Книги кои НЕ би ги препорачале

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Тикви4ка напиша:
ја заборавив Чекајќи го Годо... една од најголемите глупости на литературата
Без оглед на стилот на пишување, книгата всушност носи добра поента, иако малку нејасна :)

Мене ми се тапа-фраерски книгите што спаѓаат у т.н. „литература за у автобус“, значи што се читаат за пола саат без оглед на бројот на страници, и кои повеќе наликуваат на сценарио за серија, отколку на литературно дело. Друга литература од која се држам подалеку се "how to" книгите, кои ти нудат 10 чекори до појачување на самодовербата, 5 начини како да се справиш со стресот, 20 причини зошто да правиш ова или она и слично. Најчесто не се базирани на научна основа, а немаат никаква литературна вредност.

Од Пауло Коељо подалеку.
 
Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Фотографија-Пенелопи Лајвли,антипатично досадна книга;
Неколку ренесансни дела, не сакам ни имињата да им ги напишам;
Сите класици од по 2345томови, кои можат културно да се сведат во мини варијанта;
Дефинитивно се сложувам дека Буковски тресе вулгаризми и нема ништо уметничко во неговата“литература„
Прирачници за подобро утре, помал газ, повеќе кеш и слични гомненици;
Има уште, но подоцна:)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас мислам дека се добри книгите на Пауло Коелјо... со таа разлика што на нас кои читаме постојано книги ни се веќе нешто одамна видено и затоа сме жедни за нешто ново што е со потешка содржина и што тера на размислување додека пак некој којшто воопшто не чита книги мислам дека е одлично да почне со Коелјо зашто Достоевски, Ниче итн. се сомневам дека ќе ги разбере и дека ќе му се допаднат...

Офтопик сум се извинувам ама ова морав да го кажам...
 
Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Прва ми доаѓа на памет лектирата за 3та или 4та год - "Смрт во Венеција" од Томас Ман. Не верувам дека на некој би му биле интересни ппедофилските замисли на 50 - годишниот писател кон 14 - годишно момче.
Леле која одвратна книга:nesvest::pop:
Оваа книга треба да се тргне од програма, јас не знам како може да дозволат вакви тешки глупости да се обработуваат на час. Јас бев приморана минимум два пати да ја прочитам, ама за испит ми беше потребна.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Библијата
и се од Коелјо ако сте постари од 14 години
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361

Oвие би ги препорачал или НЕ би ги препорачал??
Зошто јас токму овие би ги прерпорчал за 14 ++ (Дури и 16++) .
А дефинитивно не би ги препорачал делата на Оноре Де Балзак како Шагринска Кожа кој иако можеби носат добра поента сепак премногу има тупаџење на моменти како : „На ливадата имаше дрво. Кората на дрвото беше темно кафена. На дрвото имаше зелени лисја кој летаа низ гранките. Гранките пак кој беа тенки се чинеше дека едвај се задржуваат. Зраци од сонцето болстеа врз дрвото..“ ....Коа вакво нешто ќе прочитам одма ја оставам книгата.. :)
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181

Еееее, ако мислиш дека во "Шагринска кожа" има тупење тогаш ништо не си видел уште:)
Сега ми текна дека не ми се допаднаа ни делата од романтизмот, како "Страствувањата на Чајлд Харолд" и "Страданиата на младиот Вертер" (така нешто беше насловот).
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
А дефинитивно не би ги препорачал делата на Оноре Де Балзак како Шагринска Кожа кој иако можеби носат добра поента сепак премногу има тупаџење на моменти како : „На ливадата имаше дрво. Кората на дрвото беше темно кафена. На дрвото имаше зелени лисја кој летаа низ гранките. Гранките пак кој беа тенки се чинеше дека едвај се задржуваат. Зраци од сонцето болстеа врз дрвото..“ ....Коа вакво нешто ќе прочитам одма ја оставам книгата.. :)
не генерализирај..
Евгенија Гранде е стварно добра книга која вреди да се прочита и да видиш како не треба да се залетуваш...

Страдањата на младиот Вертер никад не ја прочитав за среќа..

Цитат:
Напишано од The Mummy Returns
Прва ми доаѓа на памет лектирата за 3та или 4та год - "Смрт во Венеција" од Томас Ман. Не верувам дека на некој би му биле интересни ппедофилските замисли на 50 - годишниот писател кон 14 - годишно момче.

Леле која одвратна книга:nesvest::pop:
Оваа книга треба да се тргне од програма, јас не знам како може да дозволат вакви тешки глупости да се обработуваат на час. Јас бев приморана минимум два пати да ја прочитам, ама за испит ми беше потребна.
дефинитивно... јас ќе умрев во гостивар па ке имаше смрт во гостивар по повод смрт во венеција
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
не генерализирај..
Евгенија Гранде е стварно добра книга која вреди да се прочита и да видиш како не треба да се залетуваш...

Страдањата на младиот Вертер никад не ја прочитав за среќа..

дефинитивно... јас ќе умрев во гостивар па ке имаше смрт во гостивар по повод смрт во венеција
Не генерализирав , реков делата како Шагринска Кожа , не сите дела :smir:
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
У право бевте за Горски венец. Кога сме веќе кај лектирите, и Крпен живот. Тие две никако не успеав да ги дочитам.
Две Марии ... потек е книгава башка на крај не сфаќаш што се десило..
башка мораш да ја читаш пош ти е дело во 3та...
2 Марии ја читав 2 пати, зошто од првпат е несфатлива, значи ми се свиѓаше.
Еееее, ако мислиш дека во "Шагринска кожа" има тупење тогаш ништо не си видел уште:)
Сега ми текна дека не ми се допаднаа ни делата од романтизмот, како "Страствувањата на Чајлд Харолд" и "Страданиата на младиот Вертер" (така нешто беше насловот).
Шагринска има добра поента, немојте вака против Балзак. А за страданијата, да, има негативно дејство врз читателот и бесмислена идеологија.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.705
Поени од реакции
13.375
Капитал од Маркс.... Првите две страници и те фаќа сон одма. Всушност ја утнав темата оваа е препорачлива за тиа кои патат од несоница:pos2::pos2::pos2:
 
Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Јас мислам дека се добри книгите на Пауло Коелјо... со таа разлика што на нас кои читаме постојано книги ни се веќе нешто одамна видено и затоа сме жедни за нешто ново што е со потешка содржина и што тера на размислување додека пак некој којшто воопшто не чита книги мислам дека е одлично да почне со Коелјо зашто Достоевски, Ниче итн. се сомневам дека ќе ги разбере и дека ќе му се допаднат...

Офтопик сум се извинувам ама ова морав да го кажам...
Demek Nice i Dostoevski ne serat, a Koeljo seri i jadi patlidzani vo zima...

Капитал од Маркс.... Првите две страници и те фаќа сон одма. Всушност ја утнав темата оваа е препорачлива за тиа кои патат од несоница:pos2::pos2::pos2:
Pogreshna kniga, vo pogreshni race i vo pogreshen vremenski period...
Zash citash knigi pred spienje, semi gledaj porno, drkaj i spij...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Oвие би ги препорачал или НЕ би ги препорачал??
Зошто јас токму овие би ги прерпорчал за 14 ++ (Дури и 16++) .
А дефинитивно не би ги препорачал делата на Оноре Де Балзак како Шагринска Кожа кој иако можеби носат добра поента сепак премногу има тупаџење на моменти како : „На ливадата имаше дрво. Кората на дрвото беше темно кафена. На дрвото имаше зелени лисја кој летаа низ гранките. Гранките пак кој беа тенки се чинеше дека едвај се задржуваат. Зраци од сонцето болстеа врз дрвото..“ ....Коа вакво нешто ќе прочитам одма ја оставам книгата.. :)
е вакво нешто има во нечиста крв само не опишуваат природа туку како била облечена главната хероина-како и да се викаше...
убава книга,поентата,те тера да размислуваш како им било на девојките тогаш ама тоооооооооооолку небитни детали не сум сретнала...многу ми беше мене битно дали чорапите и биле зелени или црвени
иначе не би ја препорачла и бадем-многу глупа и безвезна книга.
изобилува со непотребни вулгарности...
сум читала слични книги ама од оваа ми се згади....
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585

Софка се викаше :pipi: :drk:
 
Се сложувам за Бадем , почнав да ја читам книгата и веќе до 50 страница сватив дека не е книга за мене и си фатив да читам нешто попаметно. На некој можеби му се допаѓа книгата , ама дефинитивно не би ја препроачал на оние кој веќе имаат прочитано квалитетни дела.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom