- Член од
- 31 мај 2008
- Мислења
- 402
- Поени од реакции
- 51
Значи вака јас ве гледам веќе си полагате имате други насоки во разговорот но имам ВАЖНО ПРАШАЊЕ..
Матуранка сум. Земав предмети за полагање Хемија и Биологија затоа што сакам да се запишам на Општа Медицина.. Е сеа прави ли разлика ако проектна земам Хемија а не Биологија? Што мислите вие? И ако може да ми кажите оваа година колку бода имаше последниот примен приватна на Општа Во Скопје? Да знам колку поени можам да дозволам да изгубам ..
Проектната не игра никаква улога во самото аплицирање на Општа медицина.. Ти носи само дел од бодовите со кои конкурираш. Си полагаш биологија и хемија ако си од гимназија, или пак стручен и биологија/хемија ( и физика можеше до лани да се земе , сега не знам.. ) ако си од средно медицинско.
Инаку оваа година прво примија 120, до 93 поени ( или 94 ) , а потоа ја проширија квотата за уште 80, некаде до 87 поени, ама се тоа околу бодовите е релативно, зависи до самата генерација и како ќе пројдете на матура..