Сликички животинско царство

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Јас кооонеечно го добив пакетот, ништо посебно ама му се радував како да има милион чоколатца:)
А го немам новиот албум ама имам повеќе од 20 нови сликички:)
 
Со размената што ја договорив за утре ќе ми фалат уште само 3 сликички.
Инаку една жена од Ченто е првата колекционерка што го собра новиот албум. Мрзите од Краш-Скопје и дале од старите пакетчиња :violent1:
И и кажале дека за 2-3 месеци ќе имаат од новите пакетчкиња.
 
Јас не собирам, ама едни роднини мои собраа од Краш од тие.Да ви кажам само, џабе ќе собирате ако ги даваат уште истите пакети.Неколку чоколатца имаше, 2 Дорини и уште некои џиџи миџи, се на се 3пати помалку во вредност отколку што ќе потрошите да го соберете.Освен ако не го сметате како колекционерска вредност, па да собирате чисто од ќеиф:)
 
Како мал кога бев, моите купуваа чоколадца и демек мене ми се свиѓаат они уствари купуваа да собираат сликички. После пораснав и им пропадна финтата.
 
Животинско царство најскапо чоколадо ever. :)
Имам собирано од албумот, тој претходниот, кој веќе не е во функција, ама оддамна немам залепено сликичка.
 
Пред некој ден ми стигна пакетчето од животинско царство ама многу мало бе :cry:
Скржави овие од Краш, па барем бајадера да ставија :vozbud:, ама ништо

Сега новиот албум ќе си го купам и собирам :)
 
Витаминка имаа собирање сликички ама ЈУРА (со дражеи, бонбончиња слични на m&m).
Животинско царство најскапо чоколадо ever. :)
Имам собирано од албумот, тој претходниот, кој веќе не е во функција, ама оддамна немам залепено сликичка.
Кажи кој е филингот кога залепуваш сликичка. Посебно кога стигнаш при крајот кога секоја нова сликичка предизвикува еуфорија.
 
Каде е можно да се најде тоа чоколадо по продавници го нема???:toe:
 
Каде е можно да се најде тоа чоколадо по продавници го нема???:toe:
Го има во сите поголеми маркети. Еве и кај мене во село го има во Хедисот.

Туку сакав нешто друго да кажам:
ZivotinskoCarstvoM.jpg


Или со зборови: собран цел албум :je: :je: :je:
 
Или со зборови: собран цел албум
Браво браво секоја чест. како само успевате толку брзо да ги соберете сликичкиве. :)
Јас се убивам од купување на животинско царство (имам две мали гремлинчиња :) ) ама едвај успеав првиот албум да го комплетирам на време. А со вториов не сме ни до третина стигнати со еден куп дупликати.:kesa:
А да пакетот односно малото пакетченце беше ужасно сиромашно. Пола пакетче е новиот албум.
Стариот албум повеќе ми се допаѓа поради моментот на боенките околу секоја сликичка. Ќерка ми направи прекрасни шарени животни средини за животинчињата .

ПС. Кога ќе стигнам при крај да се договориме за размена на сликички. Моит? :smir:
 
Браво браво секоја чест. како само успевате толку брзо да ги соберете сликичкиве. :)

ПС. Кога ќе стигнам при крај да се договориме за размена на сликички. Моит? :smir:
За првото голема благодарност до Горан Шлакески, креаторот на www.slikicki.com сајт којшто во недела беше префрлен на 2.0 верзија од своето постоење.

За размена на сликичи немојт бидејќи скапо хоби се ова животинско царство сликичките и не планирам втор албум да собирам. Но, може да ти дадам нешто од моите дупликати, мислам дека ми останаа уште 80тина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom