За да не се претвори темава во место за мајтапење со името Божјо, ајде да поедноставиме:
-Отецот го роди Синот, во небесниот, духовниот Свет, пред да почне времето. Синот Божји нема биолошка мајка.
-Синот Божји, по волјата од Отецот, слезе во овој Свет и стана човек, земајќи го телото, душата и духот од човекот Исус. Така, Синот Божји се очовечи.
-човекот Исус е роден безгрешно, преку осенувањето од Светиот Дух, од Богородица, без биолошки татко. Преку Исус, Синот Божји прејде од духовниот во материјалниов Свет.
Што е тука нејасно?