ZIKS
Ај за убо да е.
Албанскиот јазик ќе биде втор службен јазик во Македонија, најверојатно по новогодишните празници, дознаваме неофицијално, од партиски извори на Демократската унија за интеграција. Посебниот закон ќе гарантира проширена употреба на албанскиот јазик во државните институции, односно во владата, Собранието, МВР и во АРМ. Ова било договорена работа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и интегративците, но двете партии решиле да го остават прашањето за крајот на годината, зашто владејачката партија била скептична за тоа како ќе се одрази одлуката врз нејзиното членство, објаснуваат нашите извори.
Тие коментираат дека кога албанскиот ќе стане службен јазик, кавгата за новиот деловник ќе биде минато, зашто посебниот закон за јазиците ќе регулира употреба на јазикот на цела територија.
- Негодувањето кај дел од членството по донесувањето на собранискиот деловник, е обид да се држи тензија пред официјалното формирање на владата - велат истиот извор.
Наспроти ваквите прогнози, владејачката ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека премиерот Никола Груевски и лидерот Али Ахмети договориле регулирање на употребата на албанскиот јазик во согласност со Уставот и со рамковниот договор, а не со усвојување посебен закон.
Не се исклучува можноста работните групи на двете коалициски партии да продолжат со формулирање на посебниот јазичен закон. Според партиски извори, двете партии најверојатно ќе треба да направат компромис, но во секој случај законот практично ќе гарантира службена употреба на албанскиот.
Обесштетувањето на борците на ОНА и завршувањето на демаркацијата на северната граница за признавање на Косово, се другите два приоритета на кои интегративците ќе се фокусираат во претстојниот период од владеењето.
Извро: Шпиц.
Што мислите, дали се овие некои скриени потези на Ггруевски кои не се ни најмалку во наша корист, кои по се изгледа ги има повеќе. ДУИ прифати се што Груевски побара на состаноците при формирањето коалиција, а сега изгледа Груевски е на ред да прифате некои барања на ДУИ, кои можат да бидат кобни за македонскиот народ.