ПРВАТА ЛАСЕРСКА ВОДЕНА ХЕЛИКОПТЕРСКА РАКЕТА ПРОИЗВЕДЕНА ВО ТУРЦИЈА
Posted 15.05.2011 12:23:02 UTC
Турската компанија РОКЕТСАН го заврши ракетниот проект кој досега дури ни од страна на САД не беше развиен и постигна низа договори на тоа поле. Ракетата ЏИРИТ (CİRİT) на РОКЕСТАН има дострел од 8 км и може да се монтира на хеликоптер и благодарение на координацијата за водење, предвидената цел може да ја уништи само со еден истрел.
Ласерски водената ракета ЏИРИТ 2.75 беше промовирана на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија ИДЕФ 11.
Хусејин Бајсан, Генералниот директор на Рокетсан рече дека најзначајната карактеристика на ракетата е можноста од монтирање на хеликоптер, потенцирајќи дека тоа е првата ласерски водена ракета која може да се монтира на хеликоптер. Дури САД сеуште се наоѓаат во фаза на истражување и развој на оваа ракета рече генералниот директор Бајсак, истакнувајќи дека во период кога САД ќе го завршат проектот, ракетата ќе има дострел само од 6 км. Дострелот на нашата ракета изнесува 8 км. Што значи дека во период кога САД ќе го завршат проектот, нашата ракета ЏИРИТ од аспект на одредени карактеристики ќе биде надобра.
Хусејин Бајсак меѓудругото рече дека потпишале договор со „Еурокоптер“, кој држи над 50 насто од светскиот пазар на хеликоптери, нагласувајќи дека Еурокоптер бара на хеликоптерите што ќе ги произведува да ги монтира ракетите ЏИРИТ. Најзначајната карактеристика на ракетата ЏИРИТ е податокот дека истрелот се врши автоматски. Благодарени на ласерското водење, ракетата која се заклучува на целта, само со еден истрел го уништува целото подрачје.
http://www.trtmacedonian.com/trtworld/mk/newsDetail.aspx?HaberKodu=3fa2ff1b-fa76-463e-a11e-23bd26810054&title=%D0%9F%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0%20%D1%85%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%82%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0