Изборите завршија како завршија, додуше уште не се скроз завршени, а можеби и после две недели нема да бидат завршени, и после две недели откако ќе поминат тие две недели, можеби пак нема да бидат завршени, а можеби па на некој тоа и му одговара. Кој знае....
За фер и демократски, не може да стане збор, токму поради тие две недели. Е сеа грујо мож да вика дека изборите не биле демократски само на 1,238 проценти од вкупниот број на гласачки места, ама гледам од релевантниве институции не викаат дека беа фер во 98,762 проценти, туку дека не беа фер токму во тие 1,238 проценти.
Пууу што ти значи запад.
И 0,002 проценти да се, одма за нив ќе се фатат.
Ама као по обичај, на нас они ќе ни дадат и втора шанса, за која нема да има поправен, и ќе треба да ја искористиме, па макар и сите новинарски екипи, цел баталјон полиција или сите невладини oрганизации биле таму, за да му докажеме на Едвард од М.К.Г. дека ние сме далеку од
Зимбабве.
Во изборните единици каде што немаше калаши, имаше притисоци и закани, но на тоа ние сме научени нели од 1991 година па наваму (мме кој прв почна), па така истите станаа дел од нашето "демократско" живеење а + притисоците и заканите паднаа во втор план, одкако заиграа калашите.
Рака на срце, разликата која се направи меѓу позицијата и опозицијата не ми дава за право да ги критикувам едните а да ги амнестирам другите. Што е
реално,
реално е.
Народот во голема мера одлучи гласот да и го даде на позицијата или поточно на ВМРО ДПМНЕ, што е сосема демократски, па макар имале и осумдесет пратеника.
На овие избори, две работи станаа кристално јасни.
Едната е дека СДСМ доживеа дебакал и треба длабоко да размисли, зошто е тоа така, и што побргу да се консолидира.
Другата е дека Груевски доби огромна доверба од страна на македонскиот народ, и токму поради тоа, треба и тој да подразмисли
зошто е тоа така.
Подршката на народот не е бланко.
Народот во иднина очекува конечно заживување на економијата, реални странски инвестиции, развој на земјоделството,подигање на стандардот, поголема демократија и на крај секако МАКЕДОНИЈА во ЕУ и НАТО, таму каде што и
реално припаѓаме.
Епа старо-нов премиере,среќно нека ти е.
Наостри ги патиките, и спреми се за маратон.
Народот тоа и го очекува од тебе.