притисокот расте, Грција иако со фабрикуван и испровоциран случај го врти Нато против Македонија
АТИНА ЧЕКА НАТО И КФОР ДА РЕАГИРААТ ДО ВЛАСТИТЕ ВО СКОПЈЕ
[FONT="]Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос синоќа дека неодамнешната одлука на Скопје да забрани влез на грчки војници во Македонија е „прашање на НАТО и на КФОР“ и оти Атина ја чека реакцијата на тие институции, јави АНА-МПА. Македонските царински служби во вторникот спречија контингент на грчки војници, кои требале да заминат на Косово да ги заменат своите сонародници од составот на КФОР, да влезат во Македонија. На конвојот од 50 возила со 140 грчки војници не му беше дозволено да влезе на македонска територија затоа што грчките офицери немале валидна документација. Според АНА-МПА, Кумуцакос изјавил дека „ваквиот вид проблеми, од помала или поголема важност, како што е прашањето на дозвола на минување на грчки војници кои треба да учествуваат во мировната мисија на Алијансата на Косово, во согласност со одлуката на Советот за безбедност на ОН, ја потврдува на најкатегоричен начин коректноста на грчката политика и одлуката на грчката Влада да го разреши спорот околу името на начин кој би бил прифатлив за двете страни“. На прашањето дали Грција планира да испрати телеграма во која ќе му честита на Никола Груевски на победата на парламентарните избори во Македонија, Кумуцакос, одговорил дека „Атина планира да почека додека не се решат контроверзите кои ги опкружуваат неодамнешните избори, подвлекувајќи дека ставот на Грција не се променил“. - Постои прашање кое го покренаа меѓународните организации кои го следеа одржувањето на изборите, но и ЕУ, а тоа дека треба да се повторат изборите во оние региони каде што изборниот процес беше прекинат, или поради инциденти, кои во некои случаи беа крвави, или поради флагрантни нерегуларности, рече Кумуцакос. Тој додаде дека „тоа е прашање на кое што грчките власти ќе видат како се развиваат работите во соседната земја, а потоа ќе усвојат став“[/FONT]