Помош: Барам еден филм!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Пребарав за некоја ваква слична тема, ама не успеав да најдам. Ако има, спој на оваа со нејзе :)

На темава значи може да побарате некој филм што го имате видено некаде, ама не знаете како се вика. Што повеќе детали за филмот се потребни за да може некој да ви помогне.
Јас ќе почнам прв.
Филмов го гледав пред 4-5 години. Дејството почнува во некој град со куќи покрај река и додека мајката не внимава, синот и паѓа во река и се удавува. Потоа се преселуваат во некој остров со мажот мислам и таа пишува книга ама многу често и се појавува синот, ко да е жив... Толку се сеќавам на филмов, не знам ни кој глумеше ни како се вика па би му бил благодарен ептен на некој ако може да ми помогне со името на филмот. Инаку не знам зошто, ама мислам дека имаше врска нешто името на филмот со светларник. Така ми има останато во спомен.
Епа, ај :)
Half Light(2006)
1g6qlt.jpg

Овај е, не?:)
 
Не ми се верува, тој е! Фала ти многу друже, вака на форум, а пиши дека ти дужам пиво :icon_lol:
 
По вторпат пишувам во потрага по филмов.
Мислам дека е со Том Хенкс, млад, али не сум сигурна.
Како и да е, филмов е со едно момче кое за време на бура ќе чепка во некој компјутер и гром ќе лупне и овој ќе стане паметен ко компјутер, па потоа ќе се пријави на еден квиз и таман ќе стигне до финалето, ќе му се изгуби способноста, али секако ќе победи со своето знаење.
 
Помош, еден постар филм многу јака комедија е, се тркаат со оние старите автомобили, има италијанци, англичани, германци, французинки... Италијаните беа џандари, еден од англичаните му ставија средство за спиење едвај заврши трката, знам на крајот, победија англичаните но ги дисквалификуваа, па по нив идеа германците а и нив ги дисквалификуваа или ги уапсија нешо така, и на крај први беа италијаните. Некој да знае за шо тропам? :)
 
Дали некој знае како се вика филм со тинејџери во Њујорк, темата е секс, сексуален живот, незаштитен секс, ХИВ вирус, не можам да се сетам на името за да го побарам по мрежава.
 
Дали некој знае како се вика филм со тинејџери во Њујорк, темата е секс, сексуален живот, незаштитен секс, ХИВ вирус, не можам да се сетам на името за да го побарам по мрежава.
Отприлика која година е филмот мислам ептен стар или некој онака понов мош ке можам да ти помогнам
 
Отприлика која година е филмот мислам ептен стар или некој онака понов мош ке можам да ти помогнам
Го најдов на Wikipedia излезе дека доста е стар.

И си најдов и Рапидшер линкови па сега го симнувам :pehar:.
 
Со џек николсон кога е стар прч го даваа на а1 сега брзо.Глумеше опасен женкар па го маваше срце,па се заљуби со таа на негова возраст.Е наслобот ми треба:)
 
Со џек николсон кога е стар прч го даваа на а1 сега брзо.Глумеше опасен женкар па го маваше срце,па се заљуби со таа на негова возраст.Е наслобот ми треба:)

0809270959583404_f0_0.jpg
 
Дали некој знае како се вика филм со тинејџери во Њујорк, темата е секс, сексуален живот, незаштитен секс, ХИВ вирус, не можам да се сетам на името за да го побарам по мрежава.

2u76cu1.jpg

Oва е тоа што го бараш.

Торент неможам да ти најдам само рапидшер

http://www.theviperfiles.com/
 
Значи, филмот е постар, јас го гледав пред добри 15 години
Една девојка ја носат во дворецот на султанот, и една вечер ја одбраа неа заедно со неколку други девојки да игра за него. Тогаш тој ја бендиса и ја зеде за жена, а другите негови жени се противеа на тоа. Таа роди дете, но една од другите жени го уби. Тажејки по своето дете, се зближи со едно од децата на султанот, чија мајка умрела. Кога султанот умре, тоа детето стана султан и она остана да му биде мајка.
Мислам дека дејството се случуваше во Истанбул, ама на англиски збореа
 
Значи ... амм постар филм .. љубовен ..
Двајца млади се запознаваат во библиотека и женската му остава на типацот број али му го пишува во книга.Он ја губи книгата .. и пребарува се ама не може да ја најде.На крајот неговиот најдобар другар(мислам дека така беше) му ја подарува и со тоа овој го наоѓа бројот и и се јавува на таа и филмот има хепи енд (: ...
Хелп ениУан? :/.
 
Мислам дека ова е филмот, таа го пишува бројот во книга, а тој на банкнота па да видат дали судбината ке ги спои повторно Serendipity (2001) со John Cusack и Kate Beckinsale
serendipity.jpg
john_cusack_kate_beckinsale_serendipity_001.jpg

Ако ти треба линк за download пиши ПП
 
Со мафијашот Сони шо е тој филм,со детето што од мало Сони го заштитува. Неговите другари ке загинат во експлозија на колата кога ке сакаат да запалат дуќан во црнечкиот кварт.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom