Зошто атеистите доаѓаат на подфорумот Религија?

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Стварно не ми е јасно како може да гледаат атеистите на веринците како да сме вакцинирани животни оградени во трло(буквално)..па начинот на живот кои сме го избрале не ни е наметнат, ниту не присилиле..значи тука е слободната волја сами сме го избрале ова... и живееме согласно правилата кои сме ги прифатиле..јас негледам што корист или загуба има еден атеист од тоа.Уште помалку дали Бог ме искушува или колку сум информиран..барем според верниците што јас ги познавам овде на форумот(без разлика од која црква доаѓаат скоро сите се со повисок степен на образование)..значи не се работи за неинформираност..напротив би рекол..дека ни е откриено повеќе..
 
Прво, ЈАС си имам свое мислење. На овој форм РЕЛИГИЈА има разно разни ставови од разно разни верувања/уверувања. Според мене, ПИСМОТО е единствено меродавно за МОЈОТ или за нечиј друг став. Кој колку му е послушен на ПИСМОТО (читај на БОГ)? Тоа зависи од мене/другиот.
Кој колку е ИНФОРМИРАН или ОГРАНИЧЕН .... Секој има толку колку што му е дадено од Господ Исус. Тоа не значи дека човек не треба да се потруди малку повеќе. Господ не е против образованието.

Второ, ТОКМУ СПРОТИВНОТО, Бог ми верува МНОГУ и затоа и ми доверува МНОГУ.

Пријател ако толку се залагаш да ни објасниш за твојата вера барем прочитај ги темите поврзани околу неа.3а да не ставам 20 цитати ке ти објаснам од прилика (а ти потруди се и прочитај).Писмото кое ти го прикажуваш како меродавно беа изнесени еден куп докази дека воопшто не е така дека е преправано дполнувано модифицирано итн итн.Ако секој има толку колку што му е дадено од бог(тогаш тој треба да остане таков каков што е бидејки бог одлучил дека поединецот толкутреба да има)значи секое идење надвор од таа рамка ти правиш грев и идеш против неговата волја(и околу ова се сложија 90% од верниците) така да и ова пага во вода.......
А објасни сто тоа господ ти доверува и како ти верува....
 
Ова требаше да биде шала(барем според смајлито)..ама ајде извини ако се навреди...
Секој има право да верува или не...и ти гарантирам дека Бог постои..и надвор од Библијата...сепак тоа не изговор...за насловот на темата уште никој не дал поштен одговор....
Маркус, одговорот сам по себе како "исправен" неикогаш нема да стигне на темава, бидејќи истата е доста банална... ај да отвориме тема зошто бугарите пишуваат во политика, зошто Еце пиша на темава, зошто мене ми текна да го пишам постов.... пред се форумов е наменет за ДИСКУСИЈА која за да биде здрава и да ја има мора да се води помеѓу луѓе со различни гледишта, го напишав ова и вчера ама веројатно некој ако не и сите го прескокнале тоа, барате во јајце влакно, еве јас како некој кој сеуште го бара својот пат (загубено Божјо јагне) идам на овој пос Форум за да прочитам и да видам, да научам повеќе за религијата, да замижам и да го занемарам фактот што уште куранот и тората треба да ги прочитам, библиите одмна сум ги поминал, работи неразјаснети има и ќе ги има и малку веројатно ми е дека има некој компетентен да ми ги разјасни сите тие нејаснотии, секој со свое објаснување, затоа и јас тука да видам, да научам, ДА ДИСКУТИРАМ.
 
Маркус, одговорот сам по себе како "исправен" неикогаш нема да стигне на темава, бидејќи истата е доста банална... ај да отвориме тема зошто бугарите пишуваат во политика, зошто Еце пиша на темава, зошто мене ми текна да го пишам постов.... пред се форумов е наменет за ДИСКУСИЈА која за да биде здрава и да ја има мора да се води помеѓу луѓе со различни гледишта, го напишав ова и вчера ама веројатно некој ако не и сите го прескокнале тоа, барате во влакно јајце, еве јас како некој кој сеуште го бара својот пат (загубено Божјо јагне) идам на овој пос Форум за да прочитам и да видам, да научам повеќе за религијата, да замижам и да го занемарам фактот што уште куранот и тората треба да ги прочитам, библиите одмна сум ги поминал, работи неразјаснети има и ќе ги има и малку веројатно ми е дека има некој компетентен да ми ги разјасни сите тие нејаснотии, секој со свое објаснување, затоа и јас тука да видам, да научам, ДА ДИСКУТИРАМ.

Извинете за офтопикот ама немој да барате во влакно јајце:pos::pos::pos:Позз пријател мала шала не е на одмет:helou:
 
А зашто не би доаѓале? Не гледам никаква причина за тоа :toe:.
И доаѓаат затоа што подфорумот се вика Религија, а не се вика "Исклучиво само за религиозни луѓе " затоа.
 
Извинете за офтопикот ама немој да барате во влакно јајце:pos::pos::pos:Позз пријател мала шала не е на одмет:helou:
Хехе фала друже :smir: не сум безгрешен ооооо не сум.

а не сум ни Избраниот :pos:
 
Godess...дури и википедија вели дека религијата значи однос со Бог...практицирање на тој однос..ама не однос во стилот жртва и силувач..туку верник и створител. Атеизмот е негација на сето тоа..
Сепак погрешно сте разбрале..барем што се однесува до мене..не сум против атеистите на овој подфорум..напротив..секоја дискусија е добра..работата е што 80% од темите одат во офтопик баш поради тој однос...не/верник.
 
Атеистите доаѓаат на подфорумот РЕЛИГИЈА затоа што нешто ги чешка, или што вели нашиов народ: СИ ЈА ИМААТ МУАТА НА КАПАТА.

АТЕИСТИ, вашето доаѓање на овој подфорум РЕЛИГИЈА сметајте го за ЧИСТА БОЖЈА МИЛОСТ.
'Господ е трпелив кон вас, затоа што не сака никој да пропадне (читај ПЕКОЛ), туку сака сите да дојдат до обраќање (читај ВЕРА; ВЕЧЕН ЖИВОТ)' 2 Петар 3:9
 
Е ова е причина што го замразувам подфорумов, ПСАЛМИТЕ упм за секоја прилика и секој пат кога не знаете како понатака одма ПСАЛМ... како да читам некој сликовница од јеховините сведоци се осеќам
 
Немој да се литиш другарче непознато,

само давам свое мислење за тоа зошто СИ на овој подфорум. И ти го праиш истото, зар не?
Инаку не цитирав Псалм, туку едно од Петровите посланија/писма.
 
Атеистите доаѓаат на подфорумот РЕЛИГИЈА затоа што нешто ги чешка, или што вели нашиов народ: СИ ЈА ИМААТ МУАТА НА КАПАТА.

АТЕИСТИ, вашето доаѓање на овој подфорум РЕЛИГИЈА сметајте го за ЧИСТА БОЖЈА МИЛОСТ.
'Господ е трпелив кон вас, затоа што не сака никој да пропадне (читај ПЕКОЛ), туку сака сите да дојдат до обраќање (читај ВЕРА; ВЕЧЕН ЖИВОТ)' 2 Петар 3:9

Кога веќе спомена пекол тогаш мислиш ли дека некој денес од овој век ќе оди во рајот?

онтопик: Можеби атеистите доаѓаат на религија ( знам што значи) за да го видат начинот на размислување на верниците. А и како би функционирал подфорумот само со верници? Не верувам дека би имало некоја дискусија кога би биле само верници ама можеби сум во заблуда :smir:

А зашто мислите дека атеистите имаат грижа на совест затоа што се атеисти?
 
Е ова е причина што го замразувам подфорумов, ПСАЛМИТЕ упм за секоја прилика и секој пат кога не знаете како понатака одма ПСАЛМ... како да читам некој сликовница од јеховините сведоци се осеќам
Иако не беше во прашање псалм..сепак добар почеток оти погоре прочитав како не си имал прилика да ја прочиташ Тората...:helou:
 
Кога веќе спомена пекол тогаш мислиш ли дека некој денес од овој век ќе оди во рајот?

онтопик: Можеби атеистите доаѓаат на религија ( знам што значи) за да го видат начинот на размислување на верниците. А и како би функционирал подфорумот само со верници? Не верувам дека би имало некоја дискусија кога би биле само верници ама можеби сум во заблуда :smir:

А зашто мислите дека атеистите имаат грижа на совест затоа што се атеисти?
ако некој има грижа на совест значи дека направил нешто за кое се кае или цватил дека не бил о право.Што значи дека атеистот би мислел дека е грешно да се биде атеист.
И јас лично не верувам во тоа што нема да го видам црно на бела, на страна тоа и така сум воспитана, односно дома моите никогаш не давале голема важност на религијата, што не значи дека мене не ми е оставено да си се определам во што ќе верувам и дали ќе верувам.Дури отишле до степен да не сакале да ме крстат, и не сум крстена, тоа е оставено на мене дали сакам да се крстам или не, јас одлучив дека несакам.Едноставно неможам да поверувам дека некој (кој нити го знам нити го познавам) може да има поголемо влијание врз мене и мојот живот отколку самата јас.
 
Кога веќе спомена пекол тогаш мислиш ли дека некој денес од овој век ќе оди во рајот?

онтопик: Можеби атеистите доаѓаат на религија ( знам што значи) за да го видат начинот на размислување на верниците. А и како би функционирал подфорумот само со верници? Не верувам дека би имало некоја дискусија кога би биле само верници ама можеби сум во заблуда :smir:

А зашто мислите дека атеистите имаат грижа на совест затоа што се атеисти?

Не само од овој век, туку од СИТЕ ВЕКОВИ луѓето кои му веруваат на Живиот и Единствен Бог ќе одат во Рајот. И за тебе Goddess има влезница.

Ако атеистите доаѓаат да видат како тоа НИЕ верниците размислуваме, ТОГАШ ЗОШТО НЕ ИМ СЕ ДОПАЃА НАШЕТО РАЗМИСЛУВАЊЕ? (не на сите, разбира се).
Инаку може и само верник со верник да се допишува.
Јас сум на форумов со искрена цел да пишувам за она што го верувам. Никого се трудам да не навредам (се извинувам ако тоа се случи/случило), но секогаш сум за ВИСТИНАТА да ја пишувам. Онака како што е запишано во Библијата.

Затоа што и тие се Божји созданија. Бог си ги сака, само што тие тоа сеуште не го знаат (а можат ако сакаат). Е затоа ги гризе совеста.

Верувај ми, и мене ме гризе кога ќе ја оплескам работата!
:smir:
 
Ете тука е проблемот. Верувањето во Бога и верувањето во библијата не е исто. Јас на некој свој начин верувам во Бог, но во ниту еден дел од библијата не верувам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom