Избори 2008 - последен ден пред изборниот молк

Статус
Затворена за нови мислења.

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Абе реален_07 оди на пазар да ги продаваш твоите мали трикчиња, тешко дека овде ќе наведеш некој да ти верува.

Имаме пракса веќе со затскриена пропаганда, не си прв ни последен од таа сорта “форумџии“.

Сега можеш да запнеш тродупло ако сакаш и ко на касета да се повторуваш едно те исто, имаш уште 11 часа за тоа, удри јако со четата :)

Очекуваме, немој да не разочараш!
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Добро, очигледно е дека не сме на иста линија, и дека Ти си ја браниш твојата опција, а Јас демократијата.
Со неосудувањето на ваквите идиотски форми на заплашување на народот, им давате легитимитет и на другите да го прават истото, на некои други избори.

Е тогаш ќе ги барате таквите како реалниот.
За ваша среќа, реалниот секогаш ќе биде тука, и секогаш ќе се бори против силувањето на демократијата, без разлика од која страна доаѓа.
Тогаш, слободно ќе може да сметате на моја подршка.
И напоменувам уште еднаш.
Ваквите форми на заплашување на народот, морат еднаш за секогаш да се искоренат, небитно дали доаѓаат од страна на ВМРО ДПМНЕ, или од страна на СДСМ.

Ајде сега ти реално размисли- Не е ли точно ако кажам дека твоето демократско право се сведува на тоа на секои 4 години да гласаш за тоа кој ќе краде у наредни 4 години????? разбуди се другарче за каква демократија збориш, за демократските права за кои се водеше војна у 2001 , или за демократското бомбардирање у 1999 на Србија. ИЛи можеби за демократската војна 91 и демократскиод геноцид во Босна .ИЛи можеби за уште подемократската власт на Хитлер и најдемократското убиство на 33 милиони луѓе во втора светска војна.
Како што рекол Жан жак Русо- демократијата е совршен облик на владеење а општествениот живот е премногу изопачен за да биде возможна.
Демократија -мнозинството владее, кај нас- владеат 120 глаучи у собрание и плус дузина министри и директори.каде р власта на народот??? ја нема вие само мислите дека владеете тоа е илузија.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Абе реален_07 оди на пазар да ги продаваш твоите мали трикчиња, тешко дека овде ќе наведеш некој да ти верува.

Имаме пракса веќе со затскриена пропаганда, не си прв ни последен од таа сорта “форумџии“.

Сега можеш да запнеш тродупло ако сакаш и ко на касета да се повторуваш едно те исто, имаш уште 11 часа за тоа, удри јако со четата :)

Очекуваме, немој да не разочараш!
Запамти ги добро моите три/четири поста што се однесуваат на проблематиката за која едни дискутираат, а други се прават слепи и негираат.

Ќе дискутираме за 2, 4 или 6 години пак, кога на тебе ќе ти биде загрозено правото на избор.

А Јас како доказ на тоа дека не бранам ничии интереси, туку само ги искажувам моите лични ставови и дискутирам по нив, се откажувам од понатамошна дискусија до завршетокот на изборите, и овие 11 часа ти ги оставам од срце на тебе, да продолжиш да ги продаваш твоите мали трикчиња.

И покрај се се надевам дека изборите ќе завршат фер и демократски.
Тоа ќе биде најголемата победа за Македонија.
Поздрав.:smir:
 
Член од
10 мај 2007
Мислења
107
Поени од реакции
0
Вмро-Дпмне+коалиција 65-70 пратеници
Добро бе ај размисли малу ..

За да добијат еве 60 пратеници , рачунај дека во секоја изборна единица треба да има по десет пратеници (без некој што одат потоа во извршна власт) тоа значи дека во прва втпра трета четврта и петта изборна единица е остварливо некаде може помалку некаде може повеке , тоа значи дека ке имаат околу 50 пратеници од петте изборни единици .
За да се стигне до бројката од 60 треба и во 6-та изборна единица да добијат 10 пратеници , што реално гледано и со компромис неможе да добиеш 10 пратеници а камоли сам вмро .
Прошли избори Вмро имаше 2 пратеници , ако не ја броеш Ружа која што поради Антонио М. што отидна во извршна власт влезе место него во парламент .
Значи Вмро може да освои 52 пратеници . Но сепак во 6-та изборна единица Македонците се огорчени од Вмро поради тоа што во цела 6-ка има запослено 40 македонци а дадено 3.000 работни места на албанци . Тоа значи дека нема да се повтори бројката од пред 2 години , и повекето од неопределените се за Сонце .
Од оваа прогноза излегува дека груевски ке има некаде околу 50 мандати . Но сепак се очекува дека ке има 46-7 мандати .

Од другата страна НСДП во тетово за 200 гласови изгоре еден мандат , а СДСМ за доби 2 мандати и за 300 гласови го изгори третиот .
Што значи дека Вкупно имаат 3 мандати сигурни и 4-ти 50% сигурен .
Па објасними како може да извади над 60 мандати , и објаснимија теоријата на Гордана Ј. дека ке тепала во 6-ка со 6:0 .


Покрај ова ке те демантирам за тоа што кажа дека СОНЦЕ ке извади 15-22 пратеници .
Само НСДП на прошли избори извади 7 пратеници , како што кажав изгоре еден мандат од 6-ка , но тие избори беа по 4 месеци од формирање на партијата . Сега кога веке има поголемо гласачко тело НСДП можно е да извади и 9 пратеници .
Од друга страна во 2006 година СДСМ изгуби поради ароганцијата на Бучковски , и поради добрите рекламни материјали и реклами со 100 чекори преродба на Груевски .
Сега е обратно народот кој што е свесен е огорчен од Груевски кој сепак испага безкомпромисен , покрај што покачува економски стандард покачува и цени , па излези прашајго народот како им се со 1.000 денари повеке кога и брашното и зејтинот што секојдневно се употрбува е поскапен , има у мн. други работи кој што немам намера да ги пишувам кој што секој ги знае .

Сонце очигледно е дека ке извади околу 40 пратеници . со можни варијации , сепак се очекува дека ке има 42 .
Од друга страна ДУИ се очекува да извади 20 пратеници , како што и секогаш ваѓа , па заедно со сонце може да си формира влада .
Дали груевски сам ке ја формира владата , мој одговор :nenene: .
Тоа е веке претеризам , една држава да формира влада е тек тогаш ке видиш што е крадење , будејки коалициониот партнер секогаш го посматра неговиот партнер и обратно , само така македонија може да се доведе во пропаст .

Трета работа .
Во врска со анкетата .
Во анкета се испитуваат околу 1.000 граѓани , и во нив нормално е да се погодат на пример само ВМРОвци или СДСМовци .
Така да ако се надеваш на анкета тоа ти е промашена работа.
Евети и еден пример за анкета - имаш повик и те прашуваат за кого ке гласаш , и ти ако кажеш за некого на пр за ВМРО ке те запишат за нив , потоа ако кажеш : Што има јас тебе да ти кажувам ? тогаш те рачунаат за неопределен .
Затоа најдобро е да се види на избори , безразлика кој ке победи .
Сепак ако гледаме паметно и реално мошне е интересно и не се знае кој ке победи . :helou:
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
452
Поени од реакции
2
Сепак ако гледаме паметно и реално мошне е интересно и не се знае кој ке победи . :helou:
:tapp::tapp::tapp:

Брате СИТЕ РЕЛЕВАНТНИ АНКЕТИ велат Вмро победува со однос 3-1. Ај една, две, три анкети да беа......ама сите анкети бре алоооо! Сите анкети пред и по избори! Ова ти е слем данк.
 
Член од
10 мај 2007
Мислења
107
Поени од реакции
0
Надевајсе на анкети е*бати ... и на таткоми му беше понудено анкета за 15.000 евра .. тоа значи дека секоја анкета може да биде наместена .. само некој што неможе да разбере тоа друго 20
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
И покрај се се надевам дека изборите ќе завршат фер и демократски.
Тоа ќе биде најголемата победа за Македонија.
Поздрав.:smir:
Изборите никогаш не биле фер и демократски, посебно за страната која губи.
Така било досега на сите избори, така ќе биде и за овие избори. Не велам дека власта ќе е виновна за тоа, многу често и опозицијата си фабрикува сопствени инциденти.
Губитниците секогаш ќе се жалат дека имало инциденти, дека им биле крадени гласови итн итн. Што некогаш и не значи дека не се во право.

ФАКТ е дека мора уште да вежбаме демократија. Се додека целта на партиите е кога ќе дојдат на власт да постават што повеќе вујни, тетки и партиски војничиња во директорските фотељи, а не да направат нешто за државата, се дотогаш ќе има инциденти на изборите.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
1.За да се стигне до бројката од 60 треба и во 6-та изборна единица да добијат 10 пратеници , што реално гледано и со компромис неможе да добиеш 10 пратеници а камоли сам вмро


2.Само НСДП на прошли избори извади 7 пратеници , како што кажав изгоре еден мандат од 6-ка , но тие избори беа по 4 месеци од формирање на партијата . Сега кога веке има поголемо гласачко тело НСДП можно е да извади и 9 пратеници

3.Сонце очигледно е дека ке извади околу 40 пратеници . со можни варијации , сепак се очекува дека ке има 42 .
Од друга страна ДУИ се очекува да извади 20 пратеници , како што и секогаш ваѓа , па заедно со сонце може да си формира влада .
1. 5x12 = 60

2. Кое поголемо гласачко тело? НСДП да не се регенерира, па со секоја фракција да се зголемува гласачкото тело?

3. Феноменоменално.

Одамна не сум читал вака весела математика :)
 
Член од
10 мај 2007
Мислења
107
Поени од реакции
0
Губитниците секогаш ќе се жалат дека имало инциденти, дека им биле крадени гласови итн итн. Што некогаш и не значи дека не се во право.
Апа ајде бе објасними како е можно следново -

Коалиција сонце е број 10. на изборното ливче .
А во општинска единица 6 , на изборното ливче на број десет стои името Игор Ивановски ос партијата СДП мислам беше онаа што ја имаше Рада Шекероска .. како е можно ова .. и после секогаш опозиција се буни , нормално ке се буни кога намерно се прават вака демек демек ненадејни грешки
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Сега е обратно народот кој што е свесен е огорчен од Груевски кој сепак испага безкомпромисен , покрај што покачува економски стандард покачува и цени , па излези прашајго народот како им се со 1.000 денари повеке кога и брашното и зејтинот што секојдневно се употрбува е поскапен , има у мн. други работи кој што немам намера да ги пишувам кој што секој ги знае .
Браво за ова :aplauz:
Ај сега земи прочитај еден весник, или гледај вести на која било странска телевизија и ќе видиш дека Груевски на сите европски држави им ги покачи цените на сите производи + нафтата. Тој е крив за рецесијата на целата светска економија !!!!!!!!!!!!!!
 
Член од
10 мај 2007
Мислења
107
Поени од реакции
0
Епа ако е така што него накаЧи стандардот како во другите европски земји !
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Надевајсе на анкети е*бати ... и на таткоми му беше понудено анкета за 15.000 евра .. тоа значи дека секоја анкета може да биде наместена .. само некој што неможе да разбере тоа друго 20
Петковски?

:pos:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Тој е крив за рецесијата на целата светска економија !!!!!!!!!!!!!!
Диктаториште е бре, секако дека тој е крив.
Со Грујо, од 2-ри јуни одиме на Солун, па на Токио, па на Милвоки, па на Рим.....!!!!!

Macedonia United.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Само НСДП на прошли избори извади 7 пратеници , како што кажав изгоре еден мандат од 6-ка , но тие избори беа по 4 месеци од формирање на партијата . Сега кога веке има поголемо гласачко тело НСДП можно е да извади и 9 пратеници .
:pos2::pos2: Кое гласачко тело на НСДП бе, гледаш ти вести еееееееј ?!?!?!?!?!? Сите во НСДП се или независни сега, или во ВМРО, или кај Павле Трајанов...
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Браво за ова :aplauz:
Ај сега земи прочитај еден весник, или гледај вести на која било странска телевизија и ќе видиш дека Груевски на сите европски држави им ги покачи цените на сите производи + нафтата. Тој е крив за рецесијата на целата светска економија !!!!!!!!!!!!!!
Не ја слушнавте најновата изјава на Рада ?? Ако дојде на власт ќе убива дионосауруси за да има доволно нафта :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom