Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зависи со кого правам муабет. Ако ми е некој од поблиските, тогаш знам да навлезам до најситни детали, но зависи за што се работи. А некогаш ако нешто многу ме нервира и не сакам да се потсетам на истото, тогаш детали прескокнувам и со два збора го кажувам главното. Може на истото да се навратам кога ќе ми помине моменталната нервоза и смирено да си кажам.Значи при секојдневните муабети,колку сте склони да ги разглабате работите до детали и колку кога на пример правите муабет за како ви поминал денешниот ден навлегувате до секоја можна точка и детал што постои?
Истото важи и за ова прашање. Зависи кој е човекот што ми зборува. Блиските секогаш ги слушам со внимание. Не за да им направам да се чувствуваат подобро, туку затоа што навистина ме интересира. И не ме замараат. Ако е некој не толку близок, не би ме интересирале најситни детали. Ако веќе се зближувам со некој, сакам постепено да дознавам, а не во два часа да ми го раскаже својот живот до ситница.Crazy in Love напиша:Од друга страна колку сакате да слушате детали од животот на луѓето?
Никогаш не заборавам и секогаш знам каде сум застанала и со што треба да продолжам, што сум зборувала и која ми била поентата на муабетот. Уште пред да почнам да зборувам мислата ми е веќе спакувана во главата и немам проблем со меморијата.Crazy in Love напиша:На пример дали сте од оние луѓе кои додека да стигнат до главното,ќе кажат уште 100 работи,каде што секој детал ќе биде кажен,па на крај и ќе заборавите што сте сакале да кажете?
Значи при секојдневните муабети,колку сте склони да ги разглабате работите до детали и колку кога на пример правите муабет за како ви поминал денешниот ден навлегувате до секоја можна точка и детал што постои?
Од друга страна колку сакате да слушате детали од животот на луѓето?
На пример дали сте од оние луѓе кои додека да стигнат до главното,ќе кажат уште 100 работи,каде што секој детал ќе биде кажен,па на крај и ќе заборавите што сте сакале да кажете?
И додека дојде до главното заборавил зошто зборува
Ех вакви гњаватори познавам неколку во мојата околина и спасот од нив ми да бидам постојано недостапна, да имам постојано работа, ми доаѓаат гости во моментот и сл. изреки...
Значи, ги почитувам сите оние кои имаат директен приказ на работите, без извртување, вообличување и драматизирање на состојбите. Практиканти а не фантазери![]()
Од друга страна колку сакате да слушате детали од животот на луѓето?