Музички сум ептен неписмен. Знам само дека традиционалното црковно пеење, пред се, монашкото по мансатирите е примарно византиско пеење, на што сум делумен очевидец и тоа напросто „патосира„, ако се работи за монаси кои веќе стекнале и духовност а не само дар Божји за пеење. Од „српско„ (од периодите од влијанието на СПЦ врз наша почва) останало т.н. пеење по Мокрањац. Но тоа не е никаков хендикет, оти и тоа е одлично. Кај македонските монаси има(ше) иницијатива да се врати визнатиското пеење по македонските манастири. Незнам каква е тековно состојбата.
Од она кое можам да го слушнам како изведба од руските монаси, кај нив е многу-многу поизразен фолклорниот/рускиот начин на изведување/пеење/изразување црковна „литература„ а препознатливото црковно пеење им доаѓа во втор план. Барем за неме лично, и тоа не е некој голем проблем.
На богословкиот факултет во Скопје, тековно се изучува пеењето „по Мокрањац„.
Пеењето „по Мокрањац„ има фолклорни влијанија и е лесно прифатливо за наш менталитет, додека византиското е ептен препознатливо и малку посурово/потуѓо, оти доаѓа од „други„ времиња и секогаш е т.н. „антифоно„ пеење, каде еден или повеќе монаси „држат„ звучна позадина со монотоно пеење а друг монах или монаси го изведуваат текстот од пофалната песна или молитва. Имав кратка можност тоа да го слушнам како снимка на грчки јазик на еден од манастирите од Метеори. Него (византиското) го практикуваат светогорските монаси, оти цела Света Гора живее по византиски принципи, вклучувајчи го и пеењето.