Зошто атеистите доаѓаат на подфорумот Религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Едноставно-здравиот човеков разум не се задоволува со лагата-туѓа му е!

Pa neli bre Miki ne se ide u vera so logika i razum ???


Точно!

Ти го посочив примерот со здравиот атеистички разум за да покажам дека диру и оние кои не веруваат во Божјото постоење, а кои живеат исклучово на рацинално ниво, можат да разликуваат добро од зло и вистина од лага.
За верните, тоа е многу полесно за раздвојување. Божјите заповеди се рефрентен систем во однос на кои нешто се расудува како добро или зло, како вистина или како лага.
 
Вака, не го читав цел форум, застанав на ова мислење, зошто тоа е единствената причина поради која пишувам на Религија. Јас не сум се родил атеист, имаше и време кога верував (пораснат сум како православен христијанин). Ама со текот на времето, како човек повеќе го запознава светот вербата се губи.
Сега, стварта е што неможам со сигурнност да кажам дека не постои Бог или Богови... или Баба Рога, било што, зошто јас всушност и немам докази кои посочуваат кон тоа. Моето неверување се заснова на недостигот на докази. Клучно е тоа што јас (сакам да) верувам во вистината и само вистината, но прашањето е како до неа. Дали научниот метод или божјиот збор напишан во светите книги е патот до вистината? Е баш затоа разменувам аргументи и спорам ставови со тие што тврдат дека божјиот збор е патот до вистината.


Тешко е да го спознаеш Бог не се ни обидувај слушај го срцето и не барај никакво докази и не мудрувај човечката мудрост пред Бога е лудост никој со свој разум не смее да се обидува да го спознава Бог,тој се спознава само со срцето и мудроста на срцето Слава на Бога.
 
ќе ти одговорев на прашањата ама нема потреба..да те просветлувам нели...

Од кога е одговарање по прашања просветлување :wink:? Да не ме интересираат одговорите нема ни да прашам.

- Не, Богови се: Отец, Син и Свет Дух, единствени и неслиени.

Значи тројца. Алах и Буда тука се или се посебни?

Вишну и Брама во кои веруваат околу милијарда Индијци вклучени ли се во тие тројца?
- Точно, не сум видел, но сум поверувал, а „...блажени се оние кои не виделе а поверувале...„ (ГИС)

Но дозволуваш некој да одбере друго верување и да биде еднакво вреден како тебе?

- Грев=промашување, а гревот како чин е газење на Божјата волја.

Ова е многу дискутабилно објаснување ама нема да навлегувам подлабоко. Гревот за еден Македонец може да е многу различен од гревот за еден Грк, како пример.

- И писанијата и легендите се човеков производ. Бог не е човеков производ, туку обратно.

Бог или го има или го нема. Друго е ирелевантно. Дали јас и ти веруваме во него е исто така ирелевантно.

Јас прашав во што се разликуваат Исус и сите останати Богови. Во што е он толку посебен?

- Ако е од Бога-вистина е, ако е од лукавиот-лага е. Просто и едниставно. Дури и атеистите можат да разликуваат тешка лага од витстина. Едноставно-здравиот човеков разум не се задоволува со лагата-туѓа му е!

Многу луѓе не разликуваат лага од вистина! Лагата постои уште од првото човечко раѓање а ти тврдиш дека му била туѓа :wink:.

Лукавиот нели кажал ако јадете од дрвото на животот нема да умрете и навистина не умреле. Не им кажал лага.

Нели Господ им рекол ќе умрете па не умреа, само ги истерал од Еден.

Тоа се работи запишани и ден денес во Стариот Завет.
 
Не е исто.
Кај источноазијатските философии, јингот и јангот се половинки од една целина и егзстираат паралелно и се во бесконечно меѓусебно конфронтирање.
Во христијанството, злото не е создадено („...еве доаѓа кнезот од овој свек кој во Мене нема ништо....„ Вели Христос). туку создадено е доброто. Злото егзистира само доколку некој чини зло. Ако луѓето прават добро, тогаш злото не постоои.

Од каде сега испадна дека доброто е создадено и постои, а злото постои само кога ние ќе го создадеме, нели со чинење зло. Според мене и доброто и злото постојат само ако луѓето прават зло или добро. Ништо не постои само за себе. Овие работи, добро и зло се работи кои ние ги смисливме да ги означиме нештата кои нас ни прават добро или зло. Таоизмот ми има повеќе логика од твоево толкување на Христијанството.
 
odgovorot e ednostaven sakat i vas religioznite lugje da ve ubedat deka gospot nema (ednostavno neli???) :pos2:
 
Од каде сега испадна дека доброто е создадено и постои, а злото постои само кога ние ќе го создадеме, нели со чинење зло. Според мене и доброто и злото постојат само ако луѓето прават зло или добро. Ништо не постои само за себе. Овие работи, добро и зло се работи кои ние ги смисливме да ги означиме нештата кои нас ни прават добро или зло. Таоизмот ми има повеќе логика од твоево толкување на Христијанството.


Словото Божјо не се објаснува секому ''кој може да прими нека прими'' Бог има построги зборови за оние кои го негираат(прават зло) важно е што веруваш во нешто се надевам дека си исполнет ако е така продолжи го тој пат .
 
Mala zabeleshka

Budizam i Taoizam ne e isto !

Taoizam vi doaga nesto kao star zavet a Budizam kao nov ...

Ima Bog ama da kazes deka Indijcite se djavolovi slugi oti veruvaat vo Vishnu e glupost ... narcisoidnost i nametnuvanje stavovi ...toa BOG ne go bara od nikoj i ne e toa negovoto slovo
 

Фала за линкот ама таму не ги најдов конкретните одговори. Има милион различни мислења и тврдења и секој смета дека е во право.

Би претпочитал на мои конкретни прашања да добијам и конкретен личен одговор!
 
Како што гледате има многу атеисти и агностици во групата на мислења за Религија. Значи дека не се малце и дека треба да се отвори нова подгрупа за нас. За да нема расправии помеѓу верници и неверници отворете еден за неверниците за да може да си разговараме како луѓе ние атеистите и остали неверници.
 
Затоа што незнаат дали навистина се атеисти , и мислат дека ќе ги нервираат верниците.
 
Можеби се доаѓа за да се добијат одредени одговори кои најчесто се избегнуваат да се одговорат.
 
За да пробат да им објаснат и на другите зошто тие така мислат.:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom