Писмото на Премиерот (pure sex)

  • Креатор на темата Креатор на темата Jakov
  • Време на започнување Време на започнување
И политичките партии во Грција реагираа на писмото на македонскиот премиер.

Претставник на главната опозициска партија ПАСОК писмото го нарече „постизборно бладање“ на Владата во Скопје.

„Нападите врз Грција за нарушување на правата на постоечки или непостоечки малцинства се режирани“, изјави политичкиот претставник на грчките социјалисти одговорен за прашања за внатрешни работи Андреас Ловердос. „Премиерот на поранешната југословенска Република Македонија зборува за непостоечко малцинство и извршува нарачки за дестабилизирање на ситуацијата“, додаде Ловердос.

Левата коалиција Сириза смета дека чекори како што е писмото на премиерот Груевски ја отежнуваат атмосферата и негативно влијаат на преговарачкиот процес за решавање на спорот за името на Македонија.

„Нека не го влече лавот за опашката, затоа што понекогаш реакцијата му е многу чудна“, изјави лидерот на националистичкото грчко Народно православно движење ЛАОС Јоргос Караџаферис.

Коментирајќи го писмото префектот на Солун Панајотис Псомиадис му препорача на премиерот Караманлис да прекинат преговорите со Скопје во врска со името на Македонија. Тој рече дека „демоните“ од Скопје дејствуваат внатре и надвор од Грција и потсети на плакатите „Македонија не е грчка“, „Ослободете ја Македонија запрете го нарушувањето на човековите права во Грција“ кои се појавија на грчка туристика изложба во Рим.

Во меѓувреме американска сенаторка со грчко потекло повторно испратила писмо до државниот секретар Кондолиза Рајс во кое бара од Владата на претседателот Џорџ Буш да ја признае Македонија под име кое ќе произлезе од преговорите што се водат меѓу Атина и Скопје во ОН, пишуваат грчките весници. Олимпија Сноу бара Вашингтон да го повика Скопје „да ги запре идентеристичките акции и конструктивно да соработува со Грција за изноѓање решение за проблемот со името“, јавија фрчките медиуми.
 
Во време додека се водат преговори и разно разни играрии, некои овдешни дечки бараат премиерот да им ја открие тактиката со која настапува во преговорите.

Па и во воени вежби и тренинзи едниот тим најстрого ја држи во тајност тактиката со која настапува со цел да победи во вежбата.

Во овие преговори колку и реално да непостои тактика, ако некој бара таа да се открие пред ,,целата,, Македонска јавност исто е како да се бара таа да се открие пред целиот државен врв во Грција и нивната јавност. Ваквите убаво осмислени терминологии во стилот на ,,откривање на тактиката пред целата Македонска јавност,, е многу убава реченица која убаво звучи а има друга намена.
 
Куромудокоџаманлис и Каракуровгазос, што има тие да го тапат бе. Значи навистина да се немало осет. Еј како ќе се заангажирам на ова поле. Се што може да се разбијат ваквите ретроградни елементи и вистината за Македонија, преку се разбира децата бегалци да излезе на вистина.
 
Грција и официјално го отфрли барањето на македонската страна, егејското прашање да биде дел од преговорите за името.
Преговарачот Василакис за време на двочасовната средба со медијаторот Нимиц вчера во Њујорк пренесол дека не постои македонско прашање во Грција.
Според Атина, овој проблем бил решен од Советот за безбедност на ОН кон крајот на педесеттите години на 20-от век, по завршувањето на Грчката граѓанска војна.
Според грчки дипломатски извори, отворање на ова прашање нема да дозволи ниту ЕУ ниту НАТО, затоа што со тоа би се отворило и неколку други слични случаи на европско тло, кои се игнорираат со децении поради политички мир.
Шефицата на грчката дипломатија Бакојани денеска остро ја нападна македонската Влада за пораката која Груевски ја испрати до Караманлис.
За неа писмото од Груевски, кое е испратено и до медијаторот Нимиц, е обид да се минира процесот на преговорите за името.
„Денес целата меѓународна јавност знае дека господинот Груевски се обидува да ги минира основите на преговорите што се водат под многу специфични околности. Екстремниот национализам сее ветер, а жнее бура“, рече Бакојани по денешната седница на грчката Влада.
Иако јавно негира дека постои македонско прашање, сепак Владата во Атина, односно нејзините експерти за меѓународно право засилено работат на обезбедување на документи со кои ќе докажуваат дека во северна Грција нема Македонци ниту дека нивните права се загрозени.
За таа цел веќе десетина дена интензивно се истражуваат архивите на ОН, но и официјалната кореспонденција со тогашна Југославија, која се до притисокот од Запад ја поддржуваше Демократската армија на Грција.
Денеска во Скопје, пак, најава за светска средба на протераните од Грчката граѓанска војна. Кај децата бегалци се враќа довербата дека ќе можат да ги остварат своите права откако Македонија јавно побара Грција да не ги дискриминира.
„Ни забрани Грција со закони, со расистички закони донесени 1982-ра и 1985-та. Велат, можат да се вратат во Грција сите што ја напуштија Грција во 1948-1949-та ако се Грци по род. Без да не праша некој што сме, не елиминира“, изјави Ѓорѓи Доневски, Здружението на Македонците од Егејска Македонија.
На светската средба, на која се очекуваат 6.000 деца бегалци од вкупно 28-те илјади, кои беа протерани од Грција, се поканети и дипломатските претставници на Грција во Република Македонија

ШТО СЕРАТ ОВИЕ ?????како тоа ЕУ нема да дозволи отворање на ова прашање,за да не се отворат слични случаи.И значи ли, тоа мижи бутај.???
И кој К*Р пребаруваат по архивите на ОН и прибираат документи.?????
 
Во време додека се водат преговори и разно разни играрии, некои овдешни дечки бараат премиерот да им ја открие тактиката со која настапува во преговорите.

Па и во воени вежби и тренинзи едниот тим најстрого ја држи во тајност тактиката со која настапува со цел да победи во вежбата.

Во овие преговори колку и реално да непостои тактика, ако некој бара таа да се открие пред ,,целата,, Македонска јавност исто е како да се бара таа да се открие пред целиот државен врв во Грција и нивната јавност. Ваквите убаво осмислени терминологии во стилот на ,,откривање на тактиката пред целата Македонска јавност,, е многу убава реченица која убаво звучи а има друга намена.

Тактика...?
Каква тактика побогу.
Се сомневам дека има некоја тактика.
А уште помалку СТРАТЕГИЈА.
И се плашам дека се се остава на случајот.

Додека непријателите наши, имаат вистинска тактика, и се растрчани низ целиот бел свет, за да ги убедат и последните наши подржувачи, во "нивната" вистина....а богами и успешни се во тоа...
Ние тука бараме заштита на генетски кодови, ораме ридови за да докажеме дека сме постари и од диносаурусите, носиме некои Хунзи од Пакистан, за да ни докажат дека сме Македонци.
И притоа се залажуваме, дека имаме ние тактика...

Која е нашата тактика ?
Ја знае некој ?
Или тактиката и стратегијата во ова држава само Никола ја знае...и љубоморно си ја чува за себе.
А што ако и тој нема тактика?
Или и да има...таа не е вистинската ?

Постојат само две тактики, на кои вреди да се троши време....според мене.
Се друго е дефокусирање од реалниот проблем што го имаме, и негово ододлговлекување.

Првата е прекинување на сите преговори и договори со грците ...официјално, прекинување на преговорите за влез во ЕУ и НАТО,се додека они сами не си го решат проблемот што го имаат со нивното нацизоидно галениче....и фокусирање на реалните проблеми кои ја мачат ова државаи овој народ, т.е. економија, невработеност, корупција.....и уште стотина други проблеми.

Втората е, да се мобилизираат сите наши дипломатски потенцијали, како и искориствање на наклонетоста што ја имаме од Америка, за да ги продолжиме преговорите...со цел да извлечеме што поповолно решение од истите.

Се друго е глумење дека се има тактика
Или е погрешно избрана стратегија.
Трето нема....
Или има ?
 
Но јас ја знам твојата тактика..Песимист до максимум, кој никој потег освен на твојот мил Б.Ц не ти одговара...Од друга страна, се мрдна од мртва точка, конечно некој по 1945 година се осмели да им го плесне влице на гејците пред цел свет прашањето за браќата Егејци, а ти само мани и пропусти наоѓаш, заговори за апокалипси,и што ти ја знам уште што..Ако тоа несолидаризирање за нашите браќа Егејци беше практика во минатото, што треба ние да ја продолжиме таа практика?Или досега се одеше надолу, па да продолжиме во таа линија, зошто касно е, се е изгубено??Дај веќе извади ја таа главата од песок, и види дека сеуште имаме шанса да промениме нешто, а како што гледам во правилна насока се движиме..И запрашај се чие дело е тоа така, кој почна да преговара, кој не фиромизира на 2 месеци, кој ни го мена знамето..Паметно дете си, ќе ти текниСамо не треба да ги заборавиме и нашите браќа Пиринци, и на бугарската власт треба да им се испрати слично писмо, и редно е веќе еднаш да почниме да си мислиме сами за себе..Не да чекаме дека некој од надвор ќе ни ги реши проблемите..Оптимизам поголем се бара, зошто во минатото нашите браќа страдале многу повеќе, под туѓо робство, и се останато..Ние имаме еден дел слободен (после ова следи одговор, како ние сме биле робови на политичарите:tapp:)Штета, комунизмот ве има научено да легачите, и се да чекате од државата...Разбудете се веќе еднаш додека не е вистина касно...
 
Зборот песимист од уста не ти излегува.
Но ги разбирам таквите како тебе, кои мислат дека се што лета.... и се јаде.
Кога ќе се приземјиш некогаш, кога ќе почнеш проблемите да ги гледаш такви какви што се....можеби ќе сватиш и ќе разбереш, дека не е се така како што изгледа, и дека проблемот реално треба да го согледаш, за да сватиш како треба најдобро да се поставиш спрема него.

Овие глупави и подли провокации (болдираното), продавај си ги на твоите другарчиња...
Не ни трошам зборови за да паднам на исто ниво и ти одговорам...
Тие повеќе говорат, за оној кој ги упатил, отколку за оној кому се упатени.
Така да ефектот твој што си го замислувал...во овој случај ќе изостане.
Всушност имаше тука и тема "Колку знаете демократски политички да дебатирате?", па не е лошо да прочиташ нешто.

А доколку мислиш да водиш дискусија, а не монолог, тогаш реплицирај ми на аргументите што ги напишав погоре, или едноставно одговори ми на прашањето...која е нашата тактика, и дали постои трета...опција.
 
Во време додека се водат преговори и разно разни играрии, некои овдешни дечки бараат премиерот да им ја открие тактиката со која настапува во преговорите.

Па и во воени вежби и тренинзи едниот тим најстрого ја држи во тајност тактиката со која настапува со цел да победи во вежбата.

Во овие преговори колку и реално да непостои тактика, ако некој бара таа да се открие пред ,,целата,, Македонска јавност исто е како да се бара таа да се открие пред целиот државен врв во Грција и нивната јавност. Ваквите убаво осмислени терминологии во стилот на ,,откривање на тактиката пред целата Македонска јавност,, е многу убава реченица која убаво звучи а има друга намена.

Ова е најверојатно побарано од припадниците на растурената опозицијска партија..или Кондурко или Крадумарули...
Или оној од пајтон партијата со членови помалку одколку што ги собира во еден пајтон ..другарот Жернофски???
:tapp:
 
Овие глупави и подли провокации (болдираното), продавај си ги на твоите другарчиња...
Не ни трошам зборови за да паднам на исто ниво и ти одговорам...
Тие повеќе говорат, за оној кој ги упатил, отколку за оној кому се упатени.
Така да ефектот твој што си го замислувал...во овој случај ќе изостане.
Всушност имаше тука и тема "Колку знаете демократски политички да дебатирате?", па не е лошо да прочиташ нешто.
Хмммм ...Колку само ми асоцира на нешто ....а да ми текна ОПОЗИЦИЈА.
Јади бурек и мавај камења на се што тебе не ти текнало или не си го направил изминативе години...И отука си живееш во еден свет со мисла ако дојдат другиве на власт ..готово..бум..све средено...кој бре??Рада за 6 месеци што ке влезевме у нато со име Горнамаала Свирипичино-Македонија...Е мој друже убаво ти пишаа погоре конечно некој нешто почна да прави и место да го подржиме ние контра ...
Дефолтна Македонска навика за едно нешто да не сме сложни.....
 
А во што да го подржиме ?
Во тактиката која никој не ја знае ?
Објасни ми ја тактиката, па да заземам став, и да знам што подржувам...или не подржувам....

Инаку, ете доколку ти значи нешто мојата подршка во врска со писмото....ја има 100% од мене.
Мене повеќе ме интересира целосната стратегија околу името.
Дали ја има ?
И која е таа ?
 
Една работа тактиката која што треба да ја употреби некој за вакво прашање најмалце треба да ја знаеме ние... добро поучени од нашиве медиуми (и во последно време и Б.Ц)и нивните политички ставови и определувања,(се со цел да се продаде или зголеми гледаноста)не би требало да ја искажуваме јавно стратегијата ,освен ако не сакаш да му ја кажеш на непријателот па тој да знае како кога и со што ке напаѓаш па да ти направи стратегија за одбрана со добро дадени координати и техники....реално гледано :smir:
 
Mislam deka nesto pocnuva da se dvizi vo pozitivna nasoka.Ova e samo pocetok na mnogu prasanja vo vrska so grcija, a dosega ne bile otvoreni od nitu edna dosegasna vlada na Makedonija od osamostojuvanjeto.Dodeka SDSM gi izbrisa nekolku zakoni od ustavot na mekedonija ,a znaat samite kojse , za makedonskoto malcinstvo vo sosednite zemji i otkazuvanje od nego,clen49.Ovaa vlada konecno poleka pocnuva da gi vadi gorlivite problemi koj se znacajni vo ponatamosnite pregovori.Vo ponatamosnite pregovori sekako ke ima uste pr. iniciranje na bukureshkiot dogovor za podelba na makedonija od 1913 tamu e kazano deka dokolku eden del od okupirana makedonija se ostamostoi makedonija ima pravo dabara vrakjanje na drugite dva. Sekako toj vo celiot ovoj period pretrpuva i promeni ......:toe:NEZNAM ZASTO E CIST SEX?SOSEMA LOGICNO EDEN PREMIER NA EDNA DRZAVA DA ISPRATI PISMO NA PREMIER NA DRUGA DRZAVA.PROBLEM E KAKO TOA KE SE PRIFATI.
 
Човек не може да каже кој е позбунет.Дали Гејладците или СДС овците.Ги гледам на тв,ке пукнат од мака дека Грујо направи ваков потег. Говеда невакцинирани се тоа ,да имаа муда ке си ги гризнеа сигурно.Тој волот од прецедател ,за 15 години колку што е на власт ,еден збор до сега нема кажано за македонците во Грција и ке пукне сиротиот од мака.
 
Interesno e kako toa grcive se zbunija u moment.
Od edna strana mu poracaa na Gruevski deka see vetar i ke znee magla ili bura kko i da bese od druga strana velat deka i EU ke zastane na nivna strana zatoa sto "zaradi politickot mir vo Evropa" uste 3-4 takvi prasanja niz Evropa ne se razgleduvaat.
Znaci deka osven Cesite, Poljacite i nekoj drugi navistina postojat i Makedonci koi imaat imoti koi im se bespravno odzemeni itn itn.
Zosto inaku bi zastanuvala EU zad nesto sto e vetar i magla????
 
Грција и официјално го отфрли барањето на македонската страна, егејското прашање да биде дел од преговорите за името.
Преговарачот Василакис за време на двочасовната средба со медијаторот Нимиц вчера во Њујорк пренесол дека не постои македонско прашање во Грција.
Според Атина, овој проблем бил решен од Советот за безбедност на ОН кон крајот на педесеттите години на 20-от век, по завршувањето на Грчката граѓанска војна.
Според грчки дипломатски извори, отворање на ова прашање нема да дозволи ниту ЕУ ниту НАТО, затоа што со тоа би се отворило и неколку други слични случаи на европско тло, кои се игнорираат со децении поради политички мир.

Тоа е клучот (подвлеченото).

За да се обезбеди „мирот“ (читај удобноста и лагата), треба да се откажеме од она што сме.
Заради безбедноста на ЕУ (која не нè прима во своите редови) треба да се лажеме и себе си и другите.

Ако се признае постоењето на Македонска нација, целокупната историја треба да се препише и „угледот“, што Грција го има, паѓа во вода. Целокупната т.н. „Западна“ цивилизација се поткопува, т.е. нејзините корени стануваме ние, кои нè презирале толку долго.

Нивниот комплекс на супериорност паѓа во вода.

Па, велам вака: ние апсолутно ништо не добиваме во секој случај, па можеме да си ја тераме својата страна и да не менуваме ништо. Не заслужиле.

Шефицата на грчката дипломатија Бакојани денеска остро ја нападна македонската Влада за пораката која Груевски ја испрати до Караманлис.
За неа писмото од Груевски, кое е испратено и до медијаторот Нимиц, е обид да се минира процесот на преговорите за името.
„Денес целата меѓународна јавност знае дека господинот Груевски се обидува да ги минира основите на преговорите што се водат под многу специфични околности. Екстремниот национализам сее ветер, а жнее бура“, рече Бакојани по денешната седница на грчката Влада.
Иако јавно негира дека постои македонско прашање, сепак Владата во Атина, односно нејзините експерти за меѓународно право засилено работат на обезбедување на документи со кои ќе докажуваат дека во северна Грција нема Македонци ниту дека нивните права се загрозени.
За таа цел веќе десетина дена интензивно се истражуваат архивите на ОН, но и официјалната кореспонденција со тогашна Југославија, која се до притисокот од Запад ја поддржуваше Демократската армија на Грција.
Денеска во Скопје, пак, најава за светска средба на протераните од Грчката граѓанска војна. Кај децата бегалци се враќа довербата дека ќе можат да ги остварат своите права откако Македонија јавно побара Грција да не ги дискриминира.
„Ни забрани Грција со закони, со расистички закони донесени 1982-ра и 1985-та. Велат, можат да се вратат во Грција сите што ја напуштија Грција во 1948-1949-та ако се Грци по род. Без да не праша некој што сме, не елиминира“, изјави Ѓорѓи Доневски, Здружението на Македонците од Егејска Македонија.
На светската средба, на која се очекуваат 6.000 деца бегалци од вкупно 28-те илјади, кои беа протерани од Грција, се поканети и дипломатските претставници на Грција во Република Македонија

Во врска со црвеното: еве го (можеби е само извадок)

my.php

my.php

Се наоѓа овде.

Преводот е овде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom