Соучесник или предавник?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Што би направиле кога некој ваш близок другар или роднина би ви се исповедал за направено лошо дело? Тоа лошо дело мислам да е баш лошо и големо ... нешто како голема кражба, силовање, малтретирање и сл.
Би ја зачувале неговата тајна затоа што тој така ве замолил и ви верувал или без двоумење би го предале на родителите или некој стручен државен орган за тоа?
Со што мислите дека повеќе би му помогнале на вашиот близок, во една таква комплицирана ситуација?
Ако одговорите дека би го предале, мислите дека би го направиле тоа за негово или ваше добро? Повеќе би му помогнале него или на самите себе со тоа што не би сакале еден ден вие да испаднете негов соучесник?
И така ...:pusi:
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Хмм добро прашање, паа доколку ми е доволно близок, кога ќе ми го каже тоа.. или после некој ден, ќе го седнам и ќе му кажам дека ако не превземе он сам да им каже на неговите родители дека јас ќе им кажам.. прво несакам после тоа неговите родители мене да ме обвинуваат за тоа дека не сум кажал и такви работи...Затоа доколку пристапи на тоа ок.. ако не ќе одам кај него или неа без разлика на полот... ќе седнам со таа личност и родителите и ќе почнам муабет и ќе им кажам што како се десило и они нека превземаат што сакаат.. затоа што прво таа личност е нивно дете... а и тоа ќе го направам за негово добро најпрво па после и за мое добро... затоа што сепак.. таа личност колку и да се лути знам дека на крај ќе свати дека сум направил добро за него/неа... тоа е моето мислење тука не станува збор ни за предавник ниту за соучесник туку станува збор за солидарнсот и помош.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
На почетокот ќе бидам соучесник,бидејќи сепак таа личност дошла кај мене со причина,знаела дека може да има доверба во мене и нема да ја изневерам довербата,ќе ќутам.
Ако после тоа се осеќа таа особа како ништо да не се случило,како мене да ми е префрлена кривицата,како да се ослободила од товарот,ќе ја посоветувам да се предаде,ќе пробам да ја убедам дека тоа е за нејзино добро и за доброто на сите.Ако не се предаде,кога тогаш ќе ја откријат,меѓутоа од моја уста нема да чујат ни збор,нема да ја изневерам довербата што таа личност ја имала во мене,и нема тоа да ме направи учесник,ако ништо друго барем кривецот кога веќе толку му значам што дели толкава тајна со мене ќе признае дека сам ја направил бељата,а и правдата секогаш кога-тогаш победува,така да јас нема да бидам крива.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.220
Поени од реакции
944
Е значи, на оваа тема баш повторно може да го потенцирам “фактот“ дека воопшто не сакам да ми се кажуваат такви работи. Прво, затоа што по природа малку потешко чувам (чував) работи за себе, а како второ, едноставно не ме интересира до толку нечиј друг живот.
Е сега, доколку личноста сепак ме одбрала токму мене да ми се искаже, би ја запрашал што очекува од мене после разговорот?

Дефинитивно ќе ме стави во незавидна позиција, има ноќи да не спијам од прашалници во главата. Ме става на крстопат, знам дека им е тешко и на двете страни (пр. и на крадецот, и на тој што му било украдено). И најмногу мразам кога се ставам (ме ставаат) на такви двоумења, која страна да ја завземам. Некако повеќе мислам дека би барал решение и би го убедувал да признае, но со минимални негативни последици (пр. да не оди директно да се пријави во полиција туку кај самата оштетена личност и да поразговара со неа - доколку е возможно).
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Никогаш нема да го предадам, па дури и да се работи за силување, педофилија или убиство. Така сум воспитан, тоа ми е во крвта. Ќе прекинам било какви контакти со него, но нема јас да бидам тој што ќе го предадам.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Фактот што станува збор за сериозен проблем од кој и последиците би биле исто така сериозни, а сепак личноста доаѓа да ми се исповеда мене го дава и одговорот на прашањето т.е. да, бирам "соучесник" да сум. Не е битно дали ми е блиска или не ми е блиска личноста.
Што, демек ако не ми е блиска личноста не е доволно достојна за да ја зачуваме неговата/нејзината тајна? :tapp:
Штом доаѓа кај мене значи чувствува нешто што го тера да мисли дека јас сум таа која што би можела да му помогнам. Зашто па да не му помогнам.

Со што мислите дека повеќе би му помогнале на вашиот близок, во една таква комплицирана ситуација?

Со чувањето на неговата тајна. Ништо нема да постигнеме ако ја предадеме личноста. Мислам дека сериозните раговори на психолошко ниво се најбитни во тие моменти. Само зборовите можат да стигнат до совеста а совеста е најлошата од сите казни која би можела да го стрефи некој човек. Ако после разговорите со мене реши таа личност да се предаде нејзино право, јас немам тука ништо.


Ако одговорите дека би го предале, мислите дека би го направиле тоа за негово или ваше добро? Повеќе би му помогнале него или на самите себе со тоа што не би сакале еден ден вие да испаднете негов соучесник?
Јас искрено не се чувствувам лично засегната од ваквата ситуација нити пак се чувствувам како соучесник. Сум се нашла на местото на коешто сум требала да бидем за да ја исполнам целта т.е. да и помогнам на соодветната личност на која очајно и треба помош и нема тука што. Нити сум виновна, нити ќе бидам виновна. Не сум очевидец на стореното злосторство, немам докази и во суштина не ни знам дали тоа нешто навистина се случило или не и кој е вистинскиот злосторник така што нема да превземам никакви правни мерки. А и не се ни чувствувам како соучесник најискрено така што нема од што јас да се спасувам самата себе. Никој не можа да ме обвини за ништо, така што...
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Ако треба да бирам измеѓу него и мене, нормално дека би го одбрала она што е подобро за мене.

Во врска со темата, јас искрено да ви кажам, би го пријавила. Не мора на полицијата, ама тајната сигурно не би му ја чувала без да преземам ништо. Така би било подобро и за него, и за мене. Бидејќи нормален човек не прави такво нешто, значи, според она од кое тој "боледува", би го сместиле во соодветна установа. А би било подобро и за мене бидејќи не би носела толкава нелегална тајна во себе... јас мислам дека не би можела да чувам во себе такво нешто.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Тешка дилема навистина. Психолошкиот момент на личноста е доста важен во ваквите одлуки, мислам некој би го зачувал тоа за себе, а подоцна не би можел да го тргне од главата, некој би го „предал“ блискиот за негово добро, некој за сопствено добро. Многу фактори зависат тука, какво е извршеното дело, во какви односи си бил со личноста пред да ти го каже тоа и воопшто за каква личност карактерно ја сметаш.

Јас мислам дека би постапила како што рече Тоше погоре, уште кога ќе ми го признае прекршокот би ја прашала таа личност што очекува од мене. Во зависност од тоа како ќе реагира ќе ја донесам мојата одлука. А веројатно на почетокот би премолчала, а после ако се влоши ситуацијата би разговарала и би ја советувала самата да се предаде или да ја согледа реалната ситуација па да сфати дека морам поинаку да постапам.
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
На почетокот ќе бидам соучесник,бидејќи сепак таа личност дошла кај мене со причина,знаела дека може да има доверба во мене и нема да ја изневерам довербата,ќе ќутам.
Ако после тоа се осеќа таа особа како ништо да не се случило,како мене да ми е префрлена кривицата,како да се ослободила од товарот,ќе ја посоветувам да се предаде,ќе пробам да ја убедам дека тоа е за нејзино добро и за доброто на сите.Ако не се предаде,кога тогаш ќе ја откријат,меѓутоа од моја уста нема да чујат ни збор,нема да ја изневерам довербата што таа личност ја имала во мене,и нема тоа да ме направи учесник,ако ништо друго барем кривецот кога веќе толку му значам што дели толкава тајна со мене ќе признае дека сам ја направил бељата,а и правдата секогаш кога-тогаш победува,така да јас нема да бидам крива.
Хмм да правдата побевуда.. али доколку се работи за некое јако кривично дело како што пиша и Дивајн... ти ќе бидеш СОУЧЕСНИК доколку не кажеш ништо. Така да ти брани си ја својата гордост до крај... али ако сакаш да заглавиш затвор на овој или оној начин, тогаш тоа е ок ти си знаеш.. Иначе ти би заглавива со тоа што ќе прикриваш некое кривично дело и со самото тоа станувас СОУЧЕСНИК
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Хмм да правдата побевуда.. али доколку се работи за некое јако кривично дело како што пиша и Дивајн... ти ќе бидеш СОУЧЕСНИК доколку не кажеш ништо. Така да ти брани си ја својата гордост до крај... али ако сакаш да заглавиш затвор на овој или оној начин, тогаш тоа е ок ти си знаеш.. Иначе ти би заглавива со тоа што ќе прикриваш некое кривично дело и со самото тоа станувас СОУЧЕСНИК

Кој ќе може да докаже дека јас знам за стореното злосторство?
Неговиот збор против мојот. И кој победува?
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Кој ќе може да докаже дека јас знам за стореното злосторство?
Неговиот збор против мојот. И кој победува?
Победува .... знаеш кој? Клавирот во идризово :)))))))))) СОУЧЕСТВО!!! Разбери.. прикриваш докази.. чуваш тајна... за кривично дело... а тоа е казниво по закон :)))) Личноста во затвор или на суд кога ќе ја фатат..
ќе рече имав другар/другарка кој/а знаеше за целата ситуација.. па ќе видиш после тоа што ќе те снајде :))
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Победува .... знаеш кој? Клавирот во идризово :)))))))))) СОУЧЕСТВО!!! Разбери.. прикриваш докази.. чуваш тајна... за кривично дело... а тоа е казниво по закон :)))) Личноста во затвор или на суд кога ќе ја фатат..
ќе рече имав другар/другарка кој/а знаеше за целата ситуација.. па ќе видиш после тоа што ќе те снајде :))

Па тоа прашувам. Јас знам што би можело да ме снајде ако се докаже ама кој може да докаже дека јас тоа сум го знаела :toe:.Кажав неговиот збор против мојот.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Како што кажа The Goddess,нема никакви докази дека сум ја покривала таа личност.Значи зависи за колку блиска личност станува збор.Би разговарала и би ја убедила сама да се пријави во полиција.Но ако не сака тоа би било тешко и искрено незнам што би направила.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Победува .... знаеш кој? Клавирот во идризово :)))))))))) СОУЧЕСТВО!!! Разбери.. прикриваш докази.. чуваш тајна... за кривично дело... а тоа е казниво по закон :)))) Личноста во затвор или на суд кога ќе ја фатат..
ќе рече имав другар/другарка кој/а знаеше за целата ситуација.. па ќе видиш после тоа што ќе те снајде :))
Кој докази ги прикривам жити све?Не ми го дал пиштолот(ако убил некого),ми кажал што направил,и тоа не ме прави никаков соучесник.
И ако ме издаде не признавам,како што кажа Годес,неговиот збор против мојот.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Ако ми е блиска личност, а гледам дека оди по лош пат и сосила лупа со глава во зид, тоа не сака да го прифати и бара утеха со моето подрржување, под хитно одам до неговите најблиски и отворено разговарам .... Подобро да се освести макар и цел живот веќе да не ми прозбори отколку ли да се уништи како личност..
Имав еден ваков пример со еден добар другар, кој почна да се дрогира.Прво му кажав на моите , со нив отидов кај неговите, отиде на болница и денес дечкото има фамилија и две дечиња:)
Значи се исплатува некогаш да си и "предавник":)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom