Барселона : Челси 0:0
Од вчерашниот натпревар очекував многу. Но, и играчки и резултатски бев разочаран. Двата најефикасни тима во четврт финалето не успеаа да постигнат гол. И што е уште поинтересно, Барселона повторно во полуфинале не успеа да даде гол дома, и тоа повторно против Англиска екипа. Колку не е поволен резултат тоа, може да се согледа преку фктот дека, во европските купови, Барселона само три пати не постигнала гол дома, а ги изгубила сите (против Ливерпул, 2001, против Манчестер Јунајтед, 2008 и сега против Челси).
Сепак, шансите на двата тима повторно се 50 - 50. Оти и за двата тима не претставува голем хендикеп гостинскиот терен и постигнување голови. Сеуште се е отворено.
Манчестер Јунајтед : Арсенал
И овде очекувам брз и динамичен фудбал со многу голови. И двата тима секогаш кога играат меѓусебе се доста ефикасни. Нема да го прогнозирам резултатот, да не излезам пристрасно. Сепак, нека победи фудбалската игра!!!