- Член од
- 12 јуни 2008
- Мислења
- 170
- Поени од реакции
- 3
ВМРО и ДУИ договорија влада
Коментари (0)
04.07.2008 23:59
ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се договорија да формираат коалиција. На денешната средба мандатарот Груевски и лидерот на ДУИ Ахмети постигнале начелна согласност за состав на новата влада.
Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, вечерва заседаваше во скопскиот хотел „Континентал“ и ја потврди одлуката за формирање на новата коалиција.
И централниот одбор на ДУИ, што вечерва заседаваше во Мала Речица, го одобри договорот за нова влада, постигнат меѓу Груевски и Ахмети.
Неофицијално, ДУИ во новата влада ќе има пет министерски места и едно вицепремиерско.
Во ДПА велат дека остануваат надвор од владата бидејќи нивниот претседател Тачи и премиерот Груевски не можеле да се договорат по шесте точки од мартовскиот договор.