Тринаесетото европско првенство вечерва на стадионот St. Jacob Park во Базел ќе биде отворено од Чешка и Швајцарија
Младата швајцарска екипа ги дочекува искусните чеси. Имено швајцарците се една од најмладите селекции на ова првенство, но имаат и неколку искусни играчи
„Се развивме и напредувавме многу од СП-2006. година“ изјави капитенот Александар Фреи, стрелец на 35 погодоци во 59 репрезентативни настапи. На другата страна пак е колосот Јан Колер со 54 погодоци во 87 настапи. „Нема да имаме стриктен чувар на Колер, нашите момци успеаа да се носат со играч од типот на Зидан без посебен чувар, нема ни сега да менуваме стил“, најави помошникот во швајцарскиот стручен тим, Мајкал Понт
Бившата Чехословачка има освоено еден пехар на ЕП и тоа во 1976. год, во 1996. играше во финалето а во 2004 во полуфинале.
Овој пат Чесите се многу ослабени со тоа што поради прекин на кариера повеќе во нивните редови ги нема Карел Поборски и Павел Недвед а исто така повреден е и капитенот Томас Росицки.