Која е вистинската вера/религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата ludoto_pop4e
  • Време на започнување Време на започнување
значи уште една од многуте теми која поентата гласи мојот бог е подобар(вистински)од твојот(невистински)
ти ќе гориш во пеколот(:baeh:)ја не(:baeh:)

Токму тоа ми е поентата на погорниот пост...
 
Полека...а што беше вистина?

„...Јас Сум Вистината, Животот и Патот...„ вели Г. Исус Христос.
Како ти се чини ОВАА вистина?
 
Земи читај Библија и познај која се држи кон она што го кажал Бог.
Никаде не пишува дека Исус им се молел на не знам на "Свети Илија" итн...
Како православието моментално е во многу грешен пат имам еден стих за православните верници кој се на форумот а тој е Откровение 22/15
Надвор се кучињата и вражалците, и блудниците и убијците, и идолопоклониците и секој кој лаже и ја сака лагата.
Па сега видете кој се идолопоклоници
 
Дај, не зезај...Од кога тоа Исус му се моли на некој од Светиите, кога ситуацијата е токму спортивната: Христос Му се молел само на својот Отец Небесен а не на Илија или било кој друг од Светиите.
А за тоа кој (кои) е идолопоклоник, за тоа ќе дискутираме. Извртувањето на новозаветните цитати нензачи дека оди во прилог на твоето тврдење дека православните се идолопоклоници.
 
Темата нема да има крај ...

Секој ќе си вика дека неговата религија е вистинската .. тоа не е начин .. треба да се биде објективен , не субјективен .. не гледам корисно ништо од оваа тема..
 
ИМА корисно од оваа тема. На пример, можеш да направиш избор на која страна ќе се приклониш...
 
ИМА корисно од оваа тема. На пример, можеш да направиш избор на која страна ќе се приклониш...

Знаеш како делува ова шо го кажа ?

За кој си ти , за Русите или Јенките ?

Ете така..
 
Не, не делува така. Делува вака: можеш да се приклониш кон Вистината или кон лагата. За мене, ни јенките ни русите сами по себе не се референтни кога е витината во прашање.
 
Не, не делува така. Делува вака: можеш да се приклониш кон Вистината или кон лагата. За мене, ни јенките ни русите сами по себе не се референтни кога е витината во прашање.

Компарација МИКИ , компарација ...
 
„...Јас Сум Вистината, Животот и Патот...„ вели Г. Исус Христос.
Како ти се чини ОВАА вистина?

И јас сум вистински, велам јас!
Како ти се чини ОВАА вистина?
 
Не, не делува така. Делува вака: можеш да се приклониш кон Вистината или кон лагата. За мене, ни јенките ни русите сами по себе не се референтни кога е витината во прашање.
Епа за мене никој не е референтен кога е во прашање вистината, ни поповите, ни евангелијата, ни Библијата. Што правиме сега?
 
И јас сум вистински, велам јас!
Како ти се чини ОВАА вистина?

Ова, барем мене, ми се чина како ТВОЈА а не Господова вистина, разбираш...А исто така, ми се чини и тоа дека не си бог.
 
Епа за мене никој не е референтен кога е во прашање вистината, ни поповите, ни евангелијата, ни Библијата. Што правиме сега?

Ќе правиме исто што и досега: ти нема да веруваш а јас и понатаму ќе верувам...Просто и едноставно, Но не се секирај, никогаш не се знае. Може и тебе ќе ти се случи да поверуваш и од таа променета состојба на својот (твојот) ум ќе ги гледаш поинаку работите, а особено поинаку ќе се гледаш самиот себе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom