Политиката е комплексна наука која што цели на луѓето,на единките кои што живеат во една држава да им овозможи подобри услови за живот.
Неколку пати имам цитирано и подвлечено една те иста реченица,која што стои во самиот поднаслов на еден од најголемите државници и политичари на минатиот век и која што гласи:
-Способните политичари целат и се стремат економски да ги напреднат своите граѓани,неспособните набрегнуваат на национализмот и верата.И својствено на тоа,си бараат непријатели.
Сега... бавењето со политика е (треба да е) круна на нечија успешна кариера.Сакам да кажам... некој бил менаџер,па директор,па направил друга фирма која што после одредено време станала поголемо претпријатие,па создал конзорциум и го контролирал,па има мрежа на соработници на кои што им поверил да управуваат со дел од неговите фирми и со кои што има максимална доверба,па има деловни и лични пријатели кои што исто така напредувале и значат нешто во своите држави - таков човек,на залезот на неговата кариера треба и може успешно да се бави со политика.
А не во Македонија ми се раскокале разно-разни полу или уопште не приучени селски крелци... и хоп-како со магично стапче да ги очешал некој по главата -станале политичари. :kesa:
И што (добро) човек може да очекува од нив?
Многу јасно дека ќе се организираат по примерот на хитлерјугенд и ќе пробаат да мачкаат очи,да пропагираат и да парадираат, па тоа е единствено што им останува,само тоа знаат.
Само што.. има еден страшен дел кој што они во нивната заслепеност не можат да го видат и незнаат да го `растумачат`.А тој страшен дел баш заради нивното делување глатко ќе ја растури Македонија по шевови за некое време од сега,затоа што им се свиѓало или не:
Македонија е мултиетничка држава.
И секогаш кога они ќе скокаат за некоја глупост,и другите ќе скокаат и ќе бараат некакво право.И заедно,дури и несвесно ќе ја растурат Македонија.
Уште долго после тоа ќе свири `Кој е крив` ,ама сите тие тапани после свадба како и обично ќе бидат залудни.
Велат дека сакаат да го обединат народот во Македонија! :pos2: (на што јас со право не им верувам,оти не сум слеп,и гледам што се случува на терен,тие... разединуваат.
Како можат да ги обединат сите и да бидат горди граѓани на Р.Македонија?
Само преку мноооогу поразлични методи на политичко промовирање од нивното сегашно,кои што ќе го обединат мултиетничкиот карактер кај населението и сите тие заедно ќе сакаат да бидат членови и да допринесуваат за Македонија,земјата која што нуди сигурност и економска моќ.
Јас... таков приод не гледам.(нажалост)
Јас гледам,слушам и читам споулавени и ожесточени националисти кои што прават дупки на сопствениот брод и наркомански се превиткуваат од смеење (хахахаха... види ме што направив,еј...многу сме јаки...еј :baeh:
) додека седат до истата таа дупка која што ја `ископале` ко тифусари...
И затоа... за скоро ќе треба да ги качиме сите на една мала лаѓа,и силом или милом ќе мора да ги замолиме да го напуштат нашиот брод (Македонија).
Останува уште да ги натераме да си одат,оти они се воглавном сељачишта кои што со мило тешко ќе си заминат сами
http://uk.youtube.com/watch?v=2syZ4YpRkrE,
и да размислиме кои се тие што ќе ги замeнат (аман Боже... немој уште една утка,дај човек.)
До тогаш...останува само:
stand up fight !!!