Лига на шампиони 2008-2009

Статус
Затворена за нови мислења.

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Сега се тие коефициенти, во сабота кога ќе излезе билтенот ќе се повисоки коефициентите за единици, а намалени за двојки, секогаш е така:toe:
Дај боже да го дигнат барем малку за кец на Барса. Оти вака не ми се исплати кец да ја стаам сингл.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
8.810
Англиските тимови ги мразам(освен Ливерпул) па така да ќе навивам за Барса да стане шампион а и некако највеќе го заслужуваат тоа им посакувам среќа:helou:
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Англиските тимови ги мразам(освен Ливерпул) па така да ќе навивам за Барса да стане шампион а и некако највеќе го заслужуваат тоа им посакувам среќа:helou:
Па и јас би ги мразел доколку некој како Јунајтед ги парталосува Рома секоја година, гревчиња:tapp:
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
8.810
Па и јас би ги мразел доколку некој како Јунајтед ги парталосува Рома секоја година, гревчиња:tapp:
очекував вакво нешто, ама од некој од помладите на форумот а не од тебе! кажав мое мислење што ја мешаш Рома
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
очекував вакво нешто, ама од некој од помладите на форумот а не од тебе! кажав мое мислење што ја мешаш Рома
Па како да не ја мешам, како можеш да навиваш за Јунајтед кога 2 пати ве елиминира едно по друго. И јас да бев на твое место исто ќе размислував.
А се вмешав зошто напиша дека освен Лузерпул, другите англиски меѓу кои и Светскиот и Европскиот Шампион ги мразиш, така да мора да ти опнам реплика!
 
INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
очекував вакво нешто, ама од некој од помладите на форумот а не од тебе! кажав мое мислење што ја мешаш Рома
Што очекуваш кога пишуваш дека го мразиш клубот за кој шо он навива?
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
8.810
Па како да не ја мешам, како можеш да навиваш за Јунајтед кога 2 пати ве елиминира едно по друго. И јас да бев на твое место исто ќе размислував.
А се вмешав зошто напиша дека освен Лузерпул, другите англиски меѓу кои и Светскиот и Европскиот Шампион ги мразиш, така да мора да ти опнам реплика!
абе човек сам си го местиш Јунајтед кај сум спомнал конкретно нешто за Манчестер, отсекогаш сум ги нејќел Англичаните(освен Ливерпул) и пред Рома да се сретне со Манчестер, според тебе треба за Челзи да навивам бидејќи Рома го победи со 3-1, а да го мразам Манчестер бидејќи два пати ја елеминира Рома!! и јас само кажав мое мислење, ај не прај бош муабети на 27год. :helou:
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
абе човек сам си го местиш Јунајтед кај сум спомнал конкретно нешто за Манчестер, отсекогаш сум ги нејќел Англичаните(освен Ливерпул) и пред Рома да се сретне со Манчестер, според тебе треба за Челзи да навивам бидејќи Рома го победи со 3-1, а да го мразам Манчестер бидејќи два пати ја елеминира Рома!! и јас само кажав мое мислење, ај не прај бош муабети на 27год. :helou:
За мене не е бош муабет да си го бранам клубот. Такви како тебе има со лопата да ги риниш, кој што навиваат за 10 клубови зошто нивниот клуб е боза.
Навивам за клуб од срце и спремен сум да одам до таму да направам се да го одбранам, дали имам 27 или 77. Ти не знаеш ништо зошто не навиваш за Јунајтед:toe:
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
8.810
Што очекуваш кога пишуваш дека го мразиш клубот за кој шо он навива?
јас кажав општо за англиските тимови(освен ливерпул од водечката 4-ка) дека ги мразам и дека во случајот би ми било мило Барса да стане шампион што тука не е јасно!!

За мене не е бош муабет да си го бранам клубот. Такви како тебе има со лопата да ги риниш, кој што навиваат за 10 клубови зошто нивниот клуб е боза.
Навивам за клуб од срце и спремен сум да одам до таму да направам се да го одбранам, дали имам 27 или 77. Ти не знаеш ништо зошто не навиваш за Јунајтед:toe:
браво го одбрани твојот клуб!!! само незнам од што го браниш и од кого!! јас ти кажав не спомнав ништо посебно за Манчестер
а тоа за каков клуб навивам тоа е мој проблем
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
И ја ги нејќам италијанските клубови па куро не ми порасна поголем :toe:

Ај малце „експертиза“:
Барселона - Челзи
Цврст натпревар, со многу шанси и убави потези. Барса сите ја сметаат за непобедлива, меѓутоа, Челзи игра подобро на гости. И Енфилд беше неосвоив. Очекувам многу од Меси и Чави, како и од Лампард и Дрогба, а во одбраната главниот збор да го имаат Пујол и Тери. Е сега, мислам дека ќе биде нерешено, и тоа 2-2. За реваншот, рано е да се зборува.

Манчестер Јунајтед - Арсенал
Два квалитетни тима, секогаш силниот Манчестер Јунајтед, со тактичар како Сер Алекс Фергусон, и играчи како Кристијано Роналдо и Руни, против младиот тим на Арсенал. Не се знае, но мислам дека Олд Трафорд и ѓаволската публика ќе имаат пресудно значење. Очекувам многу тактизирање и еден гол, претпоставувам во мрежата на Алмунија. И за реваншот, абе пак е рано да се зборува.
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Ај и јас да дадам свое видување за натпреварите:smir:

Барса-Челзи:
Барселона прв пат во овогодинешната ЛШ ќе се сретне со сериозен противник, кој доаѓа од посилна лига и кој е доста мотивиран по елиминацијата на Лузерпул. Голем фан сум на играта на Барса но едноставно мислам дека Челзи нема да дозволи Барса да се размавне. Можен е и фластер(според мене) од Есиен за Меси па меси и да не го видиме.
Значи тежок натпревар, прогнозирам реми или минимална победа на барса од 1-0 или 2-1

Манчестер Ј.-Арсенал:
Исто очекувам неизвесен дуел, голема борба и многу стартови, но и убави потези со оглед на тоа каква игра и какви играчи имаат двата тима. Јунајтед е секогаш во предност кога игра дома на Олд Трафорд, така ќе е и сега но мора да се претпазливи домаќините зошто поучен од годините наназад, не победува секогаш подобрата, туку поминува посреќната екипа.
моја прогноза 1-0 или 2-0 :smir:
 
LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Ај и јас да дадам свое видување за натпреварите:smir:

Барса-Челзи:
Барселона прв пат во овогодинешната ЛШ ќе се сретне со сериозен противник, кој доаѓа од посилна лига и кој е доста мотивиран по елиминацијата на Лузерпул. Голем фан сум на играта на Барса но едноставно мислам дека Челзи нема да дозволи Барса да се размавне. Можен е и фластер(според мене) од Есиен за Меси па меси и да не го видиме.
Значи тежок натпревар, прогнозирам реми или минимална победа на барса од 1-0 или 2-1
Главната опасност доаѓа од три играчи. Меси, Иниеста и Чави. Мора да мислат и на другите двајца. Ако ги затворат сите три играчи, тогаш неможат да се придржуваат до тактиката, затоа што ќе трчат по играчите. Нема теоретски шанси да се случи такво нешто. Сепак Хидинг е голем тактичар и ќе излезе со некоја тактика за да не прими гол.
Како и да е вечерва очекувајте добар натпревар...
 
F

fantomX

Гостин

Хидинк ако излези со тактика „да не се прими гол“, ќе ги прими барем три, и то уште на полувреме. Најпогубната тактика за спротиставување на Барса (осоебно овосезонскава Барса) е таквата тактика.
Зонска одбрана, освен можеби со директен фластер на Меси. А можи ни то. Главната цел на Челзи треба да е погодок(-ци). :toe:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Мислам дека Хидинг нема да се одлучи да игра фластер на Меси ниту пак да го удвојува затоа што при една грешка при удвојување ќе се отвори огромен простор за Иниеста,Чави, Ето или Анри и се знае после што ќе следува.
Битно е што ќе гледаме одличен натпревар па нека победи подобриот иако мислам дека и на 2 утакмици ќе одлучуваат нијанси.

VISCA EL BARCA
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Вечер очекувам фантастичен натпревар, голем меч ќе биде ова, според мене предноста е на страната на Барса, пред сè заради домашниот терен, но не верувам дека може максимално да се разработи машината нивна, Челзи нема да го дозволи тоа. Ќе има огромна борба на теренот во секој случај.
Очекувам минимална победа на Барса.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom