Гимназија или стручно средно училиште?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Ме корегираш за правопис:tapp: нема врска ама и не е нешто толку битно како сум напишал за тоа има луге кои повеке ги бидува за правопис па ке те (ме) корегираат секој си има дарба за нешто.
Поентата уште во првиот пост беше дека САМИОТ треба да се социјализираш во општеството, на пример сестрати не ја ИНТЕРЕСИРА а не е дека нема можност бидејки е на право да научи за крвната група како и тебе на пример што не те интересира кој закон за што е наменет????
А за она снаоѓање во некоја тема како што реков знаеш од се по малку ама ништо доволно(ако сам не си се заангажирал повеке да научиш) така да ке почнеш во некоја тема и после 5-6 минути ке те снема незнам дали ова и ти е некоја преднос во однос на оној кој нема поима од темата??????
тоа ти е како да почнеме јас и ти да разговараме се среќаваме на улица јас здраво како си што правиш , ти еве ништо, јас што има ново и ти немаш понатаму одговор!!!!!!
Ти сфаќаш иронија? Јас во мојот пост цитирав типично вадење на адолесцент кој сака што помалку работи да научи во животот, а е во голема заблуда и сака да се извади од ситуацијата. Законите мора да се знаат, како ќе функционираме ако не ги знаеме законите? Крвните групи се многу важни, сестра ми самата ќе го изгубеше животот пред многу години поради нејзината крвна група а и до ден денес не и е гајле за тоа. Нејзин проблем.
Јас ти велам дека се запишав во гимназија за да научам што повеќе работи, планирам да студирам во Америка а при тоа да не покажам резил, како на пример да ме прашаат кој ја насликал Појадок на трева и да речам Еее не учев ликовно, што ќе ми?
П.С. Што имам грешка во РАБОТИ ШТО СЕ ОД ЖИВОТНО ЗНАЧЕЊЕ?
 
Она со правописот немислев да те критикувам или пак се налутив сосема коректно од твоја страна да ме корегираш, сакав да кажам секој не го бива за се па ниту гимназијата со големиот спектар на предмети нема да му помогне.

значи пак се враќаме дали САКА да научи!! а не дали го има тој предмет во училиште или не, тој секако не би го научил ова или она едноставно не го интересира па нема поента од 50 разни предмети кога тој самиот несака ниту еден, за таквите ни стручно ни гимназиско не помага, а кај нас ги има со лопата да ги ринеш.

крвната група ја имаш во медицинскиот картон кај матичниот лекар па и не мораш да ја знеш(А не е на одмет нормално) гледаш ,,нејзин проблем,, жалам за случката ,меѓутоа ниту тоа не влијаело на сестрати да научи која е нејзината крвна група а зошто повеке би влијела лекцијата од училиште??
за да знае која е крвната група доволно е еднаш да слушне и доколку САКА ке запомни а доколку не ниту три лекции нема да ја натераат да запомни.
 
а за во Америка не се секирај какви трупови има тука кога ке дојдеш ке бидеш еден најдобрите овоа ти го казувам озбилно.Еве пример во Америка во второ оделение учат по математика доколку имаш 10 монети од 10 центи колку вкупно пари имаш јас го учев ова во градинка.и има усте еден тоан вакви примери кои не се за споменување.
 
Другарче, ти си учел или студирал во Америка за да знаеш?

Друга работа еве на пример како е решен образовниот систем во германија отприлика.

Имаш основно 4 години и после се иде во средно, е сега некои бираат гимназија или пак општо средно школо кои се завршуваат со државна матура или пка бираат средни стручни школи кои траат по 6-7 години, но тие се завршуваат со некаков завршен испит и толку. Услов за Факултет е државан матура, па така да тие со средно стручно ако се навистина добри ученици кои во основа можеле слободно да се запишат во гимназија можат да одат да учат една година во гиманзија за припрема за државан матура и да ја полагаат државната матура за да можат да се запишат на факултет. Ама верувајте дека државната матура е доста тешка и неможе секој што се запишал во средно стручно поради оценките (кои се репер за тоа колку е ученикот интелектуално способен да научи нешто).
А инаку еве јас ви кажувам од многу луѓе дека луѓе кои завршиле природно математичка гимназија стриктно еве во мојата Карев се многу подобри студенти на Медицински факултет отколку тие со со средно медицинско.
Инаку да не ме разберете дека ги потценувам средните стручни, ќе ви кажам веднаш дека ако завршите средно стручно - забен техничар, и тоа е тоа што сакате да го правите е сеуште одличен избор, бидејќи само средно ти треба, а ако си добар можеш многу пари да вадиш, дури и многу повеќе од самите стоматолози.
 
Стручните средни школи се за оние кои знаат точно што ќе прават после завршувањето на средното школо.За мене нема никаква логика ако некој заврши во Борис економско и отиде на медицина или од гимназија на диф.
но доколку незнаете што би студирале подоцна, гимназијата е совршена.Првите две године се општи, а потоа си бирате правец по кој можете да одите(јазично, општествено,математичко...)
Јас завршив гимназија и мило ми е што не отидов стручно бидејќи ова што го студирам сега е најдобриот избор за мене,кој со стручното немаше да го изберам.
 
Стручните средни школи се за оние кои знаат точно што ќе прават после завршувањето на средното школо.
но доколку незнаете што би студирале подоцна, гимназијата е совршена.

Ајде малку да бидеме реални, 80% од матурантите до средина на четврта година уште не размислиле што сакаат да студираат. А дете од 14 години кое таман завршило основно и треба да се запише во средно, а во основа не знае ни да си го избрише газот не е во никој случај способно и критично за да знае што би сакало да студира, па на 14 години уште е далеку од оформена личност. Така да ова не ти држи вода, и е тотална нелогичност. Поделбата е едноставна, тие што имаат подобар просек или идат во гимназија или во некоа од поперспективните средни стручни, додека тие со послаб успех идат во некое средно стручно, нема тука ништо лошо само логично распоредување, според способностите на ученикот. Тотално е глупо да некој со послаб просек да се запише во гимназија за да се мачи после да иде да студира, бидејќи само со сила ќе го истурка факултетот или воопшто ако го истурка, бидејќи најверојатно ќе се откаже на половина.
За исклучоците кои ќе покажат многу подобри резултати во среднот стручно, можат комотно да си полагаат државна матура и да си се запишат на факултет.
 
Не викам дека не им е рано да се определат, но зашто не ми држи вода? Просекот нема никаква врска со желбата кога ќе пораснам ќе станам...и да бидеме реални, во државава е се со врски така да некој ако сака да се запише и да нема просек ќе се запише.Инаку јас зборував од мое лично искуство така држи вода.
 
Друга работа еве на пример како е решен образовниот систем во германија отприлика.

Имаш основно 4 години и после се иде во средно, е сега некои бираат гимназија или пак општо средно школо кои се завршуваат со државна матура или пка бираат средни стручни школи кои траат по 6-7 години, но тие се завршуваат со некаков завршен испит и толку. Услов за Факултет е државан матура, па така да тие со средно стручно ако се навистина добри ученици кои во основа можеле слободно да се запишат во гимназија можат да одат да учат една година во гиманзија за припрема за државан матура и да ја полагаат државната матура за да можат да се запишат на факултет. Ама верувајте дека државната матура е доста тешка и неможе секој што се запишал во средно стручно поради оценките (кои се репер за тоа колку е ученикот интелектуално способен да научи нешто).
не си во право.После 4 одделение не се бира школо, туку во завршното сведителство ти пишува дали си глуп, па идеш во стручно средно кое трае до 9одд или 10 (зависи од успехот)-Hauptschule.Ако си просечен идеш во Realschule завршуваш со 10 години и можеш да идеш на пракса или ако имаш успех во гимназија.Ако си интелегентен идеш во Gymnasium и со таа диплома можеш да отидеш на факс.Но опстанокот е многу тежок и многу лесно се паѓа година или те префрлаат во пониско школо.според мене системот е безвезен зашто неможеш на дете од 11 години да му кажеш дека е глуп или не.
 
Не викам дека не им е рано да се определат, но зашто не ми држи вода? Просекот нема никаква врска со желбата кога ќе пораснам ќе станам...и да бидеме реални, во државава е се со врски така да некој ако сака да се запише и да нема просек ќе се запише.Инаку јас зборував од мое лично искуство така држи вода.

Тоа што кај нас се базира на врски и мито е нездрава работа и ако се продолжи да се подржува таквата пракса со оправдувања ќе пропадне општеството. Освен тоа твоето лично искуство не е апликативно на колективните интереси и резултати.
Затоа и германскиот систем подобро функционира од нашиот во моментов, бидејќи не се базирта на тоа дали некој фантазира да биде астронаут а да неможе да има поголема оценка од двојка по физика, туку се базира на ралните способности учениците. Знам дека е сиво и дека не е розево, ама таа е реалноста сурова.

не си во право.После 4 одделение не се бира школо, туку во завршното сведителство ти пишува дали си глуп, па идеш во стручно средно кое трае до 9одд или 10 (зависи од успехот)-Hauptschule.Ако си просечен идеш во Realschule завршуваш со 10 години и можеш да идеш на пракса или ако имаш успех во гимназија.Ако си интелегентен идеш во Gymnasium и со таа диплома можеш да отидеш на факс.Но опстанокот е многу тежок и многу лесно се паѓа година или те префрлаат во пониско школо.според мене системот е безвезен зашто неможеш на дете од 11 години да му кажеш дека е глуп или не.

А за германскиот систем си во голема заблуда, бидејќи германскиот систем никого не го идентификува како глуп. Германскиот систем за разлика од нашиот очигледно е дека е пофункционален и во германија не се сфаќа за трагедија ако некој реално само безпотребно ќе троши праи и енергија на факултет кои можеби нема да може ни да ги заврши и му се дава поперспективна иднина, односно да научи занат и да си работи по занатот и да си има пристоен живот.
Дека системот не е лесен не е лесен, бидејќи имаш голема конкуренција, но фактот дека германските универзитети со години имаат стабилен и голем број на студенти е доказ дека системот е добар бидејќиги препознава тие што реално моќат да завршат факултет, освен тоа невработеноста е ниска, и тие што се невработени не се поради тоа што се неквалификувани. Така да германскиот образовен систем многу добро функционира. Доказ за тоа е и бројот на научници и експерти од германија како и бројот на пронајдоци и патенти кои доаѓаат од германија.
Инаку тоа што го спомна диплома на крај од гимназијата е Abitur односно на нашки државна матура.
 
Живеев таму знам.Тоа со глуп беше на нашки изразено.И фала за информацијата дека се вика Абитур во превод и значи матура во право си.За жал на германските универзитети голем дел од студентите се странци, а и многу мал дел од германците се одлучуваат за студирање бидејќи имаат и добри можности за работа без факултет (за жал кај нас не е така).Инаку не мислиш дека е прерано во 4 одделение да му се каже на детето дали го бива или не го бива?
 
Ајде малку да бидеме реални, 80% од матурантите до средина на четврта година уште не размислиле што сакаат да студираат. А дете од 14 години кое таман завршило основно и треба да се запише во средно, а во основа не знае ни да си го избрише газот не е во никој случај способно и критично за да знае што би сакало да студира, па на 14 години уште е далеку од оформена личност. Така да ова не ти држи вода, и е тотална нелогичност. Поделбата е едноставна, тие што имаат подобар просек или идат во гимназија или во некоа од поперспективните средни стручни, додека тие со послаб успех идат во некое средно стручно, нема тука ништо лошо само логично распоредување, според способностите на ученикот. Тотално е глупо да некој со послаб просек да се запише во гимназија за да се мачи после да иде да студира, бидејќи само со сила ќе го истурка факултетот или воопшто ако го истурка, бидејќи најверојатно ќе се откаже на половина.
За исклучоците кои ќе покажат многу подобри резултати во среднот стручно, можат комотно да си полагаат државна матура и да си се запишат на факултет.

она со подобар или полош просек не ти е во ред бидејки живееш во Македонија каде секој со секого се знае па така да и кој и да е труп може да ги има сите 5-ки бидејки тато е инспектор мама е судија итн.
а некој кој самиот се труди и вложува да има 4-ка по ликовно бидејки не го бива за цртање и неможе да се запише на медицина средно бидејки таму треба да ти се сите 5-ки.и негледам тука некое логишно распоредување .

Стручните средни школи се за оние кои знаат точно што ќе прават после завршувањето на средното школо.За мене нема никаква логика ако некој заврши во Борис економско и отиде на медицина или од гимназија на диф.
но доколку незнаете што би студирале подоцна, гимназијата е совршена.Првите две године се општи, а потоа си бирате правец по кој можете да одите(јазично, општествено,математичко...)
Јас завршив гимназија и мило ми е што не отидов стручно бидејќи ова што го студирам сега е најдобриот избор за мене,кој со стручното немаше да го изберам.

колку тинејџери со 14 години познаваш кои ТОЧНО знаат што после завршувањето на средното училиште??????
инаку исто така она со завршување едно а продолжување на студии нешто сосем друго не е нелогично има колку сакаш примери на луге кои започнале на еден ФАКУЛТЕТ но со време сватиле дека утнале не се за тоа па завршиле сосем друг факултет и се успешни во нивната професија што кажува дека дури и со 18-години понекогаш не си доволно сигурен и определен во она што би сакал да бидеш подоцна.
Што се однесува до Македонија многу голем процент од децата се запишуваат во гимназија или стручно бидејки мама и тато така налагаат сакаат од нивните деца да направат инжењери или доктори па ги втурнуваат во она кое тие сакаат нивните деца да бидат.(не ретко и им ја упропастуваат желбата а и талентот на своите деца )
Од мое лично искуство јас кога се запишав средно последното нешто кое ми падна на памет беше да студирам после завршување на средното образование, во тие моменти дури и неможев да замислам дека треба да учам уште 4години.Но работите се променија и еве при крај сум со факултетот така да кој колку знае на 14 што и каде и како не ти држи вода.
 
Инаку не мислиш дека е прерано во 4 одделение да му се каже на детето дали го бива или не го бива?

Епа има разлика а тоа е дека не му се кажува на детето дали го бива или не, туку неговирте резултати кажуваат дали го бива или не. Имено од прво до четврто одделение децата се уште толку наивни и далеку од пубертет за да можат ради „инат“ или ради марза да не покажуваат подобри резултати. Баш во тој почетен стадиум од образованието се гледа потенцијалот на едно дете, односно дали има способност совлада доста материјал или не. Дури и во нашиот корумпиран образовен систем во првите четири години има воглавно митаџиски или врскаџиски интервенции само ако станува збор за повторување на одделение односно разликата помеѓу кец и двојка. Не викам дека нема исклучоци кои подоцна се развиуваат подобро, ама за таквите кои се многу ретки имаат можност сепак да се запишат на факултет, а и да нема се прифатлива жртва за системот кој функционира и се базира на вредноста на дадените резултати а не на вредноста на фантазиите.

И фокси, јас студирам во гермнија и имам правено муабет со колеги кои ја имаат изодено таа според тебе голгота, па тие не се жалат дека е толку тешка како што ја прикажа.

Другарче веќе во друг пост кажав дека ми е јасно односно го знам оправдувањето дека таквиот начин не е апликативен кај нас ради мито и корупција, ама ако продолжат сите тоа да го оправдуваат , на тоа и ќе остане образовниот систем - корумпиран, а жртвата на тоа е нефункционалност на целото општество, со други зборови додека не се оправи тој систем на вредности, државава ќе ни биде дупка. Мора да се промени овој сегашен расипан систем на вредности, а тоа не се прави со оправдувања, туку со водење според принципи.
 
Ех..кога би можела и јас да се вратам да студирам таму, а не да скапувам тука..:toe:
 
Според мене, доколку ученик покажува поголем талент во некоја област, треба да го искористи тоа и да запише стручно училиште. Доколку не го интересира уметност, економија и слично, во гимназија најмалку ке научи на таа тема, па дури може да стекне одбивност кон предметот.

Доколку некој не е сигурен каде сака да продолжи или пак нема намера да студира, гимназија е веројатно најдобар избор. Сепак, жал ми е што стручните училишта заостануваат и што се на пониско ниво од гимназиите поради тоа што нудат и смерови со ниски критериуми.
 
Друже грешка си, баш ако немаш намера да студираш, ќе си се запишеш во стручно, зошто ќе си имаш струка барем, да не бидеш понатаму на товар на општеството и да си најдеш барем каква-таква работа.:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom