Ајде малку да прокоментирам и за фамозната преродбена програма на преродбениците од ДПМНЕ, или како што некој би рекол,eнциклопедија на желби.
Ме изреволтира една точка која е чиста злоупотреба во партиски цели од страна на ДПМНЕ а е во врска со нашата прерано почината музичка звезда, Тоше Проески. Конкретно, во една од точките во програмата на ДПМНЕ стои:
Изградба на спомен куќата на Тодор Проески во Крушево.
Ова според мене е груба и класична злоупотреба на ликот и делото на нашиот, Тоше Проески и во најблага форма кажано,е неморално
и под сите етички стандарди, исто како што беше и добропознатиот коментарот на Бучковски во еден дневен весник, пред некое време
кој со право беше мета на многу осуди и жестоки критики од страна на цела македонска јавност, вклучувајќи ме и мене.