Избори 2008 - последен ден пред изборниот молк

Статус
Затворена за нови мислења.

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Ајде малку да прокоментирам и за фамозната преродбена програма на преродбениците од ДПМНЕ, или како што некој би рекол,eнциклопедија на желби.
Ме изреволтира една точка која е чиста злоупотреба во партиски цели од страна на ДПМНЕ а е во врска со нашата прерано почината музичка звезда, Тоше Проески. Конкретно, во една од точките во програмата на ДПМНЕ стои:

Изградба на спомен куќата на Тодор Проески во Крушево.

Ова според мене е груба и класична злоупотреба на ликот и делото на нашиот, Тоше Проески и во најблага форма кажано,е неморално
и под сите етички стандарди, исто како што беше и добропознатиот коментарот на Бучковски во еден дневен весник, пред некое време
кој со право беше мета на многу осуди и жестоки критики од страна на цела македонска јавност, вклучувајќи ме и мене.
Жестоки критики кон Бучковски, да да. Ја памтам неговата дебилна колумна која наиде на широка осуда во јавноста.

Бучковски:
П.С. Јас имав привилегија да другарувам со Тоше... му помагав секогаш кога можев... и тогаш кога му беше најтешко, кога разочаран од неговиот статус во Македонија сакаше да си замине во Англија... Којзнае дали ќе ја избегнеше судбината доколку беше на островот... Или од пишаното не се бега.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1230&ArticleID=79134

До која крајност ќе оди, па да ја обвини и Владата на Груевски за смртта на Тоше!

Ете тоа ти е злоупотреба,а не градењето на спомен куќата.

Не е тајна дека спомен куќата на Тоше е финансирана највеќе од владата...што има тука чудно?

Поненормална работа е што буч и останатите комуњари го тераа тоше на приватна забава во срцето на Македонија и револуционерното јадро, Крушево, да им пее српски песни...


Значи им судиме на едните, а ги оправдуваме другите, само затоа што припаѓаме на нивната политичка провиненција.

Неморално!

Каде е тука објективноста?
 
Член од
3 мај 2008
Мислења
55
Поени од реакции
0
Ni padna nivoto so ova obicnive....realno...... :)
збориш за ниво, какво ниво какви бакрачи, за тоа треба малку повеќе кефало, објективност, начитаност...еее мој пријателе, незнам на кои кометари - постови си успеал да испостираш едно брдо постови....туку ајде еден мал обид, со еден интелектуално образован текст како лајт мотив, да покренеме маклку поквалитетна дискусија:

Еднаш Конфучиј го прашале што прво би направил кога би се наоѓал на челото на една земја. „Би ја подобрил употребата на јазикот“, одговорил мудрецот. Неговите слушатели се зачудиле. „Па тоа нема никаква врска со нашето прашање“, рекле тие, „чуму воопшто служи подобрата употреба на јазикот?“. Мудрецот одговорил: „Ако јазикот не е добар, тогаш она што се вели не е она што се мисли и тогаш она што требало да се сработи не е направено; ако тоа остане несработено, тогаш се расипуваат моралот и уметноста, а правдата ќе тргне по погрешен пат; а ако правдата заталка, тогаш луѓето ќе бидат беспомошни и збунети. Затоа, значи, не треба да се допушта самоволие во зборовите. Во тоа е суштината“.

Тој ионака сериозен „јазичен“ проблем во Македонија новите властодршци го донесоа до орвелијански нивоа на лагата. Идиоти бамборат по телевизиите и весниците 24 часа, воздигнувајќи го свети Грујо и мавајќи по се' што се' уште се обидува, во својата глава, да ги сочува своите два молекула разум. Симболи на македонското помрачување на свеста се Јанко Јади Бурек и Латас, и тоа цела деценија, ама ново е што речиси целата новинска и интелектуална фела е на патот поплочан од ЈанкоиЛатас. Јавносте е сфатена како најцинична манипулација и како додворување на најниските страсти на луѓето...

Таа ужасна лага со која се обидуваат да господарат со луѓето делумно произлегува од нашиот идиотски сфатен капитализам, но и од „идеологијата“ на владеачката класа. Од таа идеологија мислам дека во голема мера произлегува тој „јазички“ ужас што не' зашлакува од сите страни. Еве неколку карактеристики на таа „идеологија“: церемонијална религиозна вера придружена со морализирање, оперетен и „емотивен“ авторитаризам, младешки но веќе демагошки фанатизам, ароганција до степен на насилство, политика сфатена како манипулација... Приближно тој чуден микс е идеологијата на неискусните и запрепастувачки моќни младинци-министри собрани околу својот прв министер кој е квинтесенција на таа идеолошка каша-попара и на политиката сфатена како адвертајзинг. А тоа не е заебанција; естетизирањето на политичкото беше еден од највидливите симптоми на фашизмот.

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=7A9E1020792D204FA344C153D18B9864
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.946
Поени од реакции
5.567
Gallic, тој не знае ништо друго од ова...Цитирам „....асфухсуиф.....с.....сд.сд......сд.сд.......“
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ama barem DOOOBRO citira...., nekoi samo DILETANTSKI kopiraat, papagajski RECITIRAAT.... nekogo veke "svaren" na bunisteto na istorijata........od crvi i enzimi..normalno :)
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.946
Поени од реакции
5.567
По сопствен пример си знаеш?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Gallic, тој не знае ништо друго од ова...Цитирам
и тоа што цитира: Никола Гелевски, еден од “моторите“ на Утрински.

Да го дополнам задоволството на сите присутни со цитат на уште неколку реченици од цитираниот генијалец:

Мотив за нови граѓански иницијативи е и тоталната изгубеност на македонските елити кога станува збор за клучните општествени прашања: држава, идентитет, однос кон другиот... Нашиот естаблишмент како се уште да ги нема расчистено основните начела на демократијата, меѓу кои е и она дека државата и народот не се некакви трансцендентални и метафизички форми туку дека произлегуваат од меѓусебното договарање меѓу луѓето и дека се менливи.
Мајсторот, филозофски ја обработува темата за непостоење на Македонија. Демек, оние што зе занесуваат со македонско име и слични глупости, се само крвожедни дивјаци на нивото на Милошевиќ, а вистинските, културни европејци, се над тоа:

Автократскиот пат, кој се потпира на колективизмот и на национализмот (кој беше главен генератор на низата војни во бивша Југославија), е пат во ќорсокак. Што се однесува до балканските народи, тоа е потврдено и во историска и во современа смисла.

Македонските граѓани ќе мораат да научат да се откажуваат од примордијалните племенски идентитети во име на еден концепт на рационална политичка интеграција чијашто суштина е поголемиот степен на индивидуална слобода на сметка на делумно откажување од политичкото тематизирање на нашите групни идентитети. Иако таквиот општествен концепт бара навистина многу поголема политичка култура од сегашнава, друг пат немаме.
Што би рекол Трн, мудросер.
 
Член од
25 февруари 2006
Мислења
254
Поени од реакции
28
Што велите за програмата на ВМРО-ДП (Демократска Партија)

Неколку точки од нивната програма навистина се за подржување.

- ВМРО-ДП ќе предложи нов закон за државјанство со кој Македонците по род без оглед од кој дел на етничка Македонија се, ќе имаат директно право за добивање македонско државјанство.

- ВМРО-ДП ќе предложи нов закон за територијална поделба со кој ќе се осуети просторната федерализација која ја планира албанското малцинство, со тоа што Кичево и Струга да бидат со македонско мнозинство.

- ВМРО-ДП ќе инсистира на целосен реципроцитет во односите со другите држави, а во однос на малцинските права ќе го реафирмира својот став за единствен модел на малцинските права на Балканот.

- ВМРО-ДП е против било какви додавки и придавки со кои би се променило уставното име Република Македонија.

- ВМРО-ДП нема да го признае Косово, зашто тоа ќе стави потпис на опасни ретроградни антимакедонски процеси внатре во државата и пошироко во регионот.

- ВМРО-ДП ќе организира национален референдум со кој Рамковниот договор ќе се прогласи за ништовен, и ќе предложи донесување на нов уствар, според кој повторно ќе единствен официјален јазик ќе биде македонскиот јазик и кирилското писмо.

Што мислите за ваквите предлози, мене искрено ми изгледаат како излез од кризата во која не донесоа комуњарите создавајќи вештачко малцинство во Македонија.
 
Член од
3 мај 2008
Мислења
55
Поени од реакции
0
....Што би рекол Трн, мудросер.
И....ова е ти е коментар а?.....абе павел, има една изрека која гласи вака: Во демократијата секој има право да биде глупав( Енцесбергер).
Иако оваа изјава е дадена во еден друг конткст, сепак нејзината универзална вредност, ама сватена во буквална смисла, и те како е применлива за вмровскава маса, т.е. демократското право да се биде глупав на најдобар начин го искажаа со одење на предвермени избори. Размисли малку и најди ја смислата зашто се оди на предвремени избори, и пак размисли, и забележи го следново: Гвујо на митинзиве веќе не збори за името, демек не го даваме, не го менуваме, туку дека идентитетот е битно да не го изгубиме... има доста бавчи за длабоко орање ?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И....ова е ти е коментар а?.....абе павел, има една изрека која гласи вака: Во демократијата секој има право да биде глупав( Енцесбергер).
Иако оваа изјава е дадена во еден друг конткст, сепак нејзината универзална вредност, ама сватена во буквална смисла и те како е применлива за вмровскава маса, т.е. демократското право да се биде глупав го искажаа со одење на предвермени избори. Размисли малку и најди ја смислата зажто се оди на предвремени избори, и пак размисли, и забележи го следново: Гвујо на митинзиве веќе не збори за името, демек не го даваме, не го менуваме, туку дека идентитетот е битно да не го изгубиме...Види, има доста бавчи за длабоко орање ?
Ти одиш по митинзите на Грујо?
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Јас вака од моја гледна точка како човек кој нема партиска книшка и е со Македонска идеологија и стварност, баш би ги изнел следниве мои согледувања:

Во досегашните излегувања на СДСМ, било на митинг..било од канцелариски простории.. било од некој кабинет.. во ниту еден случај, вака искрено кога ке си размислам, немам видено Македонски симбол (освен знамево сегашно), Лик на некој наш револуционер, Сонцето од Кутлеш, Лав(недајбоже), Карта на Обединета Македонија, ... немам слушнато да се зборува од нивна страна за некоја историја на Македонскиот народ ПРЕД 1945, дури не знам ни каква емоција имаат кога одат во Крушево за илинден , не спомнале ништо за за геноцидот врз Егејците... Се што имам како сеќавање од СДСМ е: Киро Глигоров како го менува ИМЕТО и ЗНАМЕТО... како тој истиот вика дека сме Словени..а НЕ Македонци ,Како во времето на СДСМ кога се јавиле денеска популарните Македонци Хунзите од пакистан- им било речено НЕ, НИЕ НЕ СМЕ ТИЕ МАКЕДОНЦИ (?!?!?!).. Како СДСМ е во коалиција со ДУИ (УЧК).. Како СДСМ му пере мозок на Македонскиот народ дека НЕ ТРЕБА да излезе на референдум да гласа за децентрализацијата, . Дури беше толку перверзна нивната наредба што им наредуваа на нивните симпатизери и поддржувачи воопшто и да не излегуваат дури и за да го дадат нивниот глас ПРОТИВ !! :salut: СО што се кршеа основните начела на демократијата. Исто така во сеќавање од таа партија ми е нашиот велелепен претседател..лицето Б.Ц. кое како „капо ди тути капи“ си владееше во МКД последнава деценија. Ако во иднина се издаде некој алманах за него.. верувам ќе биде полн со тема: криминологија (а и за Љубе „војводата“ морам да истакнам ќе има иста таква).



Сега... верувам сите ги знаете збиднувањата од последниве 2,3 месеца..
Име НЕ променивме (морам да ги прашам овие за СДСМ дали им е мерак заради тоа бидејќи не го гледале тој филм во времето на Киро).. Знамево мање-више и да го сменат нема да ми пречи, бидејќи, ќе биде на подобро верувам следното доколку го има!
Идентитетот ни е појак од било когаш, Народот е сплотен со една мисла а тоа е МАКЕДОНИЈА, како што впрочем и требаше да биде доколку не постоеа комунистички банди ден-денеска.. меѓутоа сеуште има луѓе кои и во ваквите наши Македонски моменти имаат против таквата состојба доколку за тоа не е заслужна нашата „велико народно патриотска партија СДСМ“

И кога ќе слушнам изјави како на пример: државата и народот не се некакви трансцендентални и метафизички форми туку дека произлегуваат од меѓусебното договарање меѓу луѓето и дека се менливи. Веднаш пред мене е Букурешт и годината 1913 и на маса еден договор којшто ја застапува горенаведената теза. Богами!! Ствар на договор е целава работа после се изгледа! :nenene:


И има една афричка бела мамба кобра..која тврди и сигурно ја застапува тезата дека за 6 месеци од кога тие ќе бидат избрани ќе сме влезеле во НАТО ... ее.. сега,! доколку победат СДСМ на избориве јас ќе си извадам едно државјанство и во делот кадешто пишува Националност и Држава ќе оставам БЛАНКО да ми стои така...а зошто? гарант веќе ви зуи во позадина одговорот!


Искрено, а воедно и простете ми за следново речено..ама.. кој ќе гласа за СДСМ овие избори мора да е ЛУД
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Да не испадне дека само лудите се привилегирани кај нас? :)
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Галик, кога веќе зборуваш за јазикот и како некои политичари не биле доволно елоквентни заборави да го спомнеш врвот на СДС-овците кои незнаат да бекнат еден збор на некој странски јазик.
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Да не испадне дека само лудите се привилегирани кај нас? :)
Абе види.. и да си ЛУД, пак е тоа СТВАР НА ДОГОВОР :)

А за да биде ЛУД привилигиран да ВОДИ ДРЖАВА.. е тоа е прашање каков народ му ја дава таа привилегија! Нормален..сигурно не !
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
452
Поени од реакции
2
Јас вака од моја гледна точка како човек кој нема партиска книшка и е со Македонска идеологија и стварност, баш би ги изнел следниве мои согледувања:

Во досегашните излегувања на СДСМ, било на митинг..било од канцелариски простории.. било од некој кабинет.. во ниту еден случај, вака искрено кога ке си размислам, немам видено Македонски симбол (освен знамево сегашно), Лик на некој наш револуционер, Сонцето од Кутлеш, Лав(недајбоже), Карта на Обединета Македонија, ... немам слушнато да се зборува од нивна страна за некоја историја на Македонскиот народ ПРЕД 1945, дури не знам ни каква емоција имаат кога одат во Крушево за илинден , не спомнале ништо за за геноцидот врз Егејците... Се што имам како сеќавање од СДСМ е: Киро Глигоров како го менува ИМЕТО и ЗНАМЕТО... како тој истиот вика дека сме Словени..а НЕ Македонци ,Како во времето на СДСМ кога се јавиле денеска популарните Македонци Хунзите од пакистан- им било речено НЕ, НИЕ НЕ СМЕ ТИЕ МАКЕДОНЦИ (?!?!?!).. Како СДСМ е во коалиција со ДУИ (УЧК).. Како СДСМ му пере мозок на Македонскиот народ дека НЕ ТРЕБА да излезе на референдум да гласа за децентрализацијата, . Дури беше толку перверзна нивната наредба што им наредуваа на нивните симпатизери и поддржувачи воопшто и да не излегуваат дури и за да го дадат нивниот глас ПРОТИВ !! :salut: СО што се кршеа основните начела на демократијата. Исто така во сеќавање од таа партија ми е нашиот велелепен претседател..лицето Б.Ц. кое како „капо ди тути капи“ си владееше во МКД последнава деценија. Ако во иднина се издаде некој алманах за него.. верувам ќе биде полн со тема: криминологија (а и за Љубе „војводата“ морам да истакнам ќе има иста таква).



Сега... верувам сите ги знаете збиднувањата од последниве 2,3 месеца..
Име НЕ променивме (морам да ги прашам овие за СДСМ дали им е мерак заради тоа бидејќи не го гледале тој филм во времето на Киро).. Знамево мање-више и да го сменат нема да ми пречи, бидејќи, ќе биде на подобро верувам следното доколку го има!
Идентитетот ни е појак од било когаш, Народот е сплотен со една мисла а тоа е МАКЕДОНИЈА, како што впрочем и требаше да биде доколку не постоеа комунистички банди ден-денеска.. меѓутоа сеуште има луѓе кои и во ваквите наши Македонски моменти имаат против таквата состојба доколку за тоа не е заслужна нашата „велико народно патриотска партија СДСМ“

И кога ќе слушнам изјави како на пример: државата и народот не се некакви трансцендентални и метафизички форми туку дека произлегуваат од меѓусебното договарање меѓу луѓето и дека се менливи. Веднаш пред мене е Букурешт и годината 1913 и на маса еден договор којшто ја застапува горенаведената теза. Богами!! Ствар на договор е целава работа после се изгледа! :nenene:


И има една афричка бела мамба кобра..која тврди и сигурно ја застапува тезата дека за 6 месеци од кога тие ќе бидат избрани ќе сме влезеле во НАТО ... ее.. сега,! доколку победат СДСМ на избориве јас ќе си извадам едно државјанство и во делот кадешто пишува Националност и Држава ќе оставам БЛАНКО да ми стои така...а зошто? гарант веќе ви зуи во позадина одговорот!


Искрено, а воедно и простете ми за следново речено..ама.. кој ќе гласа за СДСМ овие избори мора да е ЛУД
Или луд или предавник. Срамота до каде стигнаа, спремни се гз и се да дадат на гејците за една мочана европа. Се им се врти околу еу/нато, како они да ќе ни ги решат проблемите. Ама тоа е, кога не знаат како самите да ги решаваат проблемите, ќе бараат други да им ги решат. Неспособни алапачи. :tapp:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Абе види.. и да си ЛУД, пак е тоа СТВАР НА ДОГОВОР :)

А за да биде ЛУД привилигиран да ВОДИ ДРЖАВА.. е тоа е прашање каков народ му ја дава таа привилегија! Нормален..сигурно не !
Како и да земеме... сепак излегува дека овие ЛУДИВЕ најпристоен живот си истераа во државава :)

..а народов има некој фетиш најверојатно и не само што дозволува да биде ебан туку се научи и сам да си бара, колку перверзно и да звучи сепак на линија е со “Коалицијата за продажба на име“.


Лудите направија специјална коалиција само за промена на името, а перверзијата е во тоа што ја нарекоа коалиција “Сонце“.

А..за бананите да не спомнувам.. ептен е перверзно веќе :helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom