realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
Ајде малку да прокоментирам и за фамозната преродбена програма на преродбениците од ДПМНЕ, или како што некој би рекол,eнциклопедија на желби.
Ме изреволтира една точка која е чиста злоупотреба во партиски цели од страна на ДПМНЕ а е во врска со нашата прерано почината музичка звезда, Тоше Проески. Конкретно, во една од точките во програмата на ДПМНЕ стои:
Изградба на спомен куќата на Тодор Проески во Крушево.
Ова според мене е груба и класична злоупотреба на ликот и делото на нашиот, Тоше Проески и во најблага форма кажано,е неморално
и под сите етички стандарди, исто како што беше и добропознатиот коментарот на Бучковски во еден дневен весник, пред некое време
кој со право беше мета на многу осуди и жестоки критики од страна на цела македонска јавност, вклучувајќи ме и мене.
Жестоки критики кон Бучковски, да да. Ја памтам неговата дебилна колумна која наиде на широка осуда во јавноста.
Бучковски:
П.С. Јас имав привилегија да другарувам со Тоше... му помагав секогаш кога можев... и тогаш кога му беше најтешко, кога разочаран од неговиот статус во Македонија сакаше да си замине во Англија... Којзнае дали ќе ја избегнеше судбината доколку беше на островот... Или од пишаното не се бега.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1230&ArticleID=79134
До која крајност ќе оди, па да ја обвини и Владата на Груевски за смртта на Тоше!
Ете тоа ти е злоупотреба,а не градењето на спомен куќата.
Не е тајна дека спомен куќата на Тоше е финансирана највеќе од владата...што има тука чудно?
Поненормална работа е што буч и останатите комуњари го тераа тоше на приватна забава во срцето на Македонија и револуционерното јадро, Крушево, да им пее српски песни...
Значи им судиме на едните, а ги оправдуваме другите, само затоа што припаѓаме на нивната политичка провиненција.
Неморално!
Каде е тука објективноста?