Каква кола да купам до ХХ евра?

  • Креатор на темата kusi
  • Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Де бе... немора да се расправате. Секој треба сам да си одлучи со своја глава. Џабе е дали ке кажеме да земи голф 3 или тојота. Се е ствар на вкус. Избор за тие пари има доста солиден, баш преге гледав се зема Астра Г 1.4 бензин со фул опрема за тие пари некаде 2001 година што не е некое големо возило а моторот му е топ (1.2 75Кс, 1.4 90 кс). Сепак до човекот е. Јас голф не би земал последна марка на светот да е. Едноставно ми се одвратни.

А во контекст на муабетот на АлекСк, би рекол дека не е некоја посебна филозофија да откриеш дали возилото што сакаш да го купиш е таксирано или има изминато повеќе километри отколку што пишува на бројчаникот. Дека има кршови низ државава, има. И да знаете тие се најекспонирани и најбрзо се продаваат. Домаќински зачувана кола ретко се продава, а и едноставно неможе да се продаде колку што вреди поради таквите. Се случува ако возилото вреди 5.000 евра, а исто такво крш со Х60.000 км изминати го продаваат за 4.000 ке се истепаат кој да го земе поефтиното и башка овај што бара 5.000 евра го прават луд! Демек види за колку има возило како твоето. Да има, ама во каква состојба е тоа е веќе друго прашање. Не размислуваат дека доколку само подвозјето е при крај, тој тие 1.000 евра ке ги даде по мајстори и резервни делови, да не споменувам со синдромот на трошење повеќе масло од гориво, губење на вода и сл...
 
Alek_Sk

If you wanna learn something, bring your mothers!
Член од
14 септември 2007
Мислења
614
Поени од реакции
18
Голф 3ка на старо 6.000 евра не тропај глупости за 6.000 евра има голем избор на старо зависи тој каква кола сака..
Не тропам глупости кажувам факти, 20 години имам продавница за авто делови и пола од колегите на татко ми имаат плацови за коли и биди сигурен дека повеќе од тебе знам како се одвиваат тие работи,ако си отишол на авто пазар и си видел голф 3ка за 4000е не значи дека сите голфови треба да се таа цена, а зошто стои таа цена на голфот...само колата си знае.Почетник за мене вози или нова кола или југо, ако земе нова има гаранција, осигурана...нема да му ја мисли, ако земе југо колку и да го удри или заебе механички не е страшно, евтини му се деловите. SrRulz оди на авто пазар зема добро исполиран голф 3, изгланцан моторот со спреј за маска го вози 10,000км ти се поебе турбина или бош пумпа недај боже...2000евра поправка, што ќе правиш?Земаш калибра/тигра спортска се супер ти се поебе најосновното кабли за свекици цена 100евра...нервози нели?На човекот му кажувам како идат работите со половни автомобили кај нас а другото си е негово, само запамти едно, пред да купиш кола, треба да разгледаш наоколу дали имаш доволно големи муда да ја возиш таа кола, Ауди А8 или БМВ 7 или С класа можеш да најдеш за 7-8000евра али брисач за таа кола е 50евра или фар 200-300-400 евра, мислам дека ќе ме сватиш што сакам да кажам.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Да не испадне работава на крај.. татко ми дилер на форд,ела кај мене

Шала на страна,за наши услови не вреди кола на ново. Посебно не за почетник, освен ако нема одвишок пари.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Alek_SK...ima novi Juga uste.., ako ima, sto motor nosat???
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86

Сосема си у право..Посебно за најдолниот дел од тој коментар..
 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Eden drugar za 3500 evra kupi BMW sportsko napraveno super kola se na se okolu 3800 evra so trosoci. Samo e so bugarski tablici ama nema problem.
 
Alek_Sk

If you wanna learn something, bring your mothers!
Член од
14 септември 2007
Мислења
614
Поени од реакции
18
Да не испадне работава на крај.. татко ми дилер на форд,ела кај мене

Шала на страна,за наши услови не вреди кола на ново. Посебно не за почетник, освен ако нема одвишок пари.
Не, немам ништо со форд, да имав ќе возев форд само фиестата ја дадов како пример затоа што мислам дека е една од поевтините.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Шала на страна,за наши услови не вреди кола на ново.
Патец на средина, а зашто не вреди кола на ново кај нас???

Он топик... За прва кола, која што најверојатно ќе ја утепаш од удирања, гребења и слични ствари (може и не, али поголеми се шансите дека ќе се деси такво нешто), неколку луѓе спомнаа, и тотално се согласувам... Југо. Пошто се страшни цените за гориво, му ставаш плинче на југото (ќе те кошта некои 200-300 евра) и возиш по цел ден... По леб кога ќе те прати мајка ти, со кола ќе идеш :)
Е сеа... ако сакаш нешто поубаво... имаш убав избор со 206 (па дури и 106, не знам дали ги има после 2000), Корса, Поло (моделот од 2000/2001 е бонбонче)... такви некои колички. Немој, никако немој, да се излажеш да земеш нешто пред 2000 ... премногу старо.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
..освен погоре споменатите причини.. веќе после еден газда колата губи многу од својата вредност, башка тоа дека нашите патишта се катастрофа, неквалитетно гориво... потрошувачката треба да биде приспособена кон буџетот итн.

А секоја кола си бара грижа, редовен сервис ова она... многу работи треба да се земат предвид.

ПС. Кога сме веќе кај нови просечни аута... има ли некој искуство со Шкодиве, новите?
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Брат... кисело е грозјето?
Извини на навреда (не ми е целта тоа) али моронизам е да кажеш дека не вреди да се купи нова кола затоа што губи вредност, или патиштата, горивото... уште помалце па муабетот со сервисот...
Јасно е дека не треба да ти ги листам предностите на купување на нова кола (vs на старо).
А дека потрошувачката треба да биде приспособена кон буџетот... тука се согласуваме максимално. На крај... се се сведува на тоа, нели? :)
 
А

Ајсшутер

Гостин
Мислам дека е најдобро да отидеш на АвтоПазар и таму ке си најдеш кола настаро би била добра бидејки за почетник не ти треба којзнае каква за 6000 евра на старо ке најдеш топ кола.
 
Збориме за почетник.
А извини и ти ако мислиш дека за 6000 евра ќе најдел солидно ауто на ново :toe:

Не сум тука да се докажувам, туку мое видување да дадам. Сепак ја не купувам во случајот,а нит продавам.
 
Член од
22 април 2008
Мислења
20
Поени од реакции
1
Мислам дека е најдобро да отидеш на АвтоПазар и таму ке си најдеш кола настаро би била добра бидејки за почетник не ти треба којзнае каква за 6000 евра на старо ке најдеш топ кола.
Тие 2 не ми идат заедно ни на сон.

Ако одиш земи си 2-3 мајстора од поверење со себе (да не се пазарени со продавачот и да не си намигнат ако е еден).
Барај да ти дозволат да се отвори мотор :pos2:. Ако „случајо, не знам зашо“ не ти дозволат, одвој 600-1000Е за ремонт, за секој случај. Исклучок Југо 200-250Е
Барај тест едно месец-два да провериш „случајно“ да не почне да губи снага. Ако не ти дадат имај баги резерва за мајстори да ти утврдуваат шо е проблемот, да сменат се живо и диво и на крај пак да ремонтираат.
Види гуми ама и свтри ги да не се случајно испукани од внатре. Ако не те пуштат резерва 150Е за нови.
Дигни седишта да видиш дали има лисја помеѓу нив и каросерија. Тоа се германски листа од ЕУ поплави.
Носи по мајстор да пролупаат каросеријата од оздола.
...and on and on and on the story goes...

Drive safely

П.С. макар и тико/матиз/спарк на ново не мораш да ја имаш таа резерва
 
Kajgana Shop

На врв Bottom