Колку сакате да слушате/споделувате детали?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да раскажувам во детали...нејќам да слушам во детали...:kesa:
 
За поблиските пријатели секогаш сум спремна да ги ислушам нивните долги детални раскажувања, исто така со нив и ги споделувам деталите. Со останатите се однесувам порезервирано и не навлегувам во подлабоки дискусии. :)
 
Добар слушач, многу слаб раскажувач. Многу.
Иако звучи добро, сепак не е. Ќе се форматирам некој ден.

Пак ја промашив темата, јас за доверувањето одговорив.
Онтопик:

Кога сум во форма, замарам со 303 детаљи и попат ги едитирам приказните/случките. Кога ми е рамно, гледам да го кажам она што го мислам што е можно пократко и појасно. То.
 
претежно многу побитно ми е да дослушам некој и да му дадам совет ако му треба да ми раскаже интересни моменти од неговиот живот отколку јас да ги разработувам и казувам деталите од моето секојдневие......воопшто не е прашање дека се работи за затвореност,него едноставно кажувам што е како е на најопшт можен начин бидејќи не би сакала и не сум навикната да раскажувам детали сепак тие си ги чувам за самата себе си......можеби тоа е поради самото чуство на недоверба и разочарување со кое некогаш сум се соочила......
 
Раскажувам многу детално но и се трудам да ги дослушам другите кога ми раскажуваат нешто иако некогаш не ми е интересно да ги слушам но никогаш не одбегнувам некого и не му вртам грб :nenene:
 
Па, многу анализирам и навлегувам во детали, некогаш и глава ме боли од тоа :tapp: Нема ноќ без да го изанализирам денот што изминал и без да превртам во главата буквално се :) А муабет правам со мајка ми најчесто и со сестра ми дури и досадна сум му од што во детали им го раскажувам денот :kesa:

Исто така сакам да слушам и детали од животот на луѓето само ако они ми кажуваат се разбира, а не прекажано :)

А за последното прашање кога сакам да кажам нешто важно на пример преминувам на главното во муабетот, не разврзувам безвезе :wink:
 
Значи при секојдневните муабети,колку сте склони да ги разглабате работите до детали и колку кога на пример правите муабет за како ви поминал денешниот ден навлегувате до секоја можна точка и детал што постои?

Од друга страна колку сакате да слушате детали од животот на луѓето?

На пример дали сте од оние луѓе кои додека да стигнат до главното,ќе кажат уште 100 работи,каде што секој детал ќе биде кажен,па на крај и ќе заборавите што сте сакале да кажете?
Секогаш зависи од расположението...
Ако сум расположен можам до 101 и назад да зборам и до детаљи и се...
А за слушање што другите имаат да кажат секогаш сум расположен...
 
Секогаш кога некој другар другарка... има нешто да се искаже.. не им е лесно нешто... нешто што сакат да кажат зашто више неможе да се чува во себе... секогаш и за све сум да ги ислушам тие што им треба мое мислење и ислушување...
ама никогаш не кажуем мои детаљи и премногу ретко делам чувства со било кој хахах :) се у мене си чувам :smir:
 
Мразам во детали затоа подобро се набрзина кажувам а ако некој другар на пример објаснува некоја приказна која ја знам на некој друг и тоа со многу детали го убрзувам само цело време.
 
Не раскажувам во детали, туку тоа што имам да го кажам го кажувам кратко и јасно. Исто така вообичаено ме нервираат муабети без почеток и крај, бидејќи од премногу детали човек не може да ја фати основната нишка на разговорот.
Од друга страна, ако станува збор за интимна, лична исповед, дилема на некој кој ми е близок, ја сфаќам и ја почитувам потребата детално да објасни и трпеливо и внимателно слушам, без да го прекинувам или да се нервирам.
 
Сакам да раскажувам за одредено нешто и тоа секогаш го правам до најситен можен детал така што додека да стигнам до главното има 5 минутен непотребен говор ама неможам да го скратам, многу ми е нецелосно кажано, шкрто на зборови.
Истото важи и кога ми раскажуваат за нешто сакам да биде хронолошки подредено, и по можност подетално. Што е па уште потрагично се ми влегува во глава и може во случаен муабет да и кажам на другарката за некое нејзино искачање од пред три години:pos2:

А не ретко ми се случило со одредена цел да го започнам муабетот, а не крај да не ми текнува што ми беше поентата и зошто воопшто го почнав тој муабет:kesa::D
 
Не сакам ни да слушам детали ниту пак јас да ги раскажувам.
Напорно е бе некако....Секогаш преминувам на главното нема потреба да го масирам некој со детали.Ако многу зборува пред да премине на главното некако губам интерес и да слушам деталите се досадни:jaj:
 
Обично кога разговарам , кога раскажувам за нешто...секогаш ама буквално секогаш навлегувам во детали...и често се случува и да заборавам на главната работа што требало всушност да ја кажам...:toe: а од друга страна не сакам да слушам кога некој премногу детално објаснува. :kesa:
 
не сум некој добар раскажувач, обично кажувам нешто најкратко што можам, се случува тогаш да ме разберат погрешно, па тогаш можеби подетално ќе се обидам да раскажам...многу мразам кога од мене се обидуваат да извлечат детали и кога не се задоволни само со тоа што сум го кажала...а за слушање секогаш сум тука :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom