Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
не се дебилни, баш е во исти стил како вашето, па да видите како звучит,--јас само го подржувам вашиот бојкот и мислев дека тоа е тоа што сакате да го слушнете:baeh:
Фала за поддршката. Седи, еве ти кајче.

Видовме како звучи. Уште еднаш заклучивме дека таквите размислувања се дебилни.

Назад на дискусијата.
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
божем само Охрид е туристичко место дојдете на езерото Младост кај Велес секогаш има народ, убаво е за бањање итн, потоа Дојран поубаво здравје
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
не бе незнам... стварно неможам да сфатам...
ние македонциве ги јадеме? ги дереме? што им прајме па што не не сакаат...
со 100 евра сме иделе јбг толку имаме... странците идат со појќе
али нас за тие 100 евра има да не преебете у мозок а странците тие 500 евра да земеме низ нос ќе ви ги извадат...
и во соба со минимални услови знаеме да поминеме додека оди странцине стај ги така
Вие прво сте МАКЕДОНЦИ па после охриѓани само тешко кој го сфаќа. умре она сите за еден-еден за сите
мислите дека ако имате езеро Господ за јајца го фативте?
иако сте себични еден ден ќе сфатите дека сеуште од нас живеете... немате уште капацитет да живеете од странски туристи
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас сум гневен на охриѓани што дозволија каменот(кој векови стои) од чаршијата да им го сменат со никаков мермер кој ја нагрди убавината на градот...онаа автентичната...
Александар Петрески ќе го враќа каменот на старо место,мермерот не е за во чаршијата,барем за убавината на градот.
Има милион работи што треба народот во Охрид да ги сменат,ацид ги наброи неколку од нив,но бојкот на туризмот значи бојкот на самите себе.Може да се создаде фонд за едукација на Охриѓани,верувам и дека ако Македонија не отиде една година на одмор таму ќе им ги затвори големите усти и самоувереноста,но ваков драстичен чекор не ми е добра идеја.Охрид е на цела Македонија,јас го чувствувам градот како мој има и добри охриѓани.
Но сакам да повторам дека имаат доста да учат за туризам,каде основно правило е "клиентот е секогаш во право".
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
А ти вака како претставник на охридските тур оператори ова го збориш или :toe:...да бидеме реални се е точно после да не се жалите дека во Скопје кириите се скапи :pos2:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Пред точно 4 години бев последен пат во Охрид а пред тоа бев во Анталија во Турција. Дупло повеќе потрошив на недела дена во Охрид отколку 10 во Анталија во првокласен хотел. Вака баш и друга земја ќе видиш, ќе рашеташ, Троја, Босфор, Дарданели, Истанбул.

Што е тоа хамбургер 80 денари? На сликата изгледа па се фатени во ефтина тарифа, верувам дека сега е поскапо.
Ми се оди во Охрид само затоа што ме влечат спомени, потеклото, убавото време навечер, ама кога ќе ми текне на гостопримството ми се повраќа. Прво велат по телевизии Скопјанишчана не чинат, а потоа кога ќе се симнеш од автобуска те следат и ти викаат : Сакате смештај дечина? Ефтино е, по 300 денари.
Сфаќам дека има незгодни туристи, невоспитани, недоквакани, ама тоа не е причина со сите така да се однесуваат. Како ќе се однесува туристот, така ќе се поставиш и ти како домаќин. Секој со своја приказна.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Јас сум гневен на охриѓани што дозволија каменот(кој векови стои) од чаршијата да им го сменат со никаков мермер кој ја нагрди убавината на градот...онаа автентичната...

На што личи тоа? Никој не се побуни, ниту па рече некој нешто, а Германците убаво го преплатија тој камен, и сега тие ќе си ги разубавуваат патеките со него...

Ама ако, тие не само што не сакаат туристи, тие ни градот не си го сакаат. Ова го кажувам колективно, бидејќи да не беше така, денес ќе шетавме по убавата чаршија на охридскиот камен кој дата не му се знае од кога е...



А кога последен пат си бил по тие краеви, за да видиш што конкретно нудат нивните сместувалишта?
Искрено во Мариовско не сум бил одамна, по Пелистерските села сум секој втор викенд. Едно е викенд, друго е оставање на котвата таму по две недели.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Еј супер...
Ако го нејќете Охрид,повелете во Грција.
Таму ќе бидете фино пречекани,ај тинк?
Добро,типична скопска особина.Нонстоп мора нешто да не чини,а нарочно нешто у Охрид.И ипак,секоја година сте повторно и повторно таму.Why?
Ако беше до толку смрдливо,немаше да треба да се организирате за да направите бојкот.Едноставно,луѓето ќе престанеа да одат и крај.Толку.Не е само Охрид туристичко место во Македонија.Има и други,а и никој не е присилен да оди таму,а сепак сите одат.И сеа не ми е јасно,зошто толкава тензија?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Еј супер...
Ако го нејќете Охрид,повелете во Грција.
Таму ќе бидете фино пречекани,ај тинк?
Ако ја изоставам аверзијата што ја имам према грција, гостопримството им е далеку поубаво од она во Охрид.
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
А кога последен пат си бил по тие краеви, за да видиш што конкретно нудат нивните сместувалишта?
Прашање на место.Тие предели за коишто зборува Јове_Бт ја имаат потребната инфраструктура за квалитетна услуга на посетителите.Во маврово,поточно во Маврови Анови и Леуново има мноштво на одлични хотели и приватни сместувања.Пределот за мене е најубавиот во Македонија.Во Дојран исто така се работи интензивно на привлекување на туристи.Јас лани поминав една седмица во Дојран и си пројдов прекрасно.Водата во езерото е вратена,плажите се средени со места за освежување шанкови,барови и сл.Цените се далеку пониски во споредба со Охрид.Сместувањето е прилично ефтино 200 до 250 ден од легло.Луѓето се љубезни и услужливи.Веќе е развиена и солидна туристичка понуда.

Нашата татковина има многу да понуди освен Охрид.Мојов мал осврт не го напомена селото Брајчино во Преспа што за мене е рај божји,и Преспа генерално земено што исто така има што да понуди,Пелистер,Галичник итн.

Ја поддржувам иницијативава во целост.
 

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
Иначе не знам само кој од кој зависи, ние преку цела година сме скопје на студии, и таму дефинитивно е поскапо цели 9 месеци за живот, отколку тие два во охрид, и тоа за одмор.... темава стварно немат никаква смисла...и не сфаќам зошто ми биле репликите дебилни , изгледа очекувате да ве молиме да не посетите..:nesum:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Препрочитај уште еднаш.
Маврово не е исто со Мариово. За Мариово зборев јас.

Иначе еве пошто толку сте заинтересирани, слободно наминете некој викенд па да ве прошетам. Трново и Магарево или од другата страна, Љубојно, Брајчино. Пред три години имаше некоја акција од владата за промоција на планински туризам, па многу од овие пелистерски села накренаа, имаше доста туристи. Странски, не видов ни еден скопјанец а ете сите сте ги знаеле и сте биле запознати со условите кои ги нудат и со инфраструктурата... и со се. Маврови Анови бе. :S
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
очекувате да ве молиме да не посетите..
Се надевам дека барем еднаш во животот охриѓани ќе сфатат дека НЕ е ова поентата!

Се надевам дека ќе сфатат дека се работи за критика бидејќи ако некој секоја година труби за една иста работа, тогаш треба навистина да ставите прст на глава и да размислите зошто истата приказна!

Аман!

Ако е се во ред, со гостопримливост, услуга итн -НЕМА ДА ИМА ЗОШТО ДА ГО КРИТИКУВАМЕ ОХРИД!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ако е се во ред, со гостопримливост, услуга итн -НЕМА ДА ИМА ЗОШТО ДА ГО КРИТИКУВАМЕ ОХРИД!
Гоце е присутен на темава зш во Трпејца му дале хамбургер во лепче од житолеп, а не во Лајбица.:pipi:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Иначе не знам само кој од кој зависи, ние преку цела година сме скопје на студии
Со парите од Скопјачиштата : )

Затоа што туримот е основната дејност за градот. Немој да кажеш дека е индустријата :)

Башка, бројот на Охриѓани студенти (и кешарицата која ја оставаат) е неспоредливо мал во споредба со сите Скопјани кои доаѓаат во Охрид преку лето.

Но, тоа не е воопшто битно во случајов, битното следи подоле...
темава стварно немат никаква смисла...и не сфаќам зошто ми биле репликите дебилни , изгледа очекувате да ве молиме да не посетите..:nesum:
Има, има, темата е логична последица на дебилни реплики од самите Охриѓани, дадени како одговори на најдобронамерни забелешки што треба да се корегира во Охрид за туризмот да биде пристоен.

И сум рекол, освен на гости кај драги пријатели од форумов кои се во Охрид, да дојдам на одмор таму нити мислам, нити ми паѓа на памет.

За иста цена имаш море (Јадранско), а за поефтино ја имаш Струга, Преспа, Дојран...барем нема да се нервираш во гужви со копиљаци на плажа, нема да се нервираш затоа што нема кај да паркираш и ќе изиграваш пешадија иако си дошол на одмор со кола (тоа поради развиената инфраструктура, која е подготвена да ги прими туристите), нема да трпиш безобразни испади...

Кој се жалел досега, а кој повторно ќе оди е глуп. Кој ќе оди повторно, да не писнал ако повторно е фрустриран.

Кој не направи банер за кампања на главна - еве на.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom