Некогаш сакам,некогаш не.
Во зависност од тоа колку сум расположена за зборење и во зависност од тоа колку ми е блиска личноста со која зборам.
И зависи за какви детали се работи.

Сакам да слушам,сакам кога ми раскажуваат и ако некој сака да си се искаже и поубаво му е така,тогаш немам проблем да го ислушам.
Освен најдобриот другар понекогаш,кој што ќе почне да збори и во кажува се до најмал детал.Ама не е тоа проблемот.Проблемот е што некогаш се сплеткува со деталите,а е прилично расеан,па 20 - 30 секунди цело друштво чека додека ја смисли реченицата,затоа што му бегаат мислите или во сред зборење заборава што сакал да каже.
Мислам го навикнавме веќе,ама некогаш нервира и сите му викаме да скрати,затоа што ако продолжи со деталите,ќе го заборави главното што всушност му била поентата на муабетот.Ама не е толку страшно.

А имам една другарка од средно,која сака да споделува,ама сака и многу да слуша детали.Значи некогаш ме исрцрпува кога ме распрашува.Се сака да знае,ама буквално се'.Во ситуацијата со кого се сум се сретнала,со што муабет сум напраила,што ми рекле,што сум рекла.Ама обично буквално сака да цитирам.А мене не ми текнува,секогаш,мислам нормално.
Некогаш деталите и ја прават целата приказна покомплетна и можат сосема нова димензија на ситуацијата или настанот да дадат.Ама не секогаш и не сите детали.