- Член од
- 29 јуни 2005
- Мислења
- 1.284
- Поени од реакции
- 14
на играчите, ништо повеќе.
Второ, за апсењата кај нас: Иако некако го избегнуваш одговорот на прашањето за случајот Саша Андоновски, ОК... Во случајот Заев, специјалците го оправдаа своето присуство пред судот, бидејќи спречија евентуална ескалација на протестот, кој јас лично не го оправдувам... Но дали е оправдана употребата на специјалци при чинот на самото апсење ? Нели може тоа да го изведе локалната полиција, согласно своите овластувања, а специјалците да бидат во резерва за секој случај ?
Kalipso,ako javno bilo apsenjeto vo podolu citiranite izjavi dali ke se sluchelo da "apsat" ludje koi ne pripadjaat na MVR ili da im se zakanuvaat na deca so vpereni pishtoli....???
СОПРУГИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА "РАШТАНСКИ" СВЕДОЧАТ :"Оса" апсела со вперен пиштол во деца "Кој го терал твојот маж да го слуша Љубчо што да прави, е затоа ќе си го крка", и рекол истражниот судија Вања Јуруковски на сопругата на Стојков
Маскирани лица со ознаки на агенцијата за обезбедување "Оса", предводени лично од Бранко Бојчевски, на 9 мај лани извршија претрес во нашиот дом, при што на моето тригодишно девојче, кое беше извадено од своето креветче, цело време му беше вперен пиштол во главата. Истото се има случено и врз деветгодишниот син на Александар Цветков при неговото апсење. Ова е само дел од изјавата на Мирјана Стојкова, сопруга на обвинетиот Горан Стојков, за начинот на кој бил апсен и за постапките на надлежните органи и поединци од власта што следеле потоа. Нејзината изјава е дел на претставката што сопругите на обвинетите за "Раштански Лозја" на 12 јануари ја доставиле до постојаната собраниска Комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, во која тие сведочат за незаконитости при апсењето на нивните сопрузи и начинот на кој се прибирани докази против нив. Тие бараат од Комисијата да "ги покрене механизмите за одговорност на сторителите на злоупотребите", а како наредбодавец го посочуваат ексминистерот за внатрешни работи и експремиер Хари Костов. Сопругите на обвинетите Стојков, Цветков и Кикереков обвинуваат дека апсењето на нивните сопрузи не го извршиле полицајци, туку вработени во агенцијата "Оса", а автомобилите со кои биле однесени биле без регистарски таблички. Тие го обвинуваат Костов за злоупотреба на службената положба бидејќи вршел притисок, се заканувал, уценувал и ги уценувал нивните сопрузи за да дојде до докази за обвинувањата и тоа го сметаат за реванш за кривичн ата пријава против него од пред неколку години, кога бил директор на банка. Шеф на обезбедувањето на банката тогаш бил Бојчевски. "Како им е платено на стотината вработени во ?Оса' за апсењето и дали станува збор за преќутно постоење на парадржавни механизми и служби кои по потреба ги заменуваат функциите на државата?"- прашуваат сопругите. Сопругата на Митко Кикереков, Сунца, во изјавата сведочи дека, иако нејзиниот сопруг не давал отпор при апсењето, му била ставена ќулавка на главата и бил удиран со тупаници пред очите на двете малолетни деца. Таа вели дека Костов, во присуство на директорот на УДБ Зоран Верушевски и на адвокатот, му понудил на нејзиниот сопруг да потпише изјава за да не биде обвинет. А кога Кикереков одбил, Костов му пружил рака и му рекол: "Нека ти е со среќа доживотен затвор". Сопругата на Стојков, Мирјана, зборува за спектакуларното апсење на нејзиниот сопруг со кршење на вратата и со вперено оружје. И пуштале информации дека психичкото здравје на Стојков било нарушено и дека сакал да се самоубие. Кога со претставник на Меѓународниот црвен крст отишла кај истражниот судија Вања Јуруковски, тој и рекол: "Кои се овие говеда што си ми ги пратила да ми кажуваат како да се однесувам" и "Кој го терал твојот маж да го слуша Љубчо (Георгиевски) што да прави, е затоа ќе си го крка". Таа кажува и за настан од февруари 2003 година, кога тројца униформирани полицајци со полициско комби дошле со налог да го апсат нејзиниот деветгодишен син поради наводна тепачка со друго дете. Луѓе што се претставувале дека се од полиција, пак, и нуделе бугарско државјанство како најдобра солуција за неа, бидејќи нејзиниот сопруг ќе добиел доживотен затвор. Сопругата на Александар Цветков, Билјана, вели дека вработен во МВР, кој бил уапсен во исто време со нејзиниот сопруг, по неколку дена дошол за да и каже дека морал да каже се што барале од него за да не му ја ликвидираат фамилијата. За да и се изнуди изјава на вработена во МВР, која работела во Петтата управа, и биле вршени упади дома, а Верушевски и се заканувал дека "ќе виси заедно со Цветков". Билјана Цветкова тврди дека им биле вршени притисоци и на вработени во нејзината приватна фирма, поради што голем дел дале откази. Во делот од фабриката во населбата Бутел било незаконски влегувано, а во делот што се наоѓа во Штип, со уреден налог бил извршен претрес, а од околу 200 вработени, на работа останале само 80 луѓе. Сопругите на обвинетите прашуваат зошто биле вршени притисоци, уцени, а дел од другите обвинети биле искористени како сведоци, ако постоеле цврсти материјални докази, како што тврдеше Костов. Истражниот судија и јавниот обвинител два пати на Утковски му нуделе да потпише изјава и "да си оди дома". Тие најавуваат дека за случајот ќе ги информираат европските и комитетите на ОН за превенција од тортура и за човекови права.