Денес гледајќи ги веќе истите вести кои ни се вртат деноноќно случајно налетав на изјавата на Лицето (гуруто на новите Сонца?!). Човеков онака ничем изазван лупна една, јали глупост, јали непромислена изјава. Чоеков онака ладно на прашање одговори дека се слага со промена за меѓународна употреба. Поточно дека тоа бил т.н. ,,компромис,,?!
Притоа не прецизирајќи за каква меѓународна употреба. Да не е за онаа употреба која веќе неколку месеци ја бајат Караманлис и Бакојани?! Т.н. употреба erga omnes. Или во превод за целата меѓународна употреба? Не прецизирајќи што мисли човеков за билатералните признавања од над 120 држави? И се прашувам дали е ова само една ,,несреќна,, изјава, или е континуитетот во спуштањето на т.н. црвена линија, т.е. секојдневното рушење на Македонските позиции со вакви изјави?! Дали константно со ваквите изјави кои веќе ми се симптоматични, се кокетира кон некој и нешто?
А знаеме каков е на давање на ,,патриотски,, изјави од типот на октоподи, и ,,мај нејм...тхе нејм оф мај кантри....,,