Кога и да влезам во некоја тема од подфорум „Религија“, наоѓам препуцавање за тоа што постоело, што не постоело, некој други очајно се убедуваат да проповедаат за одредена религија, трети се стални опоненти. Не дека ми смета, јасно сум кажал дека секој има право на свое мислење, а јас сум најмалку оној кој нешто може да дозволи или забрани овде, на форумов. Јас само сакам да ве ЗАМОЛАМ, најкултурно, па ако сакате и најпонизно, отворајте соодветни теми со соодветни наслови, и пишувајте издржани постови...Имајте обзир за луѓето како мене...Јас сакам да научам, сакам да се едуцирам и да разберам се, покрај од православието, сакам да научам и за исламот, и за будизмот....па и за атеизмот и неговите сфаќања. Затоа сметам дека, земајќи го во обзир фактот дека има тема за тоа дали Бог постои или не, пишувајте нешто поучно на ваквите теми...
Се извинувам на забелешките, и ви се заблагодарувам на разбирањето.