Охридската стратегија за туризам?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Да бе стварно, веќе во три теми ги читам КУбалибре. Аман може ли сите кафичи и плажи во Македонијава да имаа патриотски имиња. Би било помалку ретардирано нели, кога вашиот Колосеум би се викал Самуилова тврдина или ете струмичкиот Селект би се викал Кузман Капидан? Сигурна сум дека името Кубалибре е во насока на создавање на психолошка конекција помеѓу охридска плажа и многупоексклузивните карибиски и мексикански плажи. А тука искрено, не гледам што може да се замери. Баш името и оди во прилог на охридската туристичка стратегија.

Македонија е богата со многу многу ама МНОГУ убави зборови кои можат да се употребат за име на дискотека/кафуле/ноќен клуб...

Ама тоа што грам памет немаат и инвентивност нашите „кумови“...тоа е друга работа...

Ксантика(совршено име за плажа), Пантеон, Базилика...и многу многу други поими и називи кои можат да се употребат, а се наши - Македонски!
 
Па, и не звучи толку лошо. Кога во Скопје може да има кафана “Врти-сучи“, може и во Охрид да има плажа “Држ-не дај“.:toe:
 
Македонија е богата со многу многу ама МНОГУ убави зборови кои можат да се употребат за име на дискотека/кафуле/ноќен клуб...

Ама тоа што грам памет немаат и инвентивност нашите „кумови“...тоа е друга работа...

Ксантика(совршено име за плажа), Пантеон, Базилика...и многу многу други поими и називи кои можат да се употребат, а се наши - Македонски!
Си ја сакам Македонија,патриот сум,ама стварно ова со национализмов кај нас зазема загрижувачки размери.
 
Зш не сме ние скопјани, зато.
 
не знам баш дали добро те разбрав али куба либре се викат плажата, а не шанк... и се работит за плажа шо нудит и вечерна забава...:helou:

Е каде е таа плажа бе јован, јас не знам, дај објасни ми.
Може и фантом да ми објасни, кој прв ќе стигне.
 
После мостот Билјанини Извори. Стара Ајван плажа, нова Бафало бич, најнова Куба Либре.
 
Епа пооригинално име од ајван плажа, нема нит vo бафало бич (Бизон плажа) нит во куба либре (коктел од кока кола, рум и лимоно сок).
 
Многу привлечно име, Ајван плажа, повелете, чувствувајте се како дома.
 
ајван беше зш стварно имаше ајвани (коњи, магариња...)...
и така...:kafe:
 
Eпа ај ондак оти сме ние Скопјани, плоштадот Македонија ќе го преименуваме во Пјаца Санто Доминго де ла Луна Маравиљоза. Бива?:jaj:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom