ЕУ - непочит кон мртвите

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Пречкртани загинатите мировници
Причина за острата реакција, како што дознаваме, не било само отстранувањето на ознаката, која стои и на македонските хеликоптери што се дел од мисијата, туку и инцидентот што се случил во просториите на „Алтеа“ во БиХ, кога на фотографиите со загинатите македонски војници од мисијата бил пречкртан натписот „македонски војници“ и наместо него било напишано „албански војници“. Ова предизвикало голем гнев кај нашите мировници во Босна бидејќи наместо почит кон делото на нивните единаесет колеги што ги загубија животите служејќи во „Алтеа“, се случуваат вакви провокации.
(С.К. - И.К.И.)








НОВ СКАНДАЛ ПОРАДИ ДРЖАВНИТЕ ОЗНАКИ
Македонските војници понижувани и во Босна
ЕУ, под чии закрила е „Алтеа“, наредила нашите војници да го отстранат кодот „МКД“, а работата била забошотена откако Македонија се заканила дека ќе ги повлече сите свои војници од мисијата „Алтеа“ во Босна
17560F15D7A69B469CC3FCF917C983E7.jpg

Ново понижување за македонските војници што учествуваат во меѓународни мисии. По неодамнешниот скандал на НАТО-вежбата во Франција, кога од нашите војници се барало да си ги соблечат униформите зашто на нив пишувало „Македонија“, деновиве мировниците од Македонија што се дел од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина добиле наредба да ја отстранат државната ознака „МКД“ од сите места каде што ја користат. Како што дознава „Дневник“ од дипломатски извори, по добивањето на скандалозната наредба од Секретаријатот на ЕУ одговорен за „Алтеа“, следувала остра реакција од државава и закана дека Македонија предвреме ќе ги повлече сите свои војници од мисијата. Амбасадорот на Македонија во ЕУ Блерим Река упатил протестна нота, а министерот за надворешни работи Антонио Милошоски лично се јавил да го пренесе револтот на Владата кон Брисел. Кога увиделе дека официјално Скопје е сериозно во намерите да се повлече од мисијата, одговорните во ЕУ се обиделе да ја објаснат ситуацијата како грешка, иако наредбата официјално не била повлечена. На војниците во Босна им било речено дека „не мора да ја спроведат наредбата“.Иако ниту Река ниту Милошоски не добиле објаснување како ваква скандалозна наредба стигнала во Босна, дипломати во Брисел велат дека е јавна тајна оти таа е резултат на грчкиот притисок. За разлика од случајот со македонските униформи во Франција, кој заврши со извинување од генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер до АРМ и внатрешна истрага во алијансата и обвинување до организаторот дека не постапил правилно, новата понижувачка ситуација за македонските војници, најверојатно, ќе биде забошотена без никој да одговара.Македонските војници учествуваат во мисијата на евросилите во Босна од нејзиниот почеток, а од претходно е извесно дека сегашниот е последен контингент хеликоптери на АРМ во „Алтеа“. Од јули, во мисијата ќе продолжи да учествува само медицински тим од Воената болница.На враќање од претпоследната ротација во мисијата, на 13 јануари годинава, единаесет мировници на АРМ загинаа кога нивниот хеликоптер се урна на неколку километри од скопскиот аеродром.
 
Ова е пак масло на некое грче. Мислам дека треба уште повеќе да се реагира од наша страна, да се покаже на сите до каде оди грција.

Мене се повеќе ме загрижуваат 2 работи:
1. Америчката амбасада на кале
2. Грчките (и другите) притисоци.

Ова ме тера да мислам дека:
1. Ке има војна
2. Ни Солун нема да биде безбеден :smir:
 
Па очигледно е, кога се работи за земјите од еу, дека на сите полиња ни удираат контри. Иако сме признаени од околу 120 земји, само земјите од европската унија не немаат признаено под вистинското име. А пошто не ми се верува дека грција е толку јака да диригира со цела европа, излегува дека добиваме удари од сите земји членки.
Подли, дволични.
Се прашувам зошто Македонија праќа војници у Алтеа и слични организации под европска капа?
 
Очигледно, Грција е врховен командант и неприкосновен владетел на НАТО и ЕУ. :tapp:
 
Господ е голем и се гледа..Никому нема да му остане покусо...Само трпение...
 
Ова е пак масло на некое грче. Мислам дека треба уште повеќе да се реагира од наша страна, да се покаже на сите до каде оди грција.

Мене се повеќе ме загрижуваат 2 работи:
1. Америчката амбасада на кале
2. Грчките (и другите) притисоци.

Ова ме тера да мислам дека:
1. Ке има војна
2. Ни Солун нема да биде безбеден :smir:


1 Американците не градат амбасада градат мини база
2. Некој тврдат дека градат и во Струмица некаков објект
3. Базата од Грција која ја преместија на Косово ќе е пола во Македонија пола во Албанија.
4 Грците не и се потребни повеќе на Американците бидејки ја добија Албанија пристап преку море и централната положба на Македонија..

5. Се додека Турците , Евреите и Американците се со нас не се сеќирам


Инаку тоа горе наведеното е дека Европа е полоша и од курва.
Бидејки денешните курви дават и фискална за разлика од ЕУ
 
Што само јадат трици да пречкртаме ова-она ... а спомнеме дека ќе тргнеме војниците одма се извинуваат ил бог зна што ....
Дегени ....:tapp::tapp:
 
..........a sto pak navistina ne gi trgneme???? .....ilii nie sme degeni koi trpat se i sesto ????
za slavata i udobnosta na nekolku degeni koi nazalost.... SAMITE SME SI GI IZBRALE....nie degenite....
.....da napravis takvo nesto ..kako preskrtuvanje na iminja na zaginati moze samo ,ako se znae deka nema da ima sankcija.......toa samo kazuva za sto ne esapat....
 
А да си ги повлечеме хеликоптерите и војниците
 
А да си ги повлечеме хеликоптерите и војниците

Моментално во босна е последната последната ротација на единицата со хеликоптерите, така да за неколку месеци секкао дека ќе се вратат, а таму ќе останат само медицинари.
 
Прв и основен принцип во ЕУ-солидарност.

Прашањето е што бараме ние таму, кадешто сите се солидаризираат против нас??????
Ни фалат малку пари, и повеќе мозок.
 
Прашањето е што бараме ние таму, кадешто сите се солидаризираат против нас??????
Ни фалат малку пари, и повеќе мозок.

Кога ќе си го раздумаат сите ова прашање и кога ќе престанат да кењкаат по ЕУ и НАТО тогаш ќе бидеме силна нација.
 
Back
На врв Bottom