Дали би одбрале вечен живот?

Dali bi odbrale vecen zivot?

  • Da

    Гласови: 169 43,3%
  • Ne

    Гласови: 221 56,7%

  • Вкупно гласачи
    390

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
НЕ!
причина?
еноставно не е интересно да си безсмртен...
ке доживееш се у животот ама СЕ освен смрт...
гледаш буквално се и свашта во светот како се менува унапредува уназадува и слично...
 
Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Не.. ќе ми скурчи и ќе сакам да се убијам, а нема да можам па ќе живеам у вечна напетост.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.319
Поени од реакции
2.846
А кој вика дека ќе научиш се за луѓето? Човекото психа секојдневно еволуира, победуваме стравови, создаваме нови стравови, комплекси. Од невини личности се трансформираме во злобни.
Еволуираме физички. Не сакаш да видиш како ќе изгледаат луѓето во 3000 година?
Никогаш, ама баш никогаш нема да знаеме се. Мислиш еден доктор со 50 години искуство знае се? Еден ел. инжињер со големо искуство знае се во врска со техниката? - Нормално дека не, така и ние нема да знаеме никогаш се, па дури и бесмртни да сме.
А за тоа дали само да го видиме светот после многу години е причина за бесмртност, ќе одговорам дека е. Секој од нас сака да го види светот после многу години. Ма не после многу години, многумина сакаат да присуствуваат и на крајот на светот, или на универзумот.
Се сложувам со ова.

Која е целта да живеам вечен живот а да бидам мизерна и несреќна поради смртта на сите кои ми значат во животот?? Во текот на сите години, ти би создавал нови врски да, но сите тие еден ден ќе изумрат, а чувството е неподносливо. Подобро да одживеам просечен живот со среќа отколку вечен со мизерија.
Зарем во сегашниот живот сите сме мизерни поради тоа што губиме блиски. И додека сме живи во овој животен век губиме блиски така да исто ми се фаќа.

Не.. ќе ми скурчи и ќе сакам да се убијам, а нема да можам па ќе живеам у вечна напетост.
Може да му скурчи според мене на човек без идеја и авантура во себе. Секој кој има авантуристички дух би сакал да е види се, а факт е дека имаме премал животен век да видиме се. Дури и прашање е дали можеме да видиме се па дури и да сме бесмртни.

И доколку би бил бесмртен сигурно не би живел живот само да се женам и да имам деца како што некој што мислат да го живеат бессмртниот живот. Таков живот ако барам тогаш и не ми треба бесмртност.

но исто така доколку сум бесмртен би сакал да сум во физичка форма на овие години од 25 до 30.

И несакам бесмртност само за да станам славен или да се сеќаваат на мене.
 
Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Може да му скурчи според мене на човек без идеја и авантура во себе. Секој кој има авантуристички дух би сакал да е види се, а факт е дека имаме премал животен век да видиме се. Дури и прашање е дали можеме да видиме се па дури и да сме бесмртни.

И доколку би бил бесмртен сигурно не би живел живот само да се женам и да имам деца како што некој што мислат да го живеат бессмртниот живот. Таков живот ако барам тогаш и не ми треба бесмртност.

но исто така доколку сум бесмртен би сакал да сум во физичка форма на овие години од 25 до 30.

И несакам бесмртност само за да станам славен или да се сеќаваат на мене.

Човек без идеја и без авантура... пффф.
Еве живееш 2000 год. Си имал многу жени деца, сите изумреле. Океј. Си пробал како е да си татко и сопруг. Си се возел со најактуелните коли на времињата во кои што ти дишеш. Си го прошетал светот. Си се избањал и изнасончал на сите егзотични плажи. Си ги пробал сите можни јадења, си ги испробал сите екстремни спортови. Адреналин до даска. Си ловел лавови, ти ја лапнале раката ти пораснала нова итн итн.
И шо. И се будиш жива вода :) :) :)

Шала на страна. Ништо, ама баш ништо не е интересно откако ќе го пробаш. Ако ти се допаѓа продолжуваш да ја правиш таа работа, се додека не ти здосади. Затоа што се губи, тоа непознатото, се губат прашањата, желбите... А тие многу значат. Убаво рекле, пробај и ќе знаеш како е. Се додека не знаеш имаш волја да пробаш. А таа волја те води низ животот.
 
Па тогаш ако е така сите би се откажале од животот. Зошто да пробуваме нешто кога знаеме дека ќе ни здосади?

Плус светот се менува пред еден век немало коли сега има.... Од каде знаеме што носи иднината?
 
Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Па тогаш ако е така сите би се откажале од животот. Зошто да пробуваме нешто кога знаеме дека ќе ни здосади?

Плус светот се менува пред еден век немало коли сега има.... Од каде знаеме што носи иднината?

Па, како што поминуваат годините се откажуваме од повеќе работи. Но сепак останува нешо. Еден живот е доволен за да не се откажеш од се. Џабе навлегуваме.. ако го пронајдеш еликсирот на животот.. е тогаш ќе вреди муабетов :)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.319
Поени од реакции
2.846
Па, како што поминуваат годините се откажуваме од повеќе работи. Но сепак останува нешо. Еден живот е доволен за да не се откажеш од се. Џабе навлегуваме.. ако го пронајдеш еликсирот на животот.. е тогаш ќе вреди муабетов :)
Точно дека џабе навлегуваме бидејќи со пишување туку не се менува ништо, но само си даваме мислења.

Интересно е што сите (правим моабет за поголемиот дел) колку што стареат помил им е животот и не се предаваат иако неможат што се вели од кревет да станат. Старците иако немоќни се за се но пак не им се умира. Цело време велат дај нека ме земе горнион, но сепак лекови обавезно имаат и тоа резерва и во залиха за секој случај. Ако сакаат да умрат зошто сепак се лечат?

Мил е животот, сега можеби не го сваќаме но како што старееме сваќаме дека не ни се умира
 
Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Не.
Како што кога не би постоела тага - не би имало среќа, да не постоела омраза не би имало љубов, да не би постоела темнина не би имало светлина, така и кога не би постоела смртта, не би постоел живот. А да живеам, без живот е безвредно.
 
Heartbreaker

The Real ROCKNROLLA
Член од
6 декември 2009
Мислења
276
Поени од реакции
28
Би одбрал само доколку тие што ми се најблиски живеат вечно. Без некои луѓе не вреди да се живее.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Да ми беше поставено прашањево пред да го прочитам Фауст на Гете, ќе речев, да, сакам вечен живот, колку и да е себично према другите, не сакам да умрам.

Но, по читањето сфатив дека нема поента во тоа да се има вечен живот. Има моменти кога животот станува досаден и 70 години се релативно долг период за да се проживеат прекрасни моменти. Не е потребно да се има вечен живот за да се биде среќен, напротив, вечниот живот е далеку од среќен.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Би одбрал живот во кои јас би можел да одредам кога да умрам и залудно е више да живеам. Значи вечен живот во никој случај не би одбрал, зашо после едно стотина години ќе ми скурчи и да живеам, не?
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
зашто всушност е отворена темава ако не сакаш некој да 'труе' со лигавите патетични реторики од типот....јас да живеам вечно а луѓето шти ги сакам да гледам како стареат и како умираат? ако не сакаш некој да го каже тоа зашто всушност е отворена темата? мислам дека би требало да е за сите слободен одговорот, со да или не. значи ти очекуваш на темава да добиеш одговори само: да,јас би живеел/а вечно. поточно не очекуваш,туку бараш.
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Bi odbrala dokolku site bi bile vecni , no ako samo jas imam vecen zivot a lugeto okolu mene ne, togas edno gooolemooo NE, bidejki mnogu bi me povredilo da gi izgubam site sto mi znacat, a zivotot nema smisla bez luge koi sto ti znacat i gi sakas
 
Г

Господ

Гостин
Би одбрал вечен,ќе имам време за се и ќе доживеам се.
За другите гајле ми е:toe:
Себичњак сум:pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom