Гласај: Бојкот на Охридскиот туризам: Сложно, да "неидаме"!

Чисто да се преброиме, колку луѓе се подготвени да го бојкотираат.


  • Вкупно гласачи
    247
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Ако толку плукате по Охрид, зошто се враќате секоја наредна година?
Сериозно луѓе, што ви е? Ќе бидете еднаш сложни?

Ајде, баш да видиме една година каков ефект ќе има овој експеримент на охридскиот "туризам".
Наредната 2009-та, да се организираме што е можно повеќе туристи да заборавиме на Охрид. И онака се што прочитав до сега на останатите теми укажува на тоа дека охриѓани не ги сакаат македонските туристи, туку странските. Ние сме „сељачишта“ во ситуацијава, они се џедаи на модерниот туризам, можат без нас и поубаво им е со странци.

Наместо Охрид, предлагам да се се префрлиме во Дојран и Преспа.

Мора да се менува нешто. Не се свесни, но темава е за доброто на сите Охриѓани. Ќе преживеат една година само со странски туристи. Очигледно уште од мали нозе, на кајче, им се кажува за лошотилукот на „скопјанчишчата“. Мора да се искорени менталитетот кој секој година тера се повеќе Македонци да се заколнат дека повеќе никогаш нема да го посетат Охрид.

Иако ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ укажува на тоа дека охриѓани имаат проблем со сместувањето, гостопримливоста, плажите, таксистите, цените (и тн..), сепак охриѓани имаат образ да размислуваат на овој начин:

Никој не ве тера да се возете со такси,
Не тераме никој да доаѓа... искрено- се повеке осеќаме дека домашните „туристи“ се повеѓе ни пречат...
ако не ви одговарат, како и секојпат шо е, зошто пак Охрид идате?
.
Има уште еден куп цитати, кои од темава и темава, кои ја навредуваат интелигенцијата на македонската јавност, ти маваат заушка и ти викаат: "НЕ ОДИ ВО ОХРИД!".

Наредниве 10-12 месеци ќе го посветам своето слободно време на организирање масовен бојкот на охридскиот туризам за сезоната 2009. Верижни писма, спам, муабети по луѓе, промовирање на туризмот во Преспа, Дојран, Пелистер, Колешино, Мавровското Езеро и останатите прекрасни места со прекрасен и гостропримлив народ. Во план се активности во соработка со неколку невладини организации за организирање масовен бојкот и пренасочување на македонските туристи на овие локации.

Ќе биде отворен и фонд за едукација на охридските туристички работници, во кој сите граѓани од Македонија ќе може да учествуваат со парични средства (искористени за образование и туристички конвенции во Црна Гора и Бугарија на кои ќе може да присуствуваат охриѓани), како и една „магична книга“ со идеи за подобрување на туристичките прилики во Охрид.

Исто така, летово ќе има РЕАЛНА репортажа од Охрид во која ќе бидат наведени сите маани на охридскиот туризам. Цени, однос на продавачи, услови по станови, куќи, ресторани, плажи, ноќни клубови, сендвичари, фискални сметки, таксисти - со видео и аудио запис.

Колку за потсетување на некои од охридските убавини... :)

Автентично охридско мени:


УААААУ! КОЛОР!












Стој! Охридска чорапа!




Ак не ви одговара, не зборајте!


Охридски Дејвид Хаселхоф:


Охридски градоналачник! :)



Ако ја поддржувате идејата за бојкот на охридскиот квази-туризам и сакате да помогнете во реализацијата на истата и пренасочување на македонските туристи на „алтернативните“ дестинации во наредната 2009-та, пријавете се тука. Ќе се организираме конкретно на кој начин ќе делуваме.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
:pos2::pos2: точно е се нема што? Но забораваме една работа нашиот човек тешко дека ќе издржи,па види само што се деси со Грците...еден месец бојкотираа и пак сите се свртија натака :tapp: не им држи газот што би се рекло,како и да е јас во Охрид одам заради езерото,културните споменици,чистиот воздух а Охриѓани се само луѓе кои имаат среќа да живеат на тоа место така да би било глупо тие да ме спречат да одам таму :tapp:
 

a_n_a

...TotAllY n LovE...
Член од
9 мај 2008
Мислења
89
Поени од реакции
1
браво за ова јас сум за...многу ретко одам во Охрид баш поради сите овие причини,а кога сум била никогаш не сум седела повеќе од 5/6 дена, не заслужуваат навистина ништо и никој да им отиде се додека не се научат како треба да се однесуваат....а ако не сакаат да се научат точно е дека си имаме и многу други опции барем во Македонија има преубави места каде можеш да одиш и да се одмориш. :helou:
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Греота е да не одиме Охрид, ке нема кој да им каже на странците „Остај ги, Охриѓани.“. Ке мислат сите сме такви :)

Полоши од црногоци се направија, ко ќе наредат 500 лежалки на 2 метри квадратни и само 10 души на нив (од кој 9 не плаќаат и пазат во секој момент да не наиде тој што наплаќа). Ова е нормално затоа што тие 9 дошле и плаќаат високи цени за смештај, платиле за паркинг, па треба да платат и лежалка што кошта 1/2 од смештајот :). Друго што не можиш ни во вода да влезиш без да се качиш на лежалките. Трето што иако пиеш поскапа пијачка на шанкот кој ги има и лежалките, пак мораш да платиш лежалка.

Добро што бар фискална даваат со неа, нема да ме јаде совеста дека вложувам во нечие БМВ.

И оваа година можда ќе наплаќаат и за влегување во вода. Нема да ме зачуди.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Вас Охрид не ви чини, не ви е по кеиф... а запуштените предели на Македонија ќе ви се допаднат? Е, хеј какви ерекции настануваат кога ќе одиш во Мариовскиот крај природа, чист воздух, убавини, али ќе кукате за топла вода, за тоалет, за струја, за било каква врска со останатиот дел од светот. Не е само тоа место, има уште еден тон такви локации низ Македонија кои се супер али онака да ги посетиш на еден ден.

Не дека ги бранам нешто охриѓани, знам дека за месец дена кога ќе се вратам од одмор, пак ќе ме имаат испровоцирано и ќе пишувам/е километарски постови али тоа е. Не е ова решението и нема да има којзнае каков ефект.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Шознам, сепак мислам да пробаме.
Една година неидење во Охрид нема да ви го промени воопшто животот, но ќе го промени на Охриѓани.

Може и ова нема да биде решението. Ако не успееме, другата година ќе организираме психијатри за да ја дешифрираме туристичката логика на охриѓани.

Каква компилација од охридските убавини спремам само. :vozbud:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Јас сум гневен на охриѓани што дозволија каменот(кој векови стои) од чаршијата да им го сменат со никаков мермер кој ја нагрди убавината на градот...онаа автентичната...

На што личи тоа? Никој не се побуни, ниту па рече некој нешто, а Германците убаво го преплатија тој камен, и сега тие ќе си ги разубавуваат патеките со него...

Ама ако, тие не само што не сакаат туристи, тие ни градот не си го сакаат. Ова го кажувам колективно, бидејќи да не беше така, денес ќе шетавме по убавата чаршија на охридскиот камен кој дата не му се знае од кога е...

Е, хеј какви ерекции настануваат кога ќе одиш во Мариовскиот крај природа, чист воздух, убавини, али ќе кукате за топла вода, за тоалет, за струја, за било каква врска со останатиот дел од светот
А кога последен пат си бил по тие краеви, за да видиш што конкретно нудат нивните сместувалишта?
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Зошто да не одите во Охрид? Па како сакаме да доаѓаат странски туристи кога и ние самите плукаме по нашево најубаво езеро. Не се криви Охриѓаниве, не треба само тие да се грижат да езерото и градот. Езерото е наше, на Македонија и Македонците треба сите да го досредуваме местото и чуваме езерото ако сакаме ние, а и странски туристи да доаѓаат да си поминуваат убаво и да оставаат пари во нашата држава. Не се глупирајте со бојкотиве, секако ништо не се постигнува со инает. :smir:
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
ај ај кај да е ќе трчаат охриѓаните по скопјанишчата до дојран
 

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
Организирајте се -цело лето да не сме ве виделе во ОХРИД....:helou:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Организирајте се -цело лето да не сме ве виделе во ОХРИД....:helou:
Организирајте се и вие. Што повеќе вакви дебилни реплики - толку подобро.

После бојкотот ќе викаш: "Мамо, даи ми пари за кајче". Ама нема.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Организирајте се -цело лето да не сме ве виделе во ОХРИД....:helou:
ради амебава би одел намерно само. катиљ еј...
он се нервира, не јас. јас си уживкам во моето езерценце. мераци. :pipi:
проста маса у пичку матер.
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
како во тој вицот кога ѓаволот побарал од Св.Петар место за град да изгради....го молел подолго време и на крај Св.Петар се смилувал ми дал да прави.....после определено време Св. Петар кога видел прекрасен град со многу убавини и Св.Петар му вика на ѓаволот дека многу убав град направил, а ѓаволот на тоа му вели : "чекај само да видиш какви луѓе сум ставил" :pos2:
 

NafuraN

Infinity is my Limit!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
286
Поени од реакции
24
не се дебилни, баш е во исти стил како вашето, па да видите како звучит,--јас само го подржувам вашиот бојкот и мислев дека тоа е тоа што сакате да го слушнете:baeh:
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Ејсид многу слатко од твоја страна што се трудиш да го пронајдеш охридскиот јадеж во полицаец со симс-чорапчиња, стари чаршиски дуќанчиња и малоумни имиња на дуќани. Мислам дека си револтиран од однесувањето на Охриѓани, не од нивниот личен избор кој нема ама баш никаква врска со тебе.

Цените колку што се за тебе астрономски, толку се и за мене. Мислиш не ми е криво што не можам да јадам за 40-50 денари како през цела година, туку фрлам некои невозможни 100 денари за хамбургер? Кафето кое знам дека е 30 го плаќам 70? Нема да сум типична Охриѓанка полна со предрасуди и да ја омаловажувам Скопската клиентела, пошто таа ите како е важна за финансиската закрепа на Охрид. Но, да молам некого - нема шанси. За твои пари - ти си господар на правото да избираш место и услови за одмор. Само криво ми е што себеси се гледате ко жртви на Охридскиот Туризам. И јас знам мал милион непријатни случки кои Скопјани ги исценирале овде. Не како демонстрација на незадоволство спрема условите и односот, ами лични каприци.
Немам ништо против Скопјаните, отсекогаш ми биле драги како наши гости. Проблемот е што меѓу вас има толку препотентни што мислат дека ако платат едни смрдени 5 евра за чист кревет, топла вода и сопствена плажа (да, да) можат да се сметаат себеси за Богови чиј леб го јадеме.
За овците немаш право да се потсмеваш, пошто во СКопје уште со запрежни колички се кочи пола сообраќај на Партизанска.
Не ми е целта да го вреѓам Скопје како град, но ти се фаќаш за малограѓански работи кои никогаш и никаде нема да се искоренат.
Ај со лес и убајна одморот на Маврово.
Поздраф.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom