Jukka
chili
- Член од
- 16 мај 2007
- Мислења
- 537
- Поени од реакции
- 2
И политичките партии во Грција реагираа на писмото на македонскиот премиер.
Претставник на главната опозициска партија ПАСОК писмото го нарече „постизборно бладање“ на Владата во Скопје.
„Нападите врз Грција за нарушување на правата на постоечки или непостоечки малцинства се режирани“, изјави политичкиот претставник на грчките социјалисти одговорен за прашања за внатрешни работи Андреас Ловердос. „Премиерот на поранешната југословенска Република Македонија зборува за непостоечко малцинство и извршува нарачки за дестабилизирање на ситуацијата“, додаде Ловердос.
Левата коалиција Сириза смета дека чекори како што е писмото на премиерот Груевски ја отежнуваат атмосферата и негативно влијаат на преговарачкиот процес за решавање на спорот за името на Македонија.
„Нека не го влече лавот за опашката, затоа што понекогаш реакцијата му е многу чудна“, изјави лидерот на националистичкото грчко Народно православно движење ЛАОС Јоргос Караџаферис.
Коментирајќи го писмото префектот на Солун Панајотис Псомиадис му препорача на премиерот Караманлис да прекинат преговорите со Скопје во врска со името на Македонија. Тој рече дека „демоните“ од Скопје дејствуваат внатре и надвор од Грција и потсети на плакатите „Македонија не е грчка“, „Ослободете ја Македонија запрете го нарушувањето на човековите права во Грција“ кои се појавија на грчка туристика изложба во Рим.
Во меѓувреме американска сенаторка со грчко потекло повторно испратила писмо до државниот секретар Кондолиза Рајс во кое бара од Владата на претседателот Џорџ Буш да ја признае Македонија под име кое ќе произлезе од преговорите што се водат меѓу Атина и Скопје во ОН, пишуваат грчките весници. Олимпија Сноу бара Вашингтон да го повика Скопје „да ги запре идентеристичките акции и конструктивно да соработува со Грција за изноѓање решение за проблемот со името“, јавија фрчките медиуми.