Соучесник или предавник?

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Кој докази ги прикривам жити све?Не ми го дал пиштолот(ако убил некого),ми кажал што направил,и тоа не ме прави никаков соучесник.
И ако ме издаде не признавам,како што кажа Годес,неговиот збор против мојот.

Премногу наивно.. Баш затоа што тој извршил криминално дело... а ти го знаеш тоа и не го кажуваш... мн јако се заглавува затвор.. а уште ако те викнат за да сведочиш нешто на суд или било како ... и ти да кажуваш дека незнаеш ништо околу тоа... уфф што ќе ти се деси само да знаеш само на суд коа ќе дадеш лажна изјава :)) а камоли тоа што си СОУЧЕСНИК и не кажуваш ништо околу тоа... некој луѓе нема никогаш да ја разберат таа разлика :))))))))))
 
Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284

Како прво,не ме прави мене соучесник во злосторство ако знам нечива тајна,да ти појаснам,јас сум само чувач на тајната,а тој што ми ја кажал тајната е сторителот,не гледам од кај ме прави мене соучесник чувањето на тајната.
Ако каже на уште 100 луѓе и тие се исто соучесници,на пример ако станува збор за убиство,сите 100 убиле еден човек?

Ама еве да речеме јас по некоја логика се наоѓам на суд,и тој што ми се доверил кажал дека јас знам за тоа,ќе одрекувам дека знам,и еве што ќе биде:

Кој ќе може да докаже дека јас знам за стореното злосторство?
Неговиот збор против мојот. И кој победува?
 
Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Како прво,не ме прави мене соучесник во злосторство ако знам нечива тајна,да ти појаснам,јас сум само чувач на тајната,а тој што ми ја кажал тајната е сторителот,не гледам од кај ме прави мене соучесник чувањето на тајната.
Ако каже на уште 100 луѓе и тие се исто соучесници,на пример ако станува збор за убиство,сите 100 убиле еден човек?

Ама еве да речеме јас по некоја логика се наоѓам на суд,и тој што ми се доверил кажал дека јас знам за тоа,ќе одрекувам дека знам,и еве што ќе биде:
Знаеш нешто воошто со правото и законот????? Ако имаш кабловска глеј те молам FOXCRIME те молам гледај... а ако не си доволно свесна за тоа како можеш да бидеш соучесник што ја чуваш тајната тоа е веќе треба малце да поработиш на твоите знаења од областа на правото и законите.. така да... не се правете дека се знаете.. и дека твојот збор ВРЕДИ повеќе од зборот на криминалецот ... ЖИМИ МАЈКА... колку неговиот толку твојот.. што ве прави поразлични ... тоа тој што направил злодело не е ништо поважен од тоа ти што си.. така да... размилси малце :))))
 
Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Знаеш нешто воошто со правото и законот????? Ако имаш кабловска глеј те молам FOXCRIME те молам гледај... а ако не си доволно свесна за тоа како можеш да бидеш соучесник што ја чуваш тајната тоа е веќе треба малце да поработиш на твоите знаења од областа на правото и законите.. така да... не се правете дека се знаете.. и дека твојот збор ВРЕДИ повеќе од зборот на криминалецот ... ЖИМИ МАЈКА... колку неговиот толку твојот.. што ве прави поразлични ... тоа тој што направил злодело не е ништо поважен од тоа ти што си.. така да... размилси малце :))))
Аман бре па и ти,ако сакаш толку предади го тој што ќе ти се довери,јас не го предавам и готово,макар и тоа значело да седам у затвор за друг,што сепак нема да се деси.
 
Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Аман бре па и ти,ако сакаш толку предади го тој што ќе ти се довери,јас не го предавам и готово,макар и тоа значело да седам у затвор за друг,што сепак нема да се деси.

Што се нервираш за тоа не ми е јасно... си правиме муабет ти се нервираш... тоа е што е а ти како сакаш прави јас како сакам ќе прават другите како сакаат ќе прават... јас само ја кажувам работата која настанува од тоа.. т.е. последицата... а тоа е твое дали ќе прифатиш или не.
 
Член од
21 јуни 2007
Мислења
183
Поени од реакции
2
Искрено ако другарми\ka mi ако мис е исповеда за нешто такво јас би го задржал само за себе а ако сакам да му помогнам тоа е веќе нешо друго и искрено сеуште не знам што би направил:toe:
 
Член од
12 февруари 2008
Мислења
338
Поени од реакции
16
Премногу наивно.. Баш затоа што тој извршил криминално дело... а ти го знаеш тоа и не го кажуваш... мн јако се заглавува затвор.. а уште ако те викнат за да сведочиш нешто на суд или било како ... и ти да кажуваш дека незнаеш ништо околу тоа... уфф што ќе ти се деси само да знаеш само на суд коа ќе дадеш лажна изјава :)) а камоли тоа што си СОУЧЕСНИК и не кажуваш ништо околу тоа... некој луѓе нема никогаш да ја разберат таа разлика :))))))))))
немора да значи дека ЈАКО се заглавува во затвор ко прво он тебе ти се доверил и сте биле само ти и он немало трет за да потврди дека он ми се доверил еве на пр.мене тоа неможе да се докаже и нормално ке бидеш повикан на суд ако се работи за многу близок пријател или роднина кој нон стоп сте заедно и не стануваш СОУЧЕСНИК само затоа што ја чуваш тајната
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
За да не го полнам постов со цитати, еве вака едно прашање до сите кои напишаа дека не би преземале ништо во една таква тешка ситуација.
Кому мислите дека помагате со вашето молчење? Постапувате како што сака тој што ви се доверил, но што е со третата повредена личност, доколку тајната е тоа дека има некој трет повреден или оштетен?
Што ви е повредно? Да испаднете фер кон еден злосторник или да спасите можеби и некои други, на кои тој истиот во иднина има шанси да им наштети?
Во ред е ако се кае, но сепак, ако еднаш човек дозволи некоја голема грешка да направи, има шанси да ја повтори доколку не биде соодветно казнет. Дури и да не повтори ништо слично, јас мислам дека не би требало да помине само со каење и плачење.

Значи и јас незнам што понатаму во таква ситуација, но сигурна сум дека ако се работи за ептен блиска личност ќе и го плеснам во лице моето разочарување и ќе се оддалечам од неа засекогаш. Тоа ќе биде мојата најблага казна, а доколку некој трет трпи последици од нејзината постапка, би се потрудила да соберам храброст и да и помогнам со тоа што ќе кажам некому што може да и помогне.
Чудно ќе кажете, но јас верувам дека казната за злосторници е најголемата помош. Можеби тоа нема веднаш да биде прифатено како таков чин, но еден ден, сигурно ...

п.с. Незнам кој спомна што има врска дали е близок или далечен човек тој што би ни се доверил ... секако дека има врска. Нема да ни е исто ако тоа ни се случи со познаник за кого не ни е баш гајле или најдобар другар со кого сме го поминале цел живот, нали?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Во ниеден случај не би оддал тајна ако ми се повери човек, без разлика за што се работи и колку други луѓе се повредени. Лојалноста ја ценам над се и пред се. Воопшто не се дружам со луѓе кои имаат подруги вредности од мене. Ова се однесува на познати и блиски, роднини, пријатели и колеги.

Горново не важи само под два услова:

1. Ако сум подложен на физичка тортура заради стореното од дотичниот близок на мене човек.

2. Ако стореното е против националната самобитност на Република Македонија. Тогаш кажувам се’!
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
За да не го полнам постов со цитати, еве вака едно прашање до сите кои напишаа дека не би преземале ништо во една таква тешка ситуација.
Кому мислите дека помагате со вашето молчење? Постапувате како што сака тој што ви се доверил, но што е со третата повредена личност, доколку тајната е тоа дека има некој трет повреден или оштетен?
Епа сега зависи се од тајната која ни е доверена и последиците со кои би можела да резултира таа тајна. Јас лично одбрав да ја чувам тајната, но тоа не значи дека ако сметам дека треба да интервенирам нема да го направам тоа само за да не ја предадам личноста. Се зависи од тежината на проблемот така што секој одговор којшто тука ќе го дадам би бил релативен во зависност од ситуацијата. Не можам да заземам некој конкретен став ако не го знам и соодветниот проблем.

Што ви е повредно? Да испаднете фер кон еден злосторник или да спасите можеби и некои други, на кои тој истиот во иднина има шанси да им наштети?
Ако има и други личности во прашање ќе се заложам за нив. Ама сепак не сум за предавство. Ќе употребам други методи така што личноста сама ќе се предаде. Јас само ќе ја доведам на вистинскиот пат. На тој начин сметам дека и ќе и помогнам на жртвата и истовремено нема да го предадам пријателот.

Во ред е ако се кае, но сепак, ако еднаш човек дозволи некоја голема грешка да направи, има шанси да ја повтори доколку не биде соодветно казнет. Дури и да не повтори ништо слично, јас мислам дека не би требало да помине само со каење и плачење.

Да се согласувам дека не би требало да помине само со каење ама и тука зависи од тежината на проблемот дали вреди да се предаде или не.

п.с. Незнам кој спомна што има врска дали е близок или далечен човек тој што би ни се доверил ... секако дека има врска. Нема да ни е исто ако тоа ни се случи со познаник за кого не ни е баш гајле или најдобар другар со кого сме го поминале цел живот, нали?

Има врска во смисла на пристрасност секако. Нормално дека има врска затоа што добиваш на некој начин еден доста силен удар од блиска личност, од личност од која тоа и воопшто не го очекуваш, а тоа боли.

Друго сакав да кажам со тие зборови (ако се мисли на она што јас го пишав) т.е. дека кога една личност доаѓа да ни се довери не треба пристрасно да ја разгледуваме во смисла "а овој ми е пријател нема да го предадам" или пак во смисла "па што ми е гајле, овој и не ми е толку близок можам да го предадам" тоа сакав да го кажам.
Лично за мене зборувам затоа што си го познавам својот карактер и своето однесување така што не секој може да ми пријде и да бара помош од мене и затоа реков дека во тој момент кога некој доаѓа да бара помош од мене ги иницијализирам сите подеднакво без никаков повисок или понизок приоритет.
 
Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
За да не го полнам постов со цитати, еве вака едно прашање до сите кои напишаа дека не би преземале ништо во една таква тешка ситуација.
Кому мислите дека помагате со вашето молчење? Постапувате како што сака тој што ви се доверил, но што е со третата повредена личност, доколку тајната е тоа дека има некој трет повреден или оштетен?
Што ви е повредно? Да испаднете фер кон еден злосторник или да спасите можеби и некои други, на кои тој истиот во иднина има шанси да им наштети?
Во ред е ако се кае, но сепак, ако еднаш човек дозволи некоја голема грешка да направи, има шанси да ја повтори доколку не биде соодветно казнет. Дури и да не повтори ништо слично, јас мислам дека не би требало да помине само со каење и плачење.

Значи и јас незнам што понатаму во таква ситуација, но сигурна сум дека ако се работи за ептен блиска личност ќе и го плеснам во лице моето разочарување и ќе се оддалечам од неа засекогаш. Тоа ќе биде мојата најблага казна, а доколку некој трет трпи последици од нејзината постапка, би се потрудила да соберам храброст и да и помогнам со тоа што ќе кажам некому што може да и помогне.
Чудно ќе кажете, но јас верувам дека казната за злосторници е најголемата помош. Можеби тоа нема веднаш да биде прифатено како таков чин, но еден ден, сигурно ...

п.с. Незнам кој спомна што има врска дали е близок или далечен човек тој што би ни се доверил ... секако дека има врска. Нема да ни е исто ако тоа ни се случи со познаник за кого не ни е баш гајле или најдобар другар со кого сме го поминале цел живот, нали?

Ваков пост се чекаше цело време :) Се согласувам со тебе :):smir:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Не знам. Можеби кога би се нашла во таква ситуација би била поодлучна во своите постапки, би се обратила на некој кој навистина може да и помогне на таа личност. Едно е сигурно дека нема да седам со скрстени раце и да чекам да ме јаде совеста затоа што прикривам нечие злодело.

Порадо би била предавник. Кој знае можеби еден ден истата личност ќе ми биде благодарна за, на некој начин, помошта што сум му ја пружила. Можеби никогаш нема да прозбориме повторно, но јас ќе бидам задоволна ако поради моето предавство се изменат одредени работи.
 
Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Jas kako shmeker retko zapagam u nevolji no koga ke zapadnam i ako stanam soucesnik i kade sto treba da cuvam tajna....uff!..znam da cuvam tajna no kako sto kaza nekoi pogore se zavisi od tezinata na problemot. No kakov i da e problemot koa ke dojdam u sudot za da svedocam, za da nema nitu povredeni koga jas na primer ke ja izdadam tajnata ednostavno ke gi prezemam rabotite u svoi race za na kraj site da bidat zadovolni!...A toa ke go napravam so moeto shmekanje...ednostavno ke ja smeknam sudijkata!...taa otkako ke ja shmeknam ke donese pozitivna presuda i sve ke bide ok...:)...taka da i osudenite ke si bidat raat i jas raat;):)
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.715
Поени од реакции
11.554
Ако ти се падне некоја бабичка за судика... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom