Дали некој знае кој му е на Исус Христос татко?

R

reactive89

Гостин
реков според еволуцијата не спомнав свет дух
Хихи, еволуција... хахаха... прашање: Докажана ли е еволуцијата или е само теорија од дедо ти Дарвин???
Свети Дух, јас спомнав, повикувајки се на библијата која итекако е вистинита :)

Магде, тука сум ти ајмо на дискусија... :zlo:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Магде, тука сум ти ајмо на дискусија... :zlo:
Сеа го видов предизвиков..
Ајмо до кај беше муабетот..?
За душата и бесмртноста,така?
Ти сеуште тврдиш дека не знае нишо душата рајт?
 
R

reactive89

Гостин
Сеа го видов предизвиков..
Ајмо до кај беше муабетот..?
За душата и бесмртноста,така?
Ти сеуште тврдиш дека не знае нишо душата рајт?
Добро е, дојде на време... :pos: се шалам... инаку спремена за дискусија, м? и јас :)

Бесмртност имаш само ако веруваш ИСКРЕНО во Бога... тоа значи дека после овој живот на кој сме јас и ти и сите други само едни гости на земјава... што значи дека нашето место е таму горе, но само ако веруваме искрено во Бога и ако ги следиме неговите патишта...
Инаку вака, сме само едни бескорисни смртници... :nesum:

Душата... што останува до неа, јас цврсто стојам дека она ништо не знае се додека ти не ја научиш на работите... објаснив што како за душата наназад некои страни, нејќам да се навраќам... се си има пишено од шо како и зошто...

Според тебе душата знае се...
Ќе ти поставам неколку прашања...

Ако знаела душата се, зашто не ми кажала некој момент испред да ја направам сообраќајката и тешко да дишам подоцна, за да знам да не се качев во таа кола и да напраам некоја отстапка?
Ако знае она се... зошто не ми каже што ќе ми се деси следниве 5 дена... или ете следниов саат, ако и е мака на душата да ми опише се што ќе ми се деси следните 5 дена...?

Да знаела душата се, па и немаше зашто да живееме на светов... и како прво немаше никад да сме возбудени или среќни или тажни или што ти не знам, друго.... надежни за понатака...
Нели душата знае се... нека ни проговори бе, барем нема да стојам нетрпелив за некои работи... барем ќе си знам испред... нели?

Стојам на тоа дека душата незнае ништо се додека ти не ја научиш на работите... на тоа дека душата нигде не прошетала додека јас не се родив, и на тоа дека душата нема никаде да оди ако она не верува и се надева искрено на Бога!:smir:

п.с. ти стаив жарче, разгори ја дискусијава... фајнли...:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Колку тажно размислување.Зошто се сметаш себеси за бескорисен смртник?!?
И зашто тогаш се мачиш да живееш на земјава и да имаш сообраќајки и сл. кога таму некаде те чека бесмртен и безгрижен живот?!
Зашто Бог тогаш би не ставил на земјава кога е бескорисно,освен ако не сака безмилосно да не малтретира..
Што е до душата.Јас ти кажав убаво дека душата знае се,а не дека душата ја предвидува иднината.:)
И зашто на нешто совршено како душата би и се скрило било што!?Таа единствена од сите навистина знае се,само ние сме премногу ограничени за воопшто да се обидеме да дознаеме што таа знае.
А и конкретно тебе,и душата да ти прозбори ти посекако нема да ја чуеш,нема да и веруваш..премногу си ограничен..скептиче.. си се обидел воопшто некогаш да разговараш со твоата душа?Да ја почувствуваш? Да ја прашаш било што?
И пак,тебе никој на светов нема да те научи на сите набројани чувства,едноставно чувствата не се учат,ги имаш во себе заедно со душата.Или еве ако толку тврдиш дека може да се научат чувствата,биди добар и научи ме на некое.

Ние на светов доаѓаш у пакет три во едно.Тело,ум,душа.Жално е тоа што дозволуваме душата да биде на трето место и над нас да владеат умот и телото.
 
За бескорисниот смртник збор ми беше кога не верува во Бога... нема никаква цел во животот нели? тоа е тоа што човекот многу често го греши... и залудно го троши подарениот живот, со кој тој самиот си игра... Бог ни го дал животот на земјата за на некој начин да му докажиме оти сме го заслужиле... како? едноставно следејќи ги неговите патеки и што е најважно живеејки го животот праведно и како што е наменет за живеење...
Зашто според мое мислење животот е краток, и не е шала па како што знаеме ние да правиме во него цело време да лудуваме и да правиме белји... нели изреката... што ќе посееш тоа и ќе жнееш... буквално истото и е тука... ако ти си го заслужил небесниот живот и ќе го имаш, зашто сегашниот живот праведно го живееш... (праведно-општ поглед), а ако сега си играш со животот... на крај како резултат он ќе се поигра со тебе...
Инаку пак ќе се повикам на минатиот пост... Бог тебе ти го подарил животот... ти имаш своја волја дали ќе го следиш него... дали ќе му веруваш... повикувајки се на оваа реченица, јас ќе потврдам оти Бог е премилостив кон нас и ќе кажам дека Тој не не поставил бескорисно на земјата... и сеа ќе се прашаш па како тоа? - па така лесно... ние си го правиме животот бесмислен... Тој има смисла... само што често ние ја утнуваме таа смисла... или можеби намерно ја одбегнуваме зашто нели делата на ѓаволот се попримамливи и подобри и секако нема никакви правила па и полесен е за живеење, нели? нема зашто таму да се грижиш дали ќе направиш грев или не... ама на крај секад бостанот си го береш...
Во врска со болдираното... пак ќе ти кажам, не одбегнувај... Ако душата знае се... тогаш и иднината ќе ја знае... а нема да ја предвиди... нели знаела се...? или сега ќе постане: знае до тој ден во кој живееш? а? :nenene::nenene::nenene:
размисли малку, ако таа знае се, ќе ја знае и иднината... во тој случај зашто не ми кажала да избегнам ситуација? нели знае се?:uvo:
Инаку за разговорот со мојата душа... да често си разговарам :) како тоа? па така... ја научив дека Бог е тој кој што треба да ја има, а не материјалните добра и околината... па ако Бог ја поседува, тој и во неа живее... нели? така да често си зборам со мојата душа... не зборам со свеста, не не не... него со мојот Бог кој ме возљуби и кој ме сака, кој ми даде живот на кој сум итекако благодарен, кој ме учи на многу работи и да... верувај или не и често ме кара кога не сум му послушен... си зборам со мојата душа, зашто мојата душа му припаѓа на Бог, и Бог живее во неа...
А бидејки ти си големка имаш 19 години веќе... и ги имаш сите чувства придобиено и ги разбираш во потполност... нема што да те учам... т.е. тие и не се учат тие се придобиваат, душата ти се надградува сознава нови работи кои понатака ќе ги користи...
Ако уше сметаш на тоа дека душата постои, кажи ми едно... ќе кажам еден глуп пример, но мислам оти е добра парабола...
Сите знаеме од што се состои компјутерот нели? најважни делови му се хард дискот, процесорот и рам меморијата...
Земи го процесорот нека ни е срцето... рам меморијата да е нашиот ум... душата е хард дискот... да те прашам нешто... хард дискот кога го вадат од фабрика има нешто на него? било какви податоци? јас како што учев и како што знам нема... зашто тоа е нов продукт кој е подготвен штом излезе од фабрика да прими информации со кој ќе работи... со кој да речеме ќе живее понатака... тогаш тој хард диск, доаѓа до сервис, му ставаат драјвери, го оптоваруваат со виндовс - наречен живот... и го пуштаат во промет... како таков продукт ти го купуваш целосно компјутерот... ако нема никакви програми во него, и ти му кликнеш да свири некоја песна, ќе свири ли тој? или ете сакаш да едитираш професионално некоја слика, кликнеш на сликата, ќе ја едитираш во пеинт... но тоа е нешто сосема аматерско и скоро и ништо да неможеш да правиш... ти треба фотошоп нели... ама чекај... нема никаква програма во него... тука имаме проблем нели? не ќе можеш да ја едитираш во фотошоп... затшто компјутерот ја нема таа информација... треба да му ја инсталираш за тој да ти даде можност да едитираш во фотошоп... грешам?
Истото се дешава и со душата... се вади од фабрика ко готов продукт... чека на информации... ги добива информациите и понатака работи свесно и добро и располага со секаква информација за некад понатака во животот ти треба и ја користиш....

п.с. забегав со компјутерството на постов... али глуп пример од моја професионалност...:toe:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
го избришав цитатот за да не се повторува
Треба да му докажувам на Бог дека сум го заслужила животот!?!?
Не.јас сум му благодарна на Бога дека ми подарил живот,но верувам дека е семоќен и дека кога ми давал живот-знаел шо прави.
Инаку јас не реков дека Бог не поставил бескорисно,но тоа ми делуваше како заклучок од она што го кажа дека сме само гости на земјава.....

Што се однесува до Ѓаволот-јас не верувам дека он воопшто постои.Така да се што е за него и околу него за мене е апсурдно.

За душата.Прво-не знам зашто под „се“ подразбираш и предвидување на иднина.Ама ете нека ти биде,душата нека ти ја кажува и иднината..ама зарем доколку ти би знеш што ќе ти се случи низ животот,во месецот или наредниот ден ќе ти биде поубаво?полесно?
Навистина сакаш да ја знаеш иднината?Зарем ќе биде вредна за живеење онака како што е вредна без да ја знаеш?
Каде ќе ти биде искуството низ кое треба да пројдеш?
Нели е поубаво сам да го пробаш вкусот на јаготките одколку јас да ти го опишам?
Нели е поубаво сам да паднеш и да си го исгребеш коленото отколку јас да ти кажам дека-боли-!?!

И Бог ја поседува твојата душа!?Значи ти си роб!Каде е слободната воља која ни ја даде Бог?

Инаку споредбата со компјутери е ноу-сенс..Како можеш да споредиш компјутер со човек не знам..:nesvest:Воопшто не е исто.Ние размислуваме,работиме како и кога сакаме,што сакаме.
Компјутерите(и се шо наброја)се управувани од нас.значи некој команда со нив.Дури „спијат’’ кога ние ќе посакаме...
 
A

ateist

Гостин
Треба да му докажувам на Бог дека сум го заслужила животот!?!?
Не.јас сум му благодарна на Бога дека ми подарил живот,но верувам дека е семоќен и дека кога ми давал живот-знаел шо прави.
знаеле што прават мајка ти и татко ти (ако не бил пијан де )

они ти подариле живот ...
они сметале дека треба да живееш да не те абортираат..дека заслужуваш да постоиш

они ти мењале пелени додека си била бебе
они трепереле над тебе кога си била болна
они те носеле по лекари........а некакви богови
они те школуеле хранеле поеле..............

ШТО ПРИПИШУВАТЕ РАБОТИ НА ДРУГ ШТО НЕМА ВЕЗЕ СО ВАС
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
знаеле што прават мајка ти и татко ти (ако не бил пијан де )

они ти подариле живот ...
они сметале дека треба да живееш да не те абортираат..дека заслужуваш да постоиш

они ти мењале пелени додека си била бебе
они трепереле над тебе кога си била болна
они те носеле по лекари........а некакви богови
они те школуеле хранеле поеле..............

ШТО ПРИПИШУВАТЕ РАБОТИ НА ДРУГ ШТО НЕМА ВЕЗЕ СО ВАС
А ти ако толку веруваше во ова што го напиша,немаше да се замараш со Господ толку,немаше да си ја остаиш младста во подфорум религија и немаше на памет да ги знаеш сите свети книги.
ЗАШТО САМ НА СЕБЕ СИ ПРЕПИШУВАШ ОСОБИНИ КОИ САМО САКАШ ДА ПОСТОЈАТ,А ВО РЕАЛНОСТА ГИ НЕМА?
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
е сега кој муе татко на Исус,тоа неможе да се каже со сигурност! може дае и некој римски легионер пошо мелиот е вонбрачно дете, а мајкаму Марија смислила добра приказна како оној тишлерон,даја земе за жена и даму подметне копиле,значи никога нема дасе знае таткото на Ристета
 
R

reactive89

Гостин
@Магде

Пак ќе се свртиме вкруг :)
Бог мене ми подарил живот да го живеам... се согласуваме нели? се беше совршено додека ѓаволот не ја излажа Ева за дрвото на доброто и злото... од тука крајот доаѓа дека тој ја излажа Ева за да постане како "Бог", со што тој не лаже нас, за своја цел... целта, да не уништи целосно... како така, ама на негов посебен начин...
Откако нас Бог ни дарил живот, тој одкако се појави ѓаволот ни даде слободна волја, а тоа е дали ќе сакаме да бидеме со него или ќе бидеме под лажотиите на ѓаволот... од тука излезе и пеколот и рајот...
Бог да, ми ја поседува душата, зашто ја сознав вистината дека тој мене ми подарил живот и толку ме засакал што умре за мене... зашто јас да не дозволам Тој да живее во мојата душа...? кога веќе ја знам вистината и знам оти ме засака, и знам оти ми мисли се добро, нели? Јас одлучив Него и Неговите стапки да ги следам, дозволив да Тој влезе во моето срце и ме води во мојот живот... А јас, НЕ СУМ МУ РОБ! тоа да го разбереме... зашто јас сеуште ја имам својата слободна волја и се останува на мене што јас да одлучам... Тој, Бог, Тој мене ќе ми даде совет... но на мене е дали јас ќе го прифатам или не, а на крај секако тоа ќе се резултира во мојот живот, дали добро дали лошо... не навлегувам во тоа, зашто се зависи од нашиот избор...
Заклучок, не сум роб... имам слободна волја, ако сакам ќе го следам Бога ако не нема... ако сакам ќе правам нешто, ако не нема... но за се тоа си има свој резултат...

Друго... примерот со компјутерот е стварно глуп, но кога ќе размислиш мааааалку повеќе ќе видиш колку тој глупав пример има допирни точки со нас како луѓе и со нашиот живот... Се е смислено во парабола... размисли малку подобро и ќе видиш дека срцето без умот и душата не работи потполно или воопшто... а истото е и со процесорот рамот и хард дискот...
Пример... пак ќе е во тој стил... значи вака:
Знаеме дека луѓето ги создал компјутерите така?
Параболирај го тоа... човекот да е Бог, компјутерските делови се состав на човекот... зарем не е исто?
Бог не создал нас, ни дал душа срце и мозок со кое ние располагаме... но како и ние што го создаваме компјутерот од тие делови хард диск, процесор и рам... тие од фабрика ги вадиме без никакви информации во нив... истото и со создавањето на човекот... Тој не создал ни дал живот... но на почеток не располагаме со никакви информации... што е и многу логично и нормално... а како се добиваме е преку околината...
Пример за околина... да замини ти пример во странство, ќе преземеш многу работи од нив... врати се за некое време назад, ќе почнеш да размислуваш ко нив, и ќе видиш разлика од нас и од нив... значи околината многу значи и многу учи на се...
Инаку за душата... ти од минатата година ми викаш дека таа знае се... а под се како што знам јас подразбира буквално СЕ...
Иднината.. па и да ти кажам, некои моменти и делови и сакам да ги знам... за да сум спремен на нив... а и може и предвреме да се радувам, или да тагувам, а може и ќе треба некои работи да ги сменам кон некои личности... Напротив... иднината е и интересна бар за мене да ја знам... колку толку... ама не многу... ипак и вака и така ќе биде искуство...

Друго прашање што се однесува на погоре наведените постови на другите форумџии...

@Атеист...

Викаш мама и тато ме создале, се согласувам... нив ги создале нивните родители се согласувам, пак нивните родители ги создале нивните... и се така и пак доаѓаме до почетокот каде што е убаво опишано дека Бог им подарил живот на Адам и Ева... Адама го создал на земи, му вдахнал живот во него, потоа го натерал да заспие па од едното ребро ја создала и Ева... заклучок... и не ти држи вода сепак тоа... Ако тргнеме од почеток ќе видиме дека Бог на сите ни подарил живот дури и на тебе, замисли... Тој ги создал мама и тато за тие нас да ни дадат живот по негова волја... знаејки ја иднината и понатака...

Друго што во последно време премногу ме изреволтира...

По форуми и вака јавно зборите Господ ова, Господ она... па шо мајка барате во црква за Божик или за други празници... нели Господ не постои во 364-те дена, па само на тој 365-ти ден постои за вас?
Тука одма прекршувате/ме една божја заповед... НЕ ГО СПОМНУВАЈ ИМЕТО БОЖЈО НАПРАЗНО И НЕ ГО ИЗЛИШУВАЈ ИМЕТО НА БОГА!

Од старт правиме грешка... грев...

Друго... ако ете му веруваме на Бога (зашто нели и таквите не има) зошто не одвоиме мааалку време секојдневно на Него, да се молиме или да прочитаме дел од Библијата, но ете често се вадиме со таа изрека "Абе знаеш едвај наоѓам време да заглеам телевизија, но и тоа во последно време не ми иде баш..." Па мајко му стара... ако толку ни значи Бог, ќе си одземеме време од телевизија бар пет минути или од нашето скапоцено време на спиење, и ќе му посветиме на Него малку... Освен тоа, ако му веруваме на Него, нема да отидеме во црква само за Божик, него ќе идеме секоја недела... зашто нели и во божјата заповед пише: Работи го секој ден, а 7миот ден одмори го како што твојот Бог го одмори и посвети му го на него!

Пак прекршуваме заповед... пак грев...

И да, искрено... не ја знаеме ич Библијата... и зашто пример не почнеме почесто да ја читаме... па да збориме на поконкретни и подобри теми за дискусија, него се нафаќаме за нешто што веќе има тотален одговор уште од пред наше време, а се правиме слепи оти нема... Искрено, ако сакаме добра дискусија да се јави, ќе се јави како што збориме јас и Магде... дури и се јадеме по некад и се нервираме, но еј тоа е целта на добрата дискусија... а не некој што си нема фајде од Библијата само нафрла некои работи кои тотално не држат вода, а и за истите постои одговор кој е пронајден од пред наше време...:smir:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
е сега кој муе татко на Исус,тоа неможе да се каже со сигурност! може дае и некој римски легионер пошо мелиот е вонбрачно дете, а мајкаму Марија смислила добра приказна како оној тишлерон,даја земе за жена и даму подметне копиле,значи никога нема дасе знае таткото на Ристета

Постов ти е школски пример за богохулење.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Татковствовство може да се утврди преку ДНК. Значи ако има Исус ДНК како Господ онда е Господ татко на Исус, ако е на Јосиф, тогаш е на Јосиф..... и така натаму.
Ко сме кај крвта, што мислат верниците, која крвна група беше Исус. А, Б, 0....... која крвна група би била најбожествена и благословена?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom