Книги кои НЕ би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Јас на никој нема да му ги препорачам книгите, на Ог Мандино, многу глупава филозофија, книга која изгледа како тешка филозофија меѓутоа е само изџвакана книга, без никаква поента и суштина, книга само за да се продава никаква уметност немам видено во ни една од книгите, имам две прочитано и претпоставувам и другите се исти како нив.
неговите книги се и самиот како што кажа филозофија....на успехот,нешто слично како твојот аватар;)...т.е. упорноста на луѓето за да ја постигнат сопствената цел,успех, кон кој, секое човечко суштество тежнее.Каде што со својата храброст,упорност,трпеливост и знаење успеваш сам да си ги оствариш сопствените соништа/цели.Но по се изгледа кај нас ова не важи,зашто сам да се трудам кога може мама,тато,вујко,тета да ми среди работа:smir:
 
Јас знам која е суштината и целта на книгите, но како што кажав изџвакана филозофија на успехот, книги во кои луѓето не мора да читаат ништо меѓу редови, мое мислење суштината и уметноста на една книга е обична приказна која што крие многу доколку ја сфатиш меѓу редови, во овие книги на Ог Мандино нема меѓу редови, затоа не ја препорачувам, сето она што го пишува тој да го имаше преточено во некоја приказна за некоја фамилија на пример ќе беше многу поинтересно.
 
Еееее, ако мислиш дека во "Шагринска кожа" има тупење тогаш ништо не си видел уште:)
Сега ми текна дека не ми се допаднаа ни делата од романтизмот, како "Страствувањата на Чајлд Харолд" и "Страданиата на младиот Вертер" (така нешто беше насловот).

Шагринска кожа е дефинитивно на врвот на листата на најдосадни книги. Чудно е како Балзак кој ја има напишано Чичко Горио, според мене една од најубавите книги, ја има напишано и оваа која е благо речена средтсво за успивање. Тука некаде се граничат и Странствувањата на Чајлд Харолд. А башка од лектирите кои ги имам прочитано, во слободно време избегнувам да читам Паоло Коелјо и Ог Мандино.

Гете ми е омилен писател. Буквално, се заљубив во Фауст. Но, додека ја читав Страданијата на младиот Вертер, срцепарајуча емо книга, можев да пишувам и за моите страдања при читањето! Најверојатно затоа што мрзам лигави ствари книгата ми беше премногу глупава.

А за Странствувањето на Чајлд Харолд... Типична романтичарска поема. Бајрон. Бил геј и бил луд. Што друго да се очекува?

уффф да....
мразам книги кај што ништо не се дешава
од куељо подалеку освен можеби 11минути
незнам сите што гледате во Вероника реши да имре и во На брегот на реката педра седев и плачев...

мислам... хелоууу

ја заборавив Чекајќи го Годо... една од најголемите глупости на литературата

Во Вероника Реши Да Умре, се случува нешто колку-толку. Малку, ама има заплет, асајлами, може и да заинтересира некој со IQ = собна температура во декември без уклучено греење.
АМА! Седев на брегот на реката Пједра е за СЕЧЕЊЕ ВЕНИ!
Во недостаток на инспирација (а кога Коељо пак имал инспирација за да напише нешто кое ќе те остави без зборови) земал наслов на песна на Бајрон, направил модификации да не биде до толку приметливо, пишувал некои глупости, и бест селер автор е!
 
Јас знам која е суштината и целта на книгите, но како што кажав изџвакана филозофија на успехот, книги во кои луѓето не мора да читаат ништо меѓу редови, мое мислење суштината и уметноста на една книга е обична приказна која што крие многу доколку ја сфатиш меѓу редови, во овие книги на Ог Мандино нема меѓу редови, затоа не ја препорачувам, сето она што го пишува тој да го имаше преточено во некоја приказна за некоја фамилија на пример ќе беше многу поинтересно.
....па имаш во "Најголемиот трговец во светот","Дванаесетиот Ангел","Подарокот од Акабар".......овие се напишани со раскажувачки стил и + неговата филозофија за самоуспех :)
 
Бајрон. Бил геј и бил луд. Што друго да се очекува?

Бајрон не бил геј, бил заљубен во братучетка му.

Следна глупа книга која не ја препорачувам е "Uncle John's Presents: The Book of the Dumb"!
Osven za Viktorg!
 
Башка од Англија кај што си живеел спокоен живот отишол да се бори за Грците, што да се очекува повеќе од таков тип:)
 
Бајрон не бил геј, бил заљубен во братучетка му.

Геј бил. Тоа ми е и темата за матура - дали неговото творештво било продукт на менталната пореметеност или резултат на хомосексуалните аспирации.

Во младоста бил би, и знам дека се заљубил на 14, 15 години во братучетка му. Тоа се воедно првите знаци на неговата психичка нестабилност. Има и поема напишано за неа, To Emma, мислам.
 
....па имаш во "Најголемиот трговец во светот","Дванаесетиот Ангел","Подарокот од Акабар".......овие се напишани со раскажувачки стил и + неговата филозофија за самоуспех :)

Чекај не сфаќам нешто сакаш да ми кажеш дека овие се квалитетни книги, книги од кој можеш нешто да научиш, доволно сум прочитал за да можам да тврдам дека се само книги за пари правење ја нема никаде уметноста, ја имам прочитано "Најголемата лага на светот" и "Најголемиот трговец на светот" прво ме нервираше тоа што почнува со прочитај ја книгата неколку пати, самиот ти наложува да не ја земаш од библиотека да ја прочиташ и да ја вратиш туку да ја купиш па нели е тоа бизнис, сепак јас стојам на тоа дека порано имало многу повеќе уметност во книгите, луѓето биле осамени мечтаеле и сето тоа го пишувале без да размислат дали ќе се збогатат, денес првата цел е дали ќе се збогатам и дали ќе станам популарен.

