделе хрватите статистика и тој бил трет играч на цел турнир со најмногу изгубени топки!
Да се надеваме дека ќе се присобере малку за денеска и за со русија....!

Просекот си го има подигнато во мечот со Тунис после одигра одлично. Има и премногу дуели, на мечот со Полска изеде убедливо најмногу ќотек, иако на Лазаров дресот му беше искинат на крај. Секогаш е во сендвич помеѓу 2-3 противнички играчи. Судиите исто му досудија неколку непостоечки пробивања со Полска што исто веројатно се брои во изгубени топки.

Мојсоски е голем борец и посебно со Полска одигра фантастично. Знае да погоди секогаш кога ќе го затворат Лазаров што е исклучително важно, инаку со еден-два играчи на Кире би биле клинички мртви.

Се надевам дека и Раде Стојановиќ ќе се опорави затоа што ни е потребен уште еден бек-шутер. барем да може да одигра едно полувреме со Германија.

ЕДИТ:

Ете дојде денот да играме и со германија, ариевска нација која се бори до последна секунда и и затоа ќе биде многу тешко на денешниов натпревар. Имаат многу јак напаѓач хајнце кој е висок и шутира од далеку а исто така имаат и висок пикер кој дава голови од 6 метри. А де не ги заборавиме и голманите кои се по два метра високи.

Најмногу заради тебе сакам да ги плеснеме за да престанеш со тоа Ариевска нација :pos2:. И голманите им се досега најслаб дел од тимот.
 
Просекот си го има подигнато во мечот со Тунис после одигра одлично. Има и премногу дуели, на мечот со Полска изеде убедливо најмногу ќотек, иако на Лазаров дресот му беше искинат на крај. Секогаш е во сендвич помеѓу 2-3 противнички играчи. Судиите исто му досудија неколку непостоечки пробивања со Полска што исто веројатно се брои во изгубени топки.

Мојсоски е голем борец и посебно со Полска одигра фантастично. Знае да погоди секогаш кога ќе го затворат Лазаров што е исклучително важно, инаку со еден-два играчи на Кире би биле клинички мртви.

Се надевам дека и Раде Стојановиќ ќе се опорави затоа што ни е потребен уште еден бек-шутер. барем да може да одигра едно полувреме со Германија.

ЕДИТ:



Најмногу заради тебе сакам да ги плеснеме за да престанеш со тоа Ариевска нација :pos2:. И голманите им се досега најслаб дел од тимот.


Е сега ти како прв пат да ја запознаваш германија и како да не знаеш каков менталитет имаат и како играат во сите спортови до последна секунда.
 
Ракометот ги обедини „Комити“ и „Чкембари“


veselo.jpg
Неверојатно но вистинито. Навивачите на Вардар „Комити“ и битолските навивачи „Чкембари“ се обединија во Хрватска, на туѓ терен. Ракометот е причината за тоа и настапот на македонските ракометари на 21. Светско првенство, кое се одржува во Хрватска.

Дојдени во сопствена режија во Вараждин, каде што во првата фаза од шампионатот се натпреварува Македонија, во неделата вечер имаа обединување. Прво „Комитите“ се качија на бината и ги запеаја своите песни, а потоа му го отстапија микрофонот на водачот на „Чкембарите“, кој со гостите ја запеа „Битола, мој роден крај“. Едни на други си подадоа рака и се согласија дека овде, во Вараждин, се дојдени да ја бодрат националната репрезентација, а не своите тимови.

- Дојдени сме заедно сите да навиваме и да им дадеме поддршка на македонските ракометари. Тие ја претставуваат Македонија и ќе им помогнеме колку што е можно повеќе да извојуваат уште некоја победа на шампионатот - изјави „чкембарот“ Диме.

Иако „Комити“ и „Чкембари“ се најмногубројни, тие не заборавија да им се заблагодарат и на другите групи што се дојдени во Вараждин - „Пирати“, навивачите на ракометниот машки првак Металург, потоа „Вампири“ од Гостивар, на „Овчарите“ од Свети Николе, на навивачите од Куманово, од Штип, од Тетово...

Пепи Ренџов и „Мама бенд“ беа гости на штандот на „Алкалоид“ во Вараждин, единствениот од таков вид во Градот на барокот. Направија невидена забава под шаторот, на која, освен Македонци, имаше и Хрвати и Германци, кои дојдоа да се забавуваат во Вараждин.

Се свиреше блуз, рок, поп, се пееја македонски народни песни, ечеа навивачки химни, а во паузите диџеј ја догреваше и онака вжештената атмосфера, која подоцна премина во општонародно славење.

И ракометарите и стручниот штаб го посетија штандот на „Алкалоид“, но само за кратко, бидејќи мораа да се вратат во хотелот, на спиење. По улиците на Вараждин ги сретнавме македонските репрезентативци Владимир Темелков, Влатко Митков и Петре Ангелов како се враќаат во хотелот, но во друштво на двајца алжирски репрезентативци. Иако само неколку часа пред тоа Македонија го победи Алжир со 32-19, тоа не беше причини да не се дружат ракометарите на двете селекции.

Ангелов, кој веќе неколку сезони брани во Франција, е главниот преведувач во ова друштво, со оглед на тоа дека Алжирците зборуваат француски.




Навивачите се грееја со чаевите „гуд нејчр“ на „Алкалоид“

По победата на Македонија во неделата, навивачите и граѓаните на Вараждин прославуваа во навивачката зона на „Алкалоид“ лоцирана во срцето на стариот град. Специјални гости на прославата беа македонските репрезентативци, а за доброто расположение се погрижи Петар Ренџов и неговиот бенд. Покрај адреналинот, навивачите се грееја и со чаевите „гуд нејчр“ и најдоброто македонско вино „дудин“, кои ја спонзорираа целата организација на навивачката зона во Вараждин. Зоната под логото на „Алкалоид“ е поставена од почетокот на СП и е една од главните атракции не само за македонските навивачи туку и за жителите на овој хрватски град.
извор
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom