Влатко Стефановски

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash_sk
  • Време на започнување Време на започнување
Не најдов друга тема за Влатко, па ќе го плеснам ова тука... прекрасна изведба на “Скопје“ од Влатко и неколку негови пријатели... :)

 
Едвај чекам да видам што ќе испадне...Не се надевам на чист блуз
 
Ќе биде блуз зашто нема да се негови песни, ќе преработувал.
 
Гитаристот Влатко Стефановски (ex Леб и сол), денес (сабота, 31. мај), на јавно место (здравствена установа, офталмолошка ординација), вербално го нападна уредникот на Македонска Музичка Мрежа, Иван Беќковиќ.

Дека Стефановски не внимава ни на место ни на време, укажува податокот дека расправијата ја започна таму каде што по дифолт треба да биде мирно, во амбуланта. Имено, кога се случи инцидентот, во чекална за преглед чекаа две лица со сериозни здравствени проблеми, а беше присутно и шестмесечното бебе на уредникот, кое мирно си спиеше во рацете на татка си, се додека Влатко не го разбуди со своето силно викање. Заради дрското однесување, несвојствено за луѓе од културно-забавната сцена, присутните на овој немил настан во неколку наврати му обрнаа внимание на гитаристот дека треба да го намали тонот.

Проблемот настана во тоа што Стефановски смета дека последниве две години на MMM.com.mk го нема третманот кој треба да го има, и, како што вели, написите за него се иронични и цинични... Освен тоа, го нервираат и коментарите, кои ги оставаат посетителите на Web-порталот.

Јас не го ни отворам сајтот, но моите дома читаат па се нервираат – се дереше гитаристот, барајќи од Македонска Музичка Мрежа повеќе да не му го спомнува името.................

повеќе

Мистик пази се што објавуваш на Портал :pos::pos::pos::pos:
 
Го нервирале коментарите... епа нека не ги чита. :pos:
 
Го почитувам како Гитарист и музичар, али понашањево го уништува....али сите музичари си имаат по нешто "уметничко" во нив....нормална појава..:D:D:D:D
 
Голем срам за еден врвен музичар како него.
 
Јас кога кажувам дека Влатко е невидено нарцисидно копиле и едно од најмизерните суштества во државата сите ми се чудат...мило ми е што сега другите го гледаат тоа.
 
Не го обвинувајте пред време.. Сте ги читале текстовите? Јас не..
 
Не го обвинувајте пред време.. Сте ги читале текстовите? Јас не..


pa i da se tolku losi kako sto vikaat ili kako sto on izreagiral pak nema opravduvanje za toa sto go naprail..... on e vo top 20 svetski gitaristi i vakvi ispadi ne mu trebaat........losite vesti brzo se sirat........
 
Јас кога кажувам дека Влатко е невидено нарцисидно копиле и едно од најмизерните суштества во државата сите ми се чудат...мило ми е што сега другите го гледаат тоа.
А ти го знаеш ова од???
 
Види...вака кога ќе прочиташ "го нападна" многу страшно звучи. За потоа да дочиташ дека било вербално (за неписмените - ова значи со зборови, со уста).

За да коментираме, треба да знаеме и што дрвеле за Влатко. Можеби имал право, од кај знаете што пишувале за него. Можеби едноставно му прекипело од невистини...

Второ, некој да ме нападне вербално, има тоа алатката за вербалности да му ја затворам со такви сочни тупанки. Или нека се истепаат ко мажи, или нека не се караат по амуланти ко пичиња.
 
Не го обвинувајте пред време.. Сте ги читале текстовите? Јас не..
немам сретнато текст со навредлива содржина на МММ...освен по колумни...:toe:
 
Јасно ми е дека Влатко не е најдобрата личност на светот, ама јас би ја слушнал и другата страна пред да осудувам некој. Не дека не е возможно да се случило, ама би очекувал и нормална причина за ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom