Јас се согласувам со ова. Јас лично никогаш, ни кога е најжешко, не сум отишла во школо по шорцеви или сукња. Се знае што смее а што не во образовна установа. Мене лично многу ми смета што и во основно и во средно си прават "модна ревија", поготово женските. Која со минич, која со деколте, која пет кила шминка ставила...
За вечер за во град и јас сум се дотерувала, уште во основно и штикли и миничи носев, ама во школо не. Излези од школото па облечи што сакаш. Јас најразголена што сум отишла во школо (без разлика дали основно или средно) било во 3/4 панталони или фармерки и маичка со кратки ракави, или прерамки, ама не од оние тенките ептен, ко од градник што се.
И во мое време било така, а сега па младинава колку е распуштена... да те фати страв. А најтрагично е што наставниците не ги опоменуваат. Не знам кај вас, ама кај мене се шетаа кој како сака. Срамота!