Соучесник или предавник?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
За да не го полнам постов со цитати, еве вака едно прашање до сите кои напишаа дека не би преземале ништо во една таква тешка ситуација.
Кому мислите дека помагате со вашето молчење? Постапувате како што сака тој што ви се доверил, но што е со третата повредена личност, доколку тајната е тоа дека има некој трет повреден или оштетен?
Што ви е повредно? Да испаднете фер кон еден злосторник или да спасите можеби и некои други, на кои тој истиот во иднина има шанси да им наштети?

Секако дека ќе го искажам моето разочарување кон таа личност,ќе му дадам до знаење дека воопшто не го поддржувам,ќе ја чувам тајната,но тоа не значи дека го оправдувам тоа што го направил.
Нема да ми биде лесно да ја чувам тајната,свесна за последиците и за жртвите во ситуацијата,меѓутоа нема да ја изневерам довербата што блискиот ја има во мене.

Ќе пробам да го убедам сам да се предаде,ќе го посоветувам колку што можам,и самата реков дека на почетокот ќе бидам соучесник,ако тој продолжи со своето,ако се однесува како ништо да не се случило,ќе преземам некои мерки,ако после се не му се промени мислењето или ако е за нешто посериозно ако не се предаде,ваљда јас ќе го предадам,во што и не сум толку сигурна,претходно реков дека нема,меѓутоа сепак се двоумам.

Инаку да споменам дека веднаш би го предала ако се работи за наркоманија,ако блискиот се дрогира,веднаш,бидејќи знам дека е за негово добро.
 
Соучесник до крај...
 
Вака сеа..
Ја лично у ваква ситуација би испаднала предавник, затоа што за секој сериозен проблем што го направила таа дотична личност,ќе има сериозни последици... И ако ќутам, кога ќе дојде време за последиците не мислам јас да имам грижа на совест или да се прашувам што би било ако сум кажала на време и дали би сменила нешто..
Сепак ова е ако збориме за нешто големо и сериозно, за друго не би ни се замарала многу.
 
Би ја зачувала тајната доколку увидам дека се кае за тоа што го направил... А сигурна сум дека чим дошол да ми каже на мене, не планира да го направи тоа повторно... Можеби не е баш многу добро за него тоа, но не сакам да бидам после јас кривата и да мисли дека јас сум му го уништила животот со тоа што сум го кажала.... У секој случај, мислам дека не би го кажала... Но, ако се повтори тоа... Тогаш нема да го кажам, ама ќе го натерам сам да иде и побара помош, ако не го направи самиот тоа во рок од неколку дена, ќе го направам јас... За негово добро... Никогаш не сум била и нема да бидам себична до толку и да си гледам само јас кога имам полза од нешто.... И мислам дека попрво во таква ситуација би требало да гледам за него, затоа што тој е во полоша ситуација од мене... Ако испадна соучесник, испаднам... Сепак другартвото бара и жртви... И уште нешто... Ова ги го направила само за тие што знам дека и тие би го направиле истото за мене....
 
Зависи за какво лошо дело се работи. Сепак има разлика од кражба до убиство, нормално. :icon_lol:
Ако станува збор за нешто помалку сериозно, со кое никој не настрадал, како на пример некоја поситна кражба, веројатно би го чувала за себе, за да не би дошло до ситуација во која мојот близок пријател/роднина би наебал за не толку голема работа.
Ама ако веќе ептеееен ја преминал границата на толеранција, како на пример со силување, убиство и слично, тогаш во секој случај ќе го пријавам, не само за мое и негово добро, туку за општо добро. Во секој случај не можам ни да ја замислам тежината на ситуацијата во која би се нашла, не би сакала никој да ми довери такво нешто.
 
ни едното ни другото.:baeh:
 
Би ја сочувала секако. Без разлика што е. Сепак се работи за мој близок на кој му посакувам се најдобро.
Во случајот би видела дали понатаму му е потребна стручна помош, ако да ќе направам се што можам за да се врати на прав пат.
Накрај само би му кажала дека уште некоја таква ствар понатаму ако се случи поубаво да не ми кажува, бидејќи втората шанса за помош ќе му биде кај законот.
 
Во случајов се работи за ептем блиса личност која ја има мојата целосна доверба чим ми кажала таква работа. Е сега, прашањево е тешко, ептем би се замислисла што да направам за на крај никој да не биде повреден. Но сепак не сакам да бидам соучесник на такво громорозно нешто иако се рабти за близок. Би ќутела и мислела што можам да направам. Најпрво што ми паѓа на памет е да го/а разубедам да се предаде на надлежните...Исто така да одиме заедно на психјатар и таму да му/и ја дадат соодветната помош, зашо нормална личност не прави такви будалии. Ако ништо од ова не пали, би зборувала со неговите/нејзините - сепак направил/а злодело кое неможе да остане така скриено, зашто други се повредени и плус ништо не останало тајна, така да кога тогаш ке се разбере. Со овој потег, не би сакала да го/ја разочарам, туку сакам да му помогнам, да се врати на правиот пат, зашо ако нисто не се превземе цел живот ке се измачуа. Јас искрено ке имам исто така вина, и грижа на совеста за тоа што подржувам нешто такво...
 
Ја читам темава и се чудам како би постапила. Не можам ни да замислам некој од моите блиски да направи некое тешко злодело.
Прво би била разочарана од себеси што не сум успеала да ја проценам добро личноста и не сум реагирала навреме, т.е. пред да се случи нешто. Да реагирам, во смисла - да побарам помош пред било што да се случи. И како проста, ќе се јадам и ќе се обвинувам.
Би се обидела да влијаам да се предаде и да добие соодветна помош од стручно лице. Секој сам треба да одговара за постапките и последиците од нив. Доколку не сака, не знам што би правела во близина на личност која мислела само на себе. Односно, воопшто да мислела нешто немало да прави глупости.

Не би сакала да бидам во ваква ситуација, би ја поднела многу лошо. Затоа близината која ја градиме со луѓето околу нас е многу важна, битно е дали знаеме на вистински начин да се зближуваме. И не само со другари/другарки, туку и со членовите на семејството. Особено со семејството.
 
Што би направиле кога некој ваш близок другар или роднина би ви се исповедал за направено лошо дело? Тоа лошо дело мислам да е баш лошо и големо ... нешто како голема кражба, силовање, малтретирање и сл.
Би ја зачувале неговата тајна затоа што тој така ве замолил и ви верувал или без двоумење би го предале на родителите или некој стручен државен орган за тоа?
Со што мислите дека повеќе би му помогнале на вашиот близок, во една таква комплицирана ситуација?
Ако одговорите дека би го предале, мислите дека би го направиле тоа за негово или ваше добро? Повеќе би му помогнале него или на самите себе со тоа што не би сакале еден ден вие да испаднете негов соучесник?
И така ...:pusi:
Ако веќе се работи за големо дело како сериозна кражба,силовање,дрогирање ќе му кажам на тој што сметам дека е најсоодветно за да му се помогни.Од криење нема многу аир.Во никој случај не би го кажала само за да се заштита себеси на некој начин.
 
Па без разлика што и да направи нема јас да кажам,но ако е нешто големо ќе го посоветувам да си ја исправи грешката,сам да си каже затоа што со избегнување или криење на проблемот и исто така негово одолговекување ќе си направи поголеми проблеми..значи за се има решение јас ќе помогнам да го најде тоа решение и заедно да се справиме со тоа..Но јас да предадам само така без предходно да паднат некој совети:nenene:
 
Ако е ептен лошо уште пред да ми се исповеде роднината или блискиот би го спречил зошто не би сакал да учествувам во такво нешто, а ако се исповеде тогаш би ја криел тајната до кога би можел ама би го убедувал чоевекот да ја каже вистината на другите односно на тие на кој што треба.
 
ако некој ми се довери тоа значи дека ми верувал а ако некој ми верува сигурно на друг тоа нема да го кажам па макар и по мене да има тешкотии т.е и јас да настрадам и никогаш нема да признам дека ми кажале за таа работа или дека јас знам
 
pa sve zavisi kolku sum blizok so taa licnost. Jas obicno ne kazuvam raboti sto ne treba da se kazat....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom