Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
Пречкртани загинатите мировници
Причина за острата реакција, како што дознаваме, не било само отстранувањето на ознаката, која стои и на македонските хеликоптери што се дел од мисијата, туку и инцидентот што се случил во просториите на „Алтеа“ во БиХ, кога на фотографиите со загинатите македонски војници од мисијата бил пречкртан натписот „македонски војници“ и наместо него било напишано „албански војници“. Ова предизвикало голем гнев кај нашите мировници во Босна бидејќи наместо почит кон делото на нивните единаесет колеги што ги загубија животите служејќи во „Алтеа“, се случуваат вакви провокации.
(С.К. - И.К.И.)
НОВ СКАНДАЛ ПОРАДИ ДРЖАВНИТЕ ОЗНАКИ
Македонските војници понижувани и во Босна
ЕУ, под чии закрила е „Алтеа“, наредила нашите војници да го отстранат кодот „МКД“, а работата била забошотена откако Македонија се заканила дека ќе ги повлече сите свои војници од мисијата „Алтеа“ во Босна
Ново понижување за македонските војници што учествуваат во меѓународни мисии. По неодамнешниот скандал на НАТО-вежбата во Франција, кога од нашите војници се барало да си ги соблечат униформите зашто на нив пишувало „Македонија“, деновиве мировниците од Македонија што се дел од мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина добиле наредба да ја отстранат државната ознака „МКД“ од сите места каде што ја користат. Како што дознава „Дневник“ од дипломатски извори, по добивањето на скандалозната наредба од Секретаријатот на ЕУ одговорен за „Алтеа“, следувала остра реакција од државава и закана дека Македонија предвреме ќе ги повлече сите свои војници од мисијата. Амбасадорот на Македонија во ЕУ Блерим Река упатил протестна нота, а министерот за надворешни работи Антонио Милошоски лично се јавил да го пренесе револтот на Владата кон Брисел. Кога увиделе дека официјално Скопје е сериозно во намерите да се повлече од мисијата, одговорните во ЕУ се обиделе да ја објаснат ситуацијата како грешка, иако наредбата официјално не била повлечена. На војниците во Босна им било речено дека „не мора да ја спроведат наредбата“.Иако ниту Река ниту Милошоски не добиле објаснување како ваква скандалозна наредба стигнала во Босна, дипломати во Брисел велат дека е јавна тајна оти таа е резултат на грчкиот притисок. За разлика од случајот со македонските униформи во Франција, кој заврши со извинување од генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер до АРМ и внатрешна истрага во алијансата и обвинување до организаторот дека не постапил правилно, новата понижувачка ситуација за македонските војници, најверојатно, ќе биде забошотена без никој да одговара.Македонските војници учествуваат во мисијата на евросилите во Босна од нејзиниот почеток, а од претходно е извесно дека сегашниот е последен контингент хеликоптери на АРМ во „Алтеа“. Од јули, во мисијата ќе продолжи да учествува само медицински тим од Воената болница.На враќање од претпоследната ротација во мисијата, на 13 јануари годинава, единаесет мировници на АРМ загинаа кога нивниот хеликоптер се урна на неколку километри од скопскиот аеродром.