Геј бил. Тоа ми е и темата за матура - дали неговото творештво било продукт на менталната пореметеност или резултат на хомосексуалните аспирации.

Во младоста бил би, и знам дека се заљубил на 14, 15 години во братучетка му. Тоа се воедно првите знаци на неговата психичка нестабилност. Има и поема напишано за неа, To Emma, мислам.

Чекај сакаш да кажеш дека ако е некој "Геј" не е способен да напише ништо квалитетно, па и Леонардо Да Винчи бил Хомосексуалец, па бил одличен архитект, и одличен сликар, па дури некои веруваат дека и Мона Лиза е тој самиот претставен како жена.
 
Не, туку станува збор за прашањето дали неговото творештво е наменето за маж или за жена, што ги збунува критичарите и проучувачите на неговото дело со години. Исто како и Шекспир.
 
Чекај не сфаќам нешто сакаш да ми кажеш дека овие се квалитетни книги, книги од кој можеш нешто да научиш, доволно сум прочитал за да можам да тврдам дека се само книги за пари правење ја нема никаде уметноста, ја имам прочитано "Најголемата лага на светот" и "Најголемиот трговец на светот" прво ме нервираше тоа што почнува со прочитај ја книгата неколку пати, самиот ти наложува да не ја земаш од библиотека да ја прочиташ и да ја вратиш туку да ја купиш па нели е тоа бизнис, сепак јас стојам на тоа дека порано имало многу повеќе уметност во книгите, луѓето биле осамени мечтаеле и сето тоа го пишувале без да размислат дали ќе се збогатат, денес првата цел е дали ќе се збогатам и дали ќе станам популарен.
ОК де,тоа е твое мислење сепак....иако јас не ги купив,на некој начин јас се збогатив,со упорност,недвоумење,решителност...сепак овие синоними се едните кои ни недостасуваат во нашиот животен пат:smir:
 
Геј бил. Тоа ми е и темата за матура - дали неговото творештво било продукт на менталната пореметеност или резултат на хомосексуалните аспирации.

Во младоста бил би, и знам дека се заљубил на 14, 15 години во братучетка му. Тоа се воедно првите знаци на неговата психичка нестабилност. Има и поема напишано за неа, To Emma, мислам.

Темата за матура ти е со крајно погрешна теза тогаш.
А тоа што ти е тебе тема не значи дека е вистина!
Би Ес!

Не, туку станува збор за прашањето дали неговото творештво е наменето за маж или за жена, што ги збунува критичарите и проучувачите на неговото дело со години. Исто како и Шекспир.

И Шекспир да не е педерчишче? Или тоа кога ќе дипломируваш?
 
ОК де,тоа е твое мислење сепак....иако јас не ги купив,на некој начин јас се збогатив,со упорност,недвоумење,решителност...сепак овие синоними се едните кои ни недостасуваат во нашиот животен пат:smir:

Не супер што си ги купил во ред е тоа, затоа темата е книги кој НЕ ги препораЧУВАМ , значи мое мислење не значи дека моето мислење е точно некој од членовите имаше напишано дека Крпен живот Не ја препорачува, само си се изнасмеав, но најважно е да почитуваме туѓо мислење така и самите си се почитуваме, го почитувам твоето мислење, но сепак, јас стојам на ставот Ог Мандино не е писател од кој може да се научи многу.
 
Темата за матура ти е со крајно погрешна теза тогаш.
А тоа што ти е тебе тема не значи дека е вистина!
Би Ес!

И Шекспир да не е педерчишче? Или тоа кога ќе дипломируваш?

Темата ми е одобрена од професор кој студирал англиска литература. Што значи, не е до мене. Факт е дека има докази за тоа дека бил настран.

А бил и Шекспир. За него има многу повеќе докази.

И мислам дека отидовме многу офтопик. За тоа дали Бајрон и Шекспир биле или не биле гејови, може друга тема да се отвори.
 
Не супер што си ги купил во ред е тоа, затоа темата е книги кој НЕ ги препораЧУВАМ , значи мое мислење не значи дека моето мислење е точно некој од членовите имаше напишано дека Крпен живот Не ја препорачува, само си се изнасмеав, но најважно е да почитуваме туѓо мислење така и самите си се почитуваме, го почитувам твоето мислење, но сепак, јас стојам на ставот Ог Мандино не е писател од кој може да се научи многу.
погрешно си ме разбрал,не сум ги купил напротив ги изнајмува од библиотека:D......не можам ни јас да ти сменам мислење,само ти постирав што како е,каде што фино лепо ми одговори,сепак не можеме сите да имаме исто мислење за некои автори и книги:toe:
 
Темата ми е одобрена од професор кој студирал англиска литература. Што значи, не е до мене. Факт е дека има докази за тоа дека бил настран.

А бил и Шекспир. За него има многу повеќе докази.

И мислам дека отидовме многу офтопик. За тоа дали Бајрон и Шекспир биле или не биле гејови, може друга тема да се отвори.

Писание, не книга, која не би ја препорачал никому, освен на ВикторГ е темата за матурска на Аурора!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom