Источно црковно пеење

  • Креатор на темата Креатор на темата simeon
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
410
Dali Istocnoti Crkovno peenje ke moze da pridonese za podobruvanje na duhovniot zivot vo Crkvata, peenjeto e eden vazen segment vo Crkvata, kakovo mislenje imata za Vizantiskoto peene vo Makedonja, peenje koe sto momentalno e vo faza za prosiruvanje niz nasite hramovi. dali ste slusnale takvo peenje i dali vi se dopaga?
 
Кога одам во црква (поретко) сакам да е тишина во неа. Еднаш кога бев во Св. Климент владееше таква убава и моќна тишина да прв пат на памет ми падна зборот -благопријатност. Многу убаво беше чувството. Музиката не е лоша но само за богослужби, кога човек сака да се помоли тишината е најубава музика.
Имаше една прекрасна мелодија на Интермецото на МРТВ во периодот пред 10-20 години, не знам како се вика мелодијата но е прекрасна. Нешто како мелодиите на Ванџелис и хор што пее Алелуја.
 
Се согласувам дека црковното пеење треба да биде по застапено, имам слушано и е премногу добро.
Едноставно те смирува.
Византиското црковно пеење е наше културно богатство и треба да се негува.
 
slusnte Go petros Gaitanos, poznat grcki protopsalt, samo klipot ne vredi za niso.
 
Прекрасно е и треба да се активира во сите Храмови да се пее Византиски (но и Мокрањац не е лошо, супер е), но во СЕКОЈА од песните треба да разбираме што се пее - тоа (разбирањето) овозможува да се молиме потполно! Поавтентично е Византиското пеење.
 
POZDRAV

Од твојот пост тешко може да се одреди за која композиција се работи, но мене м е асоцира на пеењето од Дивна Љубоевиќ, кое е едноставно прекрасно. Таа изведува/пее извадоци од литургијата на црковно словенски јазик и сосема малку на српски. Низ тие кратки пеења се споменува и изразот РИДАНИЕ ТВОЕ. Само што Дивна ги изведува соло речиси сите „парчиња„ а поретко во дво и повеќегласно пеење.

Пријатно поладне.
 
Оф - топик

Ај малку појаснувања за различните типови на пеења, мислам дека е многу поедукативно од сите останати теми за религијата. Ме интересираат разликите во стиловите. Мики1?
 
Музички сум ептен неписмен. Знам само дека традиционалното црковно пеење, пред се, монашкото по мансатирите е примарно византиско пеење, на што сум делумен очевидец и тоа напросто „патосира„, ако се работи за монаси кои веќе стекнале и духовност а не само дар Божји за пеење. Од „српско„ (од периодите од влијанието на СПЦ врз наша почва) останало т.н. пеење по Мокрањац. Но тоа не е никаков хендикет, оти и тоа е одлично. Кај македонските монаси има(ше) иницијатива да се врати визнатиското пеење по македонските манастири. Незнам каква е тековно состојбата.
Од она кое можам да го слушнам како изведба од руските монаси, кај нив е многу-многу поизразен фолклорниот/рускиот начин на изведување/пеење/изразување црковна „литература„ а препознатливото црковно пеење им доаѓа во втор план. Барем за неме лично, и тоа не е некој голем проблем.
На богословкиот факултет во Скопје, тековно се изучува пеењето „по Мокрањац„.
Пеењето „по Мокрањац„ има фолклорни влијанија и е лесно прифатливо за наш менталитет, додека византиското е ептен препознатливо и малку посурово/потуѓо, оти доаѓа од „други„ времиња и секогаш е т.н. „антифоно„ пеење, каде еден или повеќе монаси „држат„ звучна позадина со монотоно пеење а друг монах или монаси го изведуваат текстот од пофалната песна или молитва. Имав кратка можност тоа да го слушнам како снимка на грчки јазик на еден од манастирите од Метеори. Него (византиското) го практикуваат светогорските монаси, оти цела Света Гора живее по византиски принципи, вклучувајчи го и пеењето.
 
Значи византискиот стил на пеење е најстариот стил, а сите понатамошни се варијации кои се менувале со текот на времето и стилот на мелосот на различни региони ("руски", "српски" итн...).

Дали ова важи само за Православното Христијанство, или е заедничко и за Католицизмот?
 
Католиците имаат убави песни, сум гледал документарци за песните пеени од едно француско монашко братство - ги пеат на латински и тоа доста добро звучат.
 
Значи византискиот стил на пеење е најстариот стил, а сите понатамошни се варијации кои се менувале со текот на времето и стилот на мелосот на различни региони ("руски", "српски" итн...).

Дали ова важи само за Православното Христијанство, или е заедничко и за Католицизмот?


Да, може да се каже така, Оти, како веќе реков, византиското делува помалку туѓо и не „асоцира„ на тоа дека се работи за „производ „ од „словенско потекло„ пошто словените во тоа време сеуште се пагани. Тоа што делува туѓо незначи дека е лошо. туку е потребно малку време за да може увото да се навикне на тој „саунд„. А црковно-словенското пеење е блиско до менталитетот од словенските народи.
Што се однесува до римокатолиците, од она малку што го имам слушнато, звучи многу прифатливо, дури би рекол дека и кај нив, во нивното пеење, може да се забележи и одредена доза од смирение. Мислам пред се на вокалните изведби без оние звучни „додатоци„ од оргули и слични римокатолички новотарии, непознати во православната Црква, која познава само пеење без инструментална позадина. Пошто римокатолицизмот е изразито авторитарна заедница, со папската „безгрешност„ не верувам дека во нивното пеење може да се појават регионални варијанти. Латинскиот јазик таму е доминантен, за разлика од правосалвните помесни цркви, кои своите богослужби и пеење можат да ги изведуваат на својот јазик.
 
Се согласувам дека црковното пеење треба да биде по застапено, имам слушано и е премногу добро.
Едноставно те смирува.
Византиското црковно пеење е наше културно богатство и треба да се негува.

Според ова и останатите одговори, се заклучува дека византискиот стил е најкарактеристичен за просторите на Македонија
 
Според ова и останатите одговори, се заклучува дека византискиот стил е најкарактеристичен за просторите на Македонија


Може да се каже така. Македонија е наследник на дел од византиската култура, на делот од денешнава македонска територија. Пеењето „по Мокрањац„ нема традиција подолга од некои 100 г. А Црква овде имаме од раниот 10-ти век, од Климент и Наум. Во тоа време и подоцна, пред српските влијанија, јасно е дека бил застапен и практикуван византисикиот начин на изведување црковна музика.
Денешните грци токму тоа и го практикуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